Број 3105  четврток, 08 октомври 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Култура

Култура

Кокино во оган меѓу астрономите и археолозите

Археолозите ги отфрлаат тврдењата за постоење посебна култура Кокино

Катерина Богоева

Археолозите од земјава обединети во Македонското археолошко научно друштво - МАНД преку текстот под наслов „Нестручни, некомпетентни и недобронамерни упади во археологијата“ и вишиот кустос- археолог, директор на Н.У. Музеј - Куманово и раководителот на археолошките истражувања на локалитетот Кокино, Јовица Станковски со текстот „Паушални оценки за Кокино“ , на 6 октомври, објавени во рубриката Писма на „Утрински весник“ реагираа на минатонеделните сознанија од астрономот Ѓоре Ценев за постоење на посебна културна група, т.н Кокино култура на широкиот просторот околу потврдената мегалитска опсерваторија и археолошки локалитет Кокино. Таму астрономот во изминатите два месеца, со истражувачки тим утврди и го презентираше постоењето на девет регионални и две локални светилишта, без да се повика на археолошки сознанија, изнесувајќи само дека на потегот меѓу реките Пчиња и Крива река има десеттина археолошки локалитети од бронзеното време. И по објавените писма, Ценев стои на својот став дека на истражуваниот, од негова страна потег во североисточниот дел на Македонија, постоела посебна културна група и дека за тој заклучок му се доволни астрономските резултати. „Очекував реакции, но не баш такви, очигледно археолозите не ги разбрале работите. Тие сеуште не ја знаат научната аргументација, методите по кои работев, бидејќи на прес - конференцијата ги презентирав само крајните резултати. За мене е апсурдно да се верува дека некогашните жители на тој простор, кои ја направиле мегалитската опсерваторија не припаѓале на посебна култура. Секоја наука, а во случајот астрономијата може да даде докази за посебноста на одредена културна група, а јас во утврдувањето на Кокино културата не користев археолошка, туку астрономска методологија на истражување со која и ја открив мрежата на светилишта на врвовите на планините околу Кокино“изјави вчера Ѓоре Ценев.

За тоа, што всушност се подразбира под поимот културна група и како се доаѓа до негово конечно научно дефинирање и колку астрономот Ѓоре Ценев е во право, вчера своите мислења ги изнесоа и археолозите Гоце Наумов, Силвана Блажевска и Драги Митревски.

„Обидот да се презентира културна група и тоа во склоп на прес конференција за медиуми е далеку од сериозен. Постоењето на културна група е научна конвенција која пред се', се темели врз обележјата на материјалната култура (садови, накит, фигурини, оружје итн.) произведена или користена од страна на една или повеќе популации во одреден регион. Дефинирањето на една културна група е завршна фаза од мошне долг процес, во кого се вклучени бројни истражувања од повеќе екипи (истражувачи), публикување и верификување на добиените сознанија врзани за локалитетите кои би и? припаѓале на таа културна група, како и усогласувањето на најспецифичните карактеристики на оваа група и тоа од страна на повеќе етаблирани истражувачи, во рамки на неколку домашни или меѓународни институции. Историјата на македонската археологија (особено предисторијата), познава утврдување на неколку културни групи за кои биле неопходни повеќе години за нивно дефинирање, афирмирање и постојано ревидирање.Секој обид да се предложи постоење културна група треба да се поздрави и понатамошно да се проверува и потврдува, но презентирањето на дефинирана културна група врз основа на нестабилни, непроверени и дискутабилни сознанија и податоци, во секој случај треба да се избегнува“, изјави Гоце Наумов, кому праисторијата му е долгогодишен предизвик за истражување.

Откако ќе се проучат сите аспекти на материјалната култура на една заедница, откако таа материјална култура ќе се дефинира просторно и временски, ќе се издвојат нејзините специфики кои ја чинат единствена и препознатлива, откако ќе се согледаат меѓусебните релации со други култури, тогаш може да се зборува за посебна култура или културна група. Воедно, определувањето на посебна културна група треба да е поткрепено со аргументи и научно издржано, а тоа е работа на археолозите.

