Број 3117  сабота, 24 октомври 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика
„Бучим“ ќе ги прочистува загадените води

Проекти за заштита на водите и човековата околина се реализирани во пет европски држави

Иван Бојаџиски


ШТИП - Во „Бучим“ кај Радовиш почнаа работите за прочистување на сите води што се загадуваат од историскиот тридецениски отпад складиран во близина на рудникот за бакар. Проектот вреден 1,5 милион евра го имплементира УНДП, при што еден милион евра во вид на техничка помош ги обезбедува владата на Холандија, а половина милион евра се влог на рудникот „Бучим“. На пригодна церемонија почетокот на работите беше одбележан со потпишување договор помеѓу УНДП, „Бучим“ и изведувачот на работите гевгелиската фирма „Еуролинк“.

„Проектот обезбедува водите од Јасенов Дол и од бучимско езеро да се враќаат во хидројаловиштето и оттаму целосно прочистени да го продолжат својот тек преку Тополничка Река во реката Лакавица. Наша идеја е во догледно време, доколку анализите што ќе ги работиме покажат дека во овие води се содржани вредни компоненти што гарантираат исплатливост, да ги насочиме во флотацијата. На тој начин целиот систем, кој инаку ќе троши значајни количини електрична енергија, може да се доведе до состојба на самоодржливост“, објаснува Николајчо Николов, заменик-генерален директор на „Бучим“.

Владимир Ставриќ од УНДП потенцира дека во случајов се работи за проект кој оваа организација го имплементира во Македонија во активниот рудник „Бучим“ и во напуштениот рудник „Лојане“. Вакви проекти за заштита на водите и човековата околина УНДП реализирала во вкупно пет европски држави.

„Со реализација на проектот во ’Бучим‘ се обезбедува заштита на сите води кои на подрачјето се загадуваат од историскиот отпад. Но, се обезбедува и заштита на селото Тополница од правот од хидројаловиштето. Од еколошки аспект, оваа инвестиција обезбедува целосна заштита на животната околина како во реонот на рудникот, така и на пошироката околина“, потенцира Ставриќ.

„Еуролинк“ има обврска работата на поставување на цевководот преку кој водите од спомнатите реки ќе се враќаат во хидројаловиштето да ја заврши до крајот на февруари идната година.

Дејан Мираковски, професор на Институтот за рударство, што работи во рамките на штипскиот Факултет за природно-технички науки, е главен консултант на проектот на УНДП. Тој вели дека станува збор за проект што е во рамките на проектите за самоодржливост на системите за пречистување и управување со води кои се загадени од рудниците.

„Се работи за исклучително значаен проект за заштита на водите и животната средина, работа на која во светот се посветува се' поголемо внимание. За очекување е ова што сега се работи во радовишкиот рудник да биде силен импулс и на други рудници не само во Македонија, на еден вака квалитетен начин кој има и еколошка, но и економска оправданост да ги решаваат прашањата од аспект на заштитата на човековата околина“, вели Мираковски.

„Бучим“ е рудник што посветува исклучително внимание на заштитата на животната средина. На неактивниот простор од хидројаловиштето продолжуваат работите на пошумување. Досега на 20 хектари ваква површина се засадени 45.000 дрвца багрем и чемпрес кои се најдобра брана за правот што го разнесуваше ветерот низ околината на хидројаловиштето.


#
Статијата е прочитана 499 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Политика
Студентите добија лидер
Жешки обвинувања за депонијата „Русино“
Има надеж за заедничко решение
Спокојството веќе не живее во МАНУ
Коњановски во посета на Авганистан
Кампања за убедување за ХПВ-вакцините
Пет илјади починати од свински грип