Број 3310  петок, 18 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter

Безжично сурфање низ поплавено Огњанци

Интернетот, според селаните, сепак, не е п��приоритетен од водата за пиење во ова село

Миркица Поповиќ



Жителите на скопското село Огњанци веќе можат да сурфаат на безжичен Интернет. Малку да сменат, бидејќи веќе не им е интересно цело време да сурфаат низ поплавеното село. Огњанци до вчера беше само мешано село со околу 1.000 жители, со еден асфалтиран пат, по кој искуството е можеби и подобро од релито „Париз - Дакар“, без канализација, без водовод, но со главна селска чешма, од каде што жителите веслаат со шишиња вода до дома. Од денес селото со безжичен Интернет станува необично.

Огњанци е дел од 680 локации вклучени во проектот на Министерството за информатика за поставување Интернет-киосци, кои ќе зрачат бесплатен безжичен Интернет. Сега пред подрачното училиште, кое пред 4 години е реновирано и добило грееење и хидрофор за снабдување со вода, има Интернет-киоск каде што дечињата од селото ќе се туркаат и ќе ги поминуваат своите слободни денови од распустот. Дали игралиштето во незаграденото училиште ќе го напуштат за мониторот, останува да се види.

Досега се инсталирани 150 Интернет-киосци, а во следните 90 дена, како што информираше министерот за информатика, Иво Ивановски, ќе бидат инсталирани и останатите. Во следните четири години жителите ќе може да го користат безжичниот Интернет бесплатно, дали преку киоскот или преку сопствените компјутери, бидејќи сигналот зрачи на 250 метри, а потоа тој останува во сопственост на комерцијалните оператори што ќе стопанисуваат со киосците на економска основа. Државната инвестиција чини 2,5 милиони евра, а главната цел е да се намали маргинализацијата на руралните средини во споредба со урбаните.

Во Огњанци никој не се противи на Интернет-киоскот. Но, не им е приоритет. Селаните велат дека имаат компјутери, некои од нив дури и Интернет. „Нас не ни треба безжичен Интернет. Се давиме во вода од поплавите, а, сепак, немаме чиста вода за пиење“, вели еден од нив, посматрајќи го свеченото отворање на Интернет-киоскот. Велат дека водата им мириса на тиња. Ако имаат хидрофори, пумпи за вода, ги користат нив. Оние, пак, што немаат вода, полнат од селската чешма. Водовод нема, иако биле донесени потребните делови и цевки од пред 4 години.

Селото е во тажна слика, потонато во вода. Поради завчерашниот дожд, повторно е поплавен дел од селото. Училиштето и игралиштето не се заградени со ограда, па не ретко трчајќи по топка некое дете се сопнува и паѓа во каналите со отпадна вода.

Селаните се жалат дека во ерата на Интернет-технологија, се' повеќе се отсечени од светот. Од скоро им ги намалиле редовните автобуски линии, па сега се среќни ако начекаат автобус на 2 часа. Освен главниот пат што води до училиштето, сите други патчиња во селото се правливи, неасфалтирани. „Само голтаме прашина. Ќе рече некој село, почист воздух, но ние не можеме ни да седиме да уживаме во двор поради прашината“, велат селаните.

Покрај проблемите со водата, не им е најсјајна ни ситуацијата со струјата. Имаат две трафостаници и безброј проблеми со струјата. Често се случува да падне струјата, а особено ослабнува кога е облачно и во зима.

Секојдневно стравуваат дека селото ќе го збрише поплава, бидејќи насипот од Таор до Идризово, кој ја штити целата скопска околина, постојано се поткопува и се намалува, без кој било да внимава на тоа и да преземе мерки. Поплавите им се веќе секојдневнје. Годинешните им уништија 50 отсто од нивите посеани со жито и со детелина. Покрај поплавените ниви, патот крај нив е непристапен за тракторите поради задржаната вода. За работите да бидат уште полоши, покрај нивите со жито, веднаш зад куќите на неколкумина селани, има дива депонија, за која со години никој не се погрижил да ја исчисти.

По еден час под сенка покрај училиштето во Огњанци замина министерот Ивановски, оставајќи ги зад себе во прашина селаните изгорени од сонцето. Го погледнуваат службеното возило со индиферентен, изморен поглед. Изморени се од ваквите посети со ветувања за светла иднина. Можеби еден ден, во некоја европска иднина, ќе седнат да ги продаваат своите производи преку Интернет, токму така како што се надева министерот. Засега нема да им падне лошо, конечно, да добијат пивка вода, која нема да мириса на тиња.