Господинот Ценев не е археолог и нема никакви познавања од методологијата на теренските истражувања, ниту од методологијата на научна обработка на археолошкиот материјал. Тоа значи дека нема минимум знаење, ниту претстава за времето за кое зборува, ниту за карактерот на материјалната култура откриена на локалитетот Кокино, за да може да изнесува вакви тези и уште повеќе, да зборува за тоа од каде и какви влијанија се присутни. Она што го кажува е смешно за секој кој има барем малку познавања од археологија. Често пати, археологијата и предметите кои таа ги проучува се погрешно толкувани во јавноста во разни цели. Не треба да дозволиме целосна девалвација, особено што во државава има научници кои сериозно си ја вршат својата работа. Тие се оние кои треба културно да го определат Кокино, а не сензационалисти од секаков вид. Со ова само се прави штета на самиот локалитет, на целокупната археологија и научната мисла во Македонија, се дезинформира јавноста, а изнесување на вакви тврдења надвор од земјава ќе служат само за потсмев“- предупредува Силвана Блажевска, директор на археолошкиот локалитет Стоби.

Археолог, професор на Институтот за историја на уметност со археологија, Драги Митревски смета дека станува збор за вулгаризација на археолошката наука.

„Само со археолошки методи може да се дефинира постоењето на културната група, кога ќе се одговори на прашањата кое население и кога на одредена територија вршело одредени активности. Откриените светилишта треба да бидат со археолошки методи и со пронајдени остатоци верификувани како такви, се друго се приказни кои сега често се раскажуваат во Македонија. За да се определи посебна културна група потребно е еден век истражувања. Ние и за Кокино како локалитет кој неколку години се истражува, сеуште не сме сигурни што всушност претставувал. Најмногу елементи има дека бил светилиште, откриени се археолошки наоди кои говорат за активности од бронзено време, но долгорочно треба да се истражува за да се утврди кој и кога таму живеел , во рамки на која култура и какви релации имал со останатите. Тврдењата треба да бидат проверливи, презентирани пред археолошката научна јавност за да бидат верификувани како сериозни, а вака се вулгаризираат досега откриените вредности на Кокино и пред светот, пред туристите, а тоа е недопустливо“.


#
Статијата е прочитана 1249 пати.

Испрати коментар

Од: trpe original
Датум: 08.10.2009 01:01:11
pukna tikvata!Namesto sekoj da si ja gleda svojata rabota, se mesaat babi i zabi. A lokalitetot e bez obezbeduvanje, bez tabli, bez pateki... Taka e sekade niz Makedonija, pogledne go samo Plaosnik i Samoilovata tvrdina. Sto ima napisano za dupkite?
Од: gordana janakievska
Датум: 08.10.2009 09:01:22
едно од најпознатите мегалити во англија нема архелошки откритија па е сепак културен предел, не мислите ли Вие научници дека сте премногу смознајци и никој освен Вас ништо незнае, колку ми е мене поѕнато Ценев со свој научен труд е повикан во Венеција, а да живее во некоја друга држава неговите научни дела ќе ги ценевте со завист9801
Од: Ајван Доктор®
Датум: 08.10.2009 09:53:50
Приказната најубаво би завршила, кога Археолозите би утврдиле Нова македонска планета во соѕвездието Орион, со помош на археологијата! Така ќе му дадат на знаење на Ѓоре дека мешањето Баби со Жаби, во сад со портокалова боја, е исто со дијагнозата на Болест која ви ја дал некој Вратар во болница! Ова е дното на ширење на ненаучни догми од страна на некомпетентни антички, праисториски, преамебовски македонци, кои оставаат трајни лузни во науката!

Најди! во Утрински
Култура
Промовиран „Јавнопис“ од академик Гане Тодоровски
Кица Колбе ќе потпишува книги во „Табернакул“
Промоција на Европската библиотека
Филмот „Ханами“ како симбол за потрагата и траењето
Букеровата награда доделена на Хилари Мантел
Книжевна вечер во „Магор“
Ристо Лазаров на поетска вечер во Стразбур