Брoj 2814  петок, 17 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија
Балканските медиуми за годишнината од погибијата



„ГЛАС ЈАВНОСТИ“

Незаборавен миленик на публиката

„Ни по една година од погибелот, речиси и не минува седмица, а некој од овдешните медиуми да не се сети на ова момче, за кое со право може да се каже дека е еден од најомилените пејачи на забавна музика на просторите на цела Југославија. Го нарекуваа принц на балканскиот поп затоа што беше еден од ретките пејачи кои по војните во деведесеттите години успеа да ги премине новонастанатите државни граници“.



„Т-ПОРТАЛ“

Балкански музички Џемс Дин

„Фановите можеби имаат и цедеа и МП3, но вистинската трагедија лежи во тоа што Тоше веќе никогаш повеќе нема да може да го работи она што најмногу и искрено го сакаше. Микрофонот остана осамен, а модерниот Балкан и понатаму чека на достојна замена“, констатира хрватскиот tportal.com, кој македонската ѕвезда ја опишува како еден од феномените на транзицијата, споредувајќи го со „балкански Џемс Дин и Елвис“.



„ВЕЧЕРЊИ ЛИСТ“

Тоше Проески како Елвис Присли

„Животот на македонскиот славеј беше трагично прекинат на 16 октомври 2007 година, но неговата популарност ни малку не слабее во регионот. Песните на Тоше по неговата смрт се уште попопуларни, а иста е ситуацијата и со неодамна починатиот хрватски крал на фанкот Дино Дворник. Оттука се наметнува прашањето дали нивната популарност би била со истиот жар ако судбинските карти поинаку им се сложеа и ги оставија на овој свет. „Тоше Проески беше ѕвезда и пред своето прерано заминување. Она што се случи, всушност, ни скрати уште којзнае колку прекрасни музички моменти. Во светот тоа е веќе видено. Сетете се на Елвис“, вели композиторот Мирослав Рус.



„КУРИР“

Ќе го помниме по детската искреност

„Неговиот ангелски лик и благородно срце ни за момент не избледоа иако мина цела година од страшната вест која ја погоди јавноста. Момчето Македонче повеќе не е меѓу нас, а тоа некои во бол, јад и море на тага се обидоа да го ублажат со фактот дека пејачот е среќен таму горе зашто многу го сакаше Господ. Верата беше една од најголемите негови љубови“, пишува српски „Курир“, констатирајќи дека Тоше ќе остане запаметен по безбројните хуманитарни концерти, многуте хитови, а пред се' по детската искреност.



„24 ЧАСА“

Културна икона

„Од тој 16 октомври 2007 Проески веќе го нема, но сеќавањето на него се' уште е силно. Неговите обожаватели, пријатели и семејство се погрижија се' у��те да се споменува, па понекогаш може да се добие впечаток и дека се' уште е тука. Фактот дека трагично загина на врвот направи од него уште поголема ѕвезда отколку што можеби беше пред смртта. Претворен е во своевидна културна икона на овие простори, слично како што се случи и со Џемс Дин“.


Статијата е прочитана 2258 пати.

Испрати коментар

Од: Trendy
Датум: 17.10.2008 08:24:30
Jas mislam deka Tose bese eden i edinstven i ne treba da se sporeduva so nikoj drug, zatoa sto ne mu se dostojni. Tie site bile zvezdi, no imale brojni poroci koi sto dovele i do nivnata smrt, dodeka Tose za razlika bese cist kako solza i zatoa go sakaa bukvalno SITE od 2 do 102 godini, i pokraj toa stori mnooogu dobri dela - humanitarni.
Од: goca
Датум: 17.10.2008 10:38:36
trendy potpolno se slozuvam so tebe
Од: taci
Датум: 17.10.2008 11:19:59
Energijata sto ja poseduvase,detskata nonshalantnost i pred se iskrenata ljubov kon muzikata se obelezja sto go simboliziraat fenomenot Tose.
Од: nikola od pariz
Датум: 17.10.2008 12:40:41
Bez razlika sto sum tolku mnogu daleku ja cuvstvuvam ogromnata biolka i jas! ne mozam da prodolzam so sekojdnevnite obvrski bez da pomislam na Tose i na predhodniot den pred edna godina kako ja primiv teskata i tazna vest za zaginuvanjeto na Tose! SLAVA MU VOZNESUVAME I MIRNA MU DUSA!!! Tose pocivaj vo mir i bidi blagosloven za site dobri dela koi sto gi napravi na ovoj ZMZN SVET!!!! Socuvstvo do site koi go pocituvaat deloto i likot na Tose!!!! Osobena povit i socuvstvo do semejstvoto PROSKI!!!! Nikola KOLESKI

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Плоштадот во Скопје потопен во солзи
Џамбо-плакати на Тоше осамнаа во Загреб
Непресушна тага по Тоше
Иконостасот за манастирот на Тоше ќе тргне за Крушево во април
Маратонците тргнаа во 6,20 часот од Нова Градишка
Ѕвездени моменти низ фотографии
За битолчани Тоше има само датум на раѓање