#
Статијата е прочитана 1482 пати.

Испрати коментар

Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 18.06.2010 08:14:01
Може владата во напливот на патриотизан и интернет бизнис и епп, да го покрие со сигнал и цело Мариово.Ќе препорачаат и правење на деца преку интернет. Камо инфраструктура за да народот може да постои и опстои?Ова ми личи на зафрканција со луѓето.
Од: no name
Датум: 18.06.2010 09:55:25
Македонија земја на апсурди и глупости
Од: bugav lebac
Датум: 18.06.2010 10:23:57
Selo gori-baba se cesla.
Од: Деда Џоше од Мартиницу
Датум: 18.06.2010 10:30:32
Aу и у нашу Мартиницу интернец какој сав нормалан свет с`с калдрму и без пијаќу воду !И у М`рморник ќе се чудив на овуј миракул ,а полски радови ќе почекав к`д доѓе вода.С`г моја баба Митра ќе отворив профил а ја анфас ,и ќе ловиме пријатељи по бели свет ,моја баба неки Џо из Америке с`с каубојска паларија,а ја нека Гертруда из Њемачке с`с пекинезера на рамце и тој 24/7 у недељу. Само да нејесам завидан какој Онур на Шехерезад ,па да бидне куршлус по старе д`не.Доста више ги олајаваме комшије пред коперацију ,с`г имаме паметнија посла.Ми што не знаеме „англиш„ може да не подучив Делчевски куќепазитељ школски, кој плови по бели свет ,а кој иште да учив за даскал нека купи карта у Скај Вингс АБ-Шутка а,брица ќе ги обрија за 100 еура. А нова Зона2 за шарене Милке ,ќе почекав! Какој што каза министар без реЗон Веле СамРак да почне инвестициски циРкус.За то време ја и моја баба ќе дојдеме у ретро Слопље да попијеме по едно каФучино и пред кипове„ да се наоружаме „с`с психичка стабилност..
Од: Милан
Датум: 18.06.2010 10:56:21
Internetot po selata i kompjuterite po ucilistata se tezok biznis. Od toa nekoj zema debela provizija. Za pari se raboti. Narodot neka placa. Ke gi prejdeme site razvieni zemji , ama ke jademe leb i sol. Neka ni e na zdravje.
Од: јас
Датум: 18.06.2010 11:15:16
А зашто министерчево не им донело и некој „патриотски “ споменик за сред село???Така изморените, правливи и жедни селани , ќе можеле да извикаат некоја патриотска песна пред споменикот , па после да одат да сурфаат на интернет ..Да видат кутрите како живее светот во 21 век со пивка вода, непрекината ел.струја , асвалтирани патишта ......Вака само го виделе како си влегува во климатизираниот службен автомобил и си оди во климатизираната канцеларија , каде секогаш има ладна пивка вода ( и не само тоа ) ...
Од: 2014 Δ.п.н.е.
Датум: 18.06.2010 11:37:24
Молчи и Пливај!
Од: Vesna
Датум: 18.06.2010 15:37:40
Informatika, monitoring..., Nisto. Dali voopsto nekoj moze i da doznae denovive za ekoloskata situacija vo Makedonija... Nikakvi meteoroloski podatoci niedna sostohba. Ministerstvoto za ekologija mozebi e na odmor, ili site se slobodni. Sakate prognoza? odete na stranskite internet stranici, nasata ne raboti so denovi!!!

Најди! во Утрински
Насловна
Стомачните инфекции ги кутнаа децата
Тиквешански
Груевски пишува нова историја
Лекција на понизност од земјата на скијачите
Косово трага по четириесетина мртви во Македонија
Записите како наjголем бизнис
Георгиевски ја раскажа својата приказна
Парите и тактиките го убија фудбалот
Идната недела пад на температурата за 15 степени
Фудбалска депресија
Македонија ќе се приклучи кон „Јужен поток“
Србија на се' или ништо против Германија
Утрински поглед во огледалото
Тактичка стапица на Уругвај
Грците во Битола само по бензин, друго не купуваат
Безбедносна стратегија за 21 век
Медиумите на отстрел
Ненадминлив шмек на искусниот морски волк
Фудбалски патрдии
Идолизиран бунтовник со причина