Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Хроника
09.08.2012, 17:28

Патот Кавадарци - Ресава ги зеде првите жртви

КАВАДАРЦИ - Со реконструкцијата на патот, кој го поврзува Кавадарци со Тиквешкото Езеро, возачите се охрабрија да возат со многу поголема брзина, бидејќи новиот слој на асфалт го дозволува тоа. Поради неприспособена брзина се случија и неколку сообраќајни несреќи во кои има и загинати. Од тие причини, локалната самоуправа апелира до возачите по шест километри долгиот пат Кавадарци - Ресава многу поодговорно да се однесуваат при управувањето со моторните возила.

„Забележливо е дека дел од возачите и натаму недисциплинирано возат по реконструираниот и проширен пат“, велат од Општината.

Согласно со прописите, изведувачот на работите ГП „Гранит“, на почетокот и на крајот од реконструираната делница, има поставени соодветни сообраќајни знаци, кои покажуваат ограничување на движењето на возилото со брзина поголема од 30 км/час. Од Службата за односи со јавноста при Општина Кавадарци велат дека работат и на хоризонталната сообраќајна сигнализација. Согласно важечката законска регулатива, извршено е и обележување со средишна бела линија во вкупна должина од 5.800 метри, од кои 5.000 м се полна линија, која забранува претекнување и движење со поголеми брзини од моментно означените. И во наредниот период ќе се работи и ќе се комплетира сообраќајната сигнализација. (А.Д.)


Статијата е прочитана 610 пати.


Испрати коментар



За седум месеци - 100 пожари
Запленет канабис кај Моране
Изгоре ендемски чам на Сува Гора
Бездомник се обидел да убие тинејџери
Се злоупотребуваат ли заштитените сведоци?

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 22°C

Претежно облачно

Четврток
Грмотевици
Макс: 24°C, Мин: 8°C

Петок
Сончево
Макс: 26°C, Мин: 10°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
Торнадото во Оклахома посилно од атомската бомба во Хирошима
Чудовишното торнадо со димензии од 27,2 км должина и 2,08 км ширина било 600 пати посилно од атомска бомба...
Девојчето со насмевка на лицето
Џени Хорнсби беше прво од седумте идентификувани деца кои загинаа од Торнадото...
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |