Број 2932  вторник, 10 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter

5 прашања 5 одговори

Подготвен сум да ја поделам одговорноста околу спорот со името

Претседателскиот кандидат на ЛДП, Нано Ружин

Единствено мојата опција може да ја помири скарана и разделена Македонија

Гордана Дувњак



Господине Ружин, на првото телевизиско соочување на претседателските кандидати, Вашето директно обраќање до Иванов како иден претседател јавноста го доживеа како предвремено откажување од изборната трка. Што Ве мотивираше на таков гест?

Сметам дека обичниот граѓанин не го доживеа моето обраќање на ист начин како што го доживеаја дел од новинарите и експертите. Сметам дека многу посилна порака беше искреноста на говорот, што е нешто ново во политиката во Република Македонија, отколку самата реченица. Ме збунува и тоа што дел од експертската интелектуална елита не изврши анализа на содржината на целото обраќање. Со моето искрено обраќање на ти кон Иванов сакав да докажам дека решавањето на спорот со Грција е позначајно и од мојата победа и од победата на кој било друг кандидат, што секој обичен човек го заклучи од реченицата што следуваше. Воедно, сакав да влијаам врз интелектуалната совест на г. Иванов за неговата архаична позиција што им штети на евроатлантските интеграции на Македонија, како и за непотребната послушност кон власта. Интелектуалецот секогаш треба да поседува минимум бунтовност, своеглавост и критичност во однос на поредокот. Барем таков е случајот со европските интелектуалци. Таков е случајот и со мене.



Решавањето на спорот околу името станува централна тема во претседателската кампања. Какво решение нудите за да се надмине долгогодишниот спор?

Најнапред, ниту јас не сакам нашата држава да го смени уставното име Република Македонија. Меѓутоа, политичарот е должен да има чувство за реал-политика, визија, храброст и достоинство. Дотолку повеќе што меѓународната заедница го употребува нашето погрдно име БЈРМ, а и нашите евроатлантски интеграции се условени од компромисот со јужниот сосед. Одговорноста на политичарите на Република Македонија е двојна. И во поглед на прифатен компромис и во поглед на неприфаќање компромис, што го блокира влезот во НАТО и во ЕУ. Со оглед на тоа дека политичарите повеќе размислуваат на својот политички рејтинг отколку на стратегиските интереси на државата, мојот план е следниов: најнапред во еден заеднички дијалог со Владата ќе се договориме околу можниот компромис, со цел заеднички да настапиме пред јужниот сосед, а доколку постои страв од ризик пред бирачите, предлагам едно натпартиско и наднационално тело составено од сите политички партии, етнички заедници и експерти да ја преземе историската одговорност за таквиот потез. Подготвен сум и јас во улога на претседател на РМ да го потпишам и да ја поделам одговорноста за тој чин.



Зошто и Вие како и неколкумина други кандидати го користите името на покојниот претседател Борис Трајковски во кампањата за политички цели?

Тоа е вообичаена практика насекаде во светот. И претседателскиот кандидат Обама се повикуваше на Кенеди и на Мартин Лутер Кинг, иако не ги познавал. Имав и дополнителни мотиви што се повикувам на Трајковски. Го познавав најдолго и најискрено од сите други кандидати. Нашето дружење, кое датираше од 1994 година, ги збунуваше сите, бидејќи во тоа време беше непримерно заемно да се дружат членови на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ. Во 2000 година на Конгресот предложив СДСМ да престане да го именува со погрдниот израз „граѓанинот“, но не беше прифатено тоа. Во 2001 година тој ме испрати за амбасадор во НАТО. Една недела пред кобната несреќа го прашав Борис дали ќе се кандидира на следните избори во услови кога ниту СДСМ ниту ВМРО не го поддржуваат. Рече дека ќе се обиде со помош на граѓаните преку собирање 10.000 потписи. Кога се собираа моите потписи, се сетив на овие зборови на Борис. Тој велеше: ние луѓето од југот сме најискрени и најпитоми.



Како ќе ги убедите граѓаните да гласаат за Вас и што е тоа што го нудите поразлично од другите кандидати?

Мојата опција на некој начин е третата опција меѓу двете партиски, онаа на СДСМ и на ВМРО. Единствено мојата опција може да ја помири скарана и разделена Македонија. Тоа го видовте и со прифаќањето на претседателскиот појадок од страна на сите кандидати. Таков настан не ќе можеше да реализира ниту еден друг кандидат за претседател. На надворешен план поседувам најголемо дипломатско искуство и познавам најголем број странски државници. Уште во деведесеттите години се докажав како евроатлантист и борец за мултиетничка и европска Македонија, без никакви антички оптоварувања и предрасуди.



Какви се Вашите прогнози за вториот круг?

Очекувам победа, бидејќи изнесените аргументи, позитивната реакција на граѓаните во досегашниот тек на кампањата, како и разочараноста на граѓаните во политиката и во големите партии што ја поделија Македонија, го потврдуваат таквото мое убедување.


Статијата е прочитана 1827 пати.

Испрати коментар

Од: R.R.
Датум: 10.03.2009 00:13:08
Gospode Boze.....ocekuval pobeda! Smesen e....Ne go biduva a uste i se zanesuva! On ke ja sirel skaranata Makedonija! EJ,pa i ti si del od ekipata sto ja skara Makedonija !
Од: avstralija
Датум: 10.03.2009 00:33:32
jak buntoven intelektualec, ja smeni partijata za dobra plata vo NATO
Од: cd
Датум: 10.03.2009 05:10:17
без никакви антички оптоварувања и предрасуди. izvini gospodine no nema da go dobite mojot glas poradi ova !!!!!! pozdrav od cd !!!!!!
Од: flying-monaco
Датум: 10.03.2009 08:04:33
G. Nano. Vasiot predlog nee nov i od vas, i ne izigruvajte naj pameten. Do kolku toa go storite sto ste go zamislile, uste prvite pet minuti posle eden takov sostanok so takvi (politichari),ke ja ispratite R: MAKEDONIJA po maten vardar kon Grcija... Za strekja sto narodot vekje e svesen i znaj za kogo da glasi... Vashite poeni ne se zbiraat na ovoj nachin...Republika Makedonija e i se borele mnogu predci i ke ostani... kompromis se pravi vo politika no ne so zamena na ime...Mal e procentot kaj narodot koj ke ve poddrzi za kompromis so ime...
Од: igor
Датум: 10.03.2009 08:33:52
do koga ke ziveeme vo crno-bel svet,svet na sdsm i vmro,svet na poedinci koi edinstveno poradi partiskite kniski i partiskata poslusnost dobija funkcii na koi so nivniot intelektualen kapacitet nikogas nemozat da odgovorat. Poedinci od koi jas se sramam na sekoe nivno glupiranje koe prodolzuva i prodolzuva. Vistina e deka Makedonskiot narod e trpeliv,no sto e dosta,dosta. OVOJ PAT GOSPODO KE GLASAM ZA LICNOST,A NE ZA PARTIJA. LICNOST SO KOJA KE SE GORDEAM,A NE SRAMAM.
Од: Скопјанец
Датум: 10.03.2009 09:32:24
Господин Ружин е во права смисла господин, има достоинство и ниво. За жал, кај нас правите луѓе не се ценат, тука повеќе се цени цинизам, милитантизам, простаклук, уличарство итн. Ги читам коментарите на читателите и се разочарувам како луѓето со толкава леснотија си даваат за право да етикетират, да навредуват и тоа веќе стана начин на изравување за жал кај нас. Го подржувам Г-дин Ружин, и му честитам за кандидатурата. Убеден сум дека сите урбани, културни луѓе во Македонија го подржуваат за претседател.
Од: hit-kazino
Датум: 10.03.2009 11:02:17
A bre luge platata kaj nas vo kazinoto se dvizi od 300-900evra. I so treba sega da gi zatvarame granicite? Malo morgen. Nie si rabotime i ziveeme od grcite i bas ne boli kako ke ne narekuvaat
Од: donco
Датум: 10.03.2009 11:49:13
BRAVO HIT-KAZINO: Konecno nekoj da kaze nesto umno. I jas cesto se jadosuvam zasto ziveeme kako sto ziveeme skoro 20 godini. I so Grci cii masi vostanuvaat nema da ziveeme poarno od sega.Ke poludam oti edna mala Grcija ne' maltretira.I ovoj Ruzin lovi vo matno. Sto treba toj da bide pretsedatel koga ke pusti Grci da triumfirat vrz nas. Mala Makedonija so piperki i domati moze da gi nadzivee gladnite Grci.
Од: Realen
Датум: 10.03.2009 12:25:04
Vo ovaa statija go prepoznavam najdobriot od site kandidati. Mislam deka gospodinot Ruzin ima najgolem intelektualen kapacitet da se spravi so problemite koi kako paraziti ja nagrizuvaat nasata drzava. Gi poddrzuvam Skopjanec i Igor za nivnoto razmisluvanje, za zal megutoa mislam deka nasiot narod ne e seuste svesen so kakvo zlo si ima rabota. Milsma na zloto i podelenosta koja ja nametna Gujo i negovata garnitura. Jas ke glasam za Nano Ruzin zatoa sto smetam deka so toa ke i pomognam na drzavata vo koja sto ziveam i rabotam. Pozdrav do site napredni luge i nivnite sfakanja
Од: објективен
Датум: 10.03.2009 14:04:03
Можда стварно има големо искуство како амбасадор а со тоа и во надворешната политика, ама многу се "улизува" и се "гребе" помеѓу ВМРО и СДСМ и малку патетичен станува со таа негова "искреност" . (прво, му се "пушта" на Џоле, кога му се обрати како да е готова работата, после да му ја нападне неговата архаична позиција; второ, он на конгресот на СДСМ бил против партијата од една страна, а после вика ќе остварува дијалог со владата за компромисот за името; па он со Борис најдобар..... излишно). Али најдобро е "очекувам победа" - толку од неговата искреност при обраќањето!
Од: blazo0870
Датум: 10.03.2009 19:02:06
koj bara odgovornost od vas, pa covek , sto ne e,ni po rod makedonec,ke ponesel odgovornost. isto kako nekoj makedonec da ponese odgovornost da go smeni znameto na albancite.apsurd ,fala netreba.

Најди! во