22 Идеи пред интереси
Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
29.04.2012, 17:00

Меридијани

Идеи пред интереси

Дани Родрик

Најчестата теорија во политиката е и наједноставна: моќните го добиваат тоа што го сакаат. Финансиската контрола е поттикната од интересите на банките, здравствената политика од интересите на осигурителните компании, а даночната политика од интересите на богатите. Оние кои најмногу можат да влијаат на владата - преку нивна контрола врз ресурсите, информациите, пристапот или едноставно со закана со насилство - на крајот го наоѓаат својот пат.

Исто е и на глобално ниво. Надворешната политика е дефинирана, како што се вели, пред се', од националните интереси - не е приврзана на други земји или загриженоста за глобалната заедница. Меѓународните договори се невозможни доколку не се усогласени со интересите на САД и, се' повеќе, со други големи сили во подем. Во авторитарните режими, политиката е директен израз на интересите на владетелот и неговите пријатели.

Тоа е интересна сторија, таква со која можеме лесно да објасниме како политиката толку често генерира изопачени резултати. Без разлика дали тоа е во една демократија, диктатура, или на меѓународна сцена, овие резултати ги рефлектираат капацитетите на тесните, посебни интереси за постигнување резултати кои се на штета на мнозинството.

Сепак, ова објаснување е далеку од целосно и често е погрешно. Интересите не се фиксни или предодредени. Тие самите се формирани од идеи - верувања за тоа кои сме, што се обидуваме да се постигнеме, и како функционира светот. Нашите перцепции на личните интереси секогаш се филтрирани низ призмата на идеите.

Самиот факт дека сопствениците на компанијата се заинтересирани за сопствените интереси ни кажува која од овие стратегии ќе биде следена. Она што на крајот го одредува изборот на фирмата е всушност цела серија субјективни проценки на веројатноста на различни сценарија, заедно со калкулацијата за нивните трошоци и придобивки.

Исто така, замислете дека сте деспотски владетел на сиромашна земја. Кој е најдобриот начин да ја сочувате власта и да спречите внатрешни и надворешни закани? Дали ќе градите силна, извозно ориентирана економија? Или пак ќе се свртите кон внатре и ќе ги наградите вашите воени и други пријатели, на штета на речиси сите други? Авторитарни владетели во Источна Азија ја прифатија првата стратегија; нивните колеги на Блискиот Исток, се одлучија за втората. Тие имаат различни замисли за тоа каде лежат нивните интереси.

Или пак, обрнете внимание на улогата на Кина во глобалната економија. Како што Кина станува голема сила, нејзините лидери ќе треба да одлучат каков меѓународниот систем сакаат. Можеби ќе се одлучат да се развиваат и да го зајакнат постоечкиот мултилатерален режим, кој добро им служеше во минатото. Но, можеби тие би преферирале билатерални, ад-хок односи кои ќе им овозможат да извлечат поголема корист во нивните трансакции со одредени земји. Не можеме да го предвидиме обликот што глобалната економија ќе го добие само од забелешката дека Кина и нејзините интереси ќе станат поголеми.

Би можеле да наведеме безброј такви примери. Дали германската канцеларка Ангела Меркел најдобро им служеше на домашните политички интереси со наметнување на строгите мерки за штедење на Грција, по цена на друго преструктуирање на долг или пак со олеснување на нивните услови, кои би можеле да и' дадат на Грција шанса да ја надмине својата должничка криза? Дали американските интереси во Светската банка се најдобро бранети со директно номинирање на Американец или со соработка со други земји да се избере најсоодветниот кандидат, Американец или не?

Фактот дека толку енергично дебатираме за таквите прашања сугерира дека имаме различни сфаќања за тоа каде лежат личните интереси. Нашите интереси се всушност заложници на нашите идеи.

Џон Кејнс во една пригода има кажано дека „дури и најпрактичниот човек во бизнисот вообичаено е роб на идеи на некој одамна починат економист“. Тој веројатно не го кажа тоа доволно силно.

(Авторот е професор по меѓународна политичка економија на Универзитетот Харвард и пишува за „Проект синдикејт“. „Утрински весник“ е дел од мрежата на „Проект синдикејт“.)



Статијата е прочитана  пати.


Испрати коментар

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
  


Site Meter


Време
Скопје, 29°C

Ведро

Вторник
Делумно облачно
Макс: 29°C, Мин: 13°C

Среда
Локални грмотевици
Макс: 30°C, Мин: 12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
(ИНТЕРВЈУ) Мајсторството во сликарството секогаш подразбира истражување
Академскиот сликар Борис Петров презентирал на 23 самостојни изложби во земјава и во странство и на многубројни групни п...
Научниците ја открија планетата на Ајнштајн
Специјалната теорија за релативитетот на Ајнштајн се покажа покорисна од кога и да е, бидејќи научниците со нејзина помо...
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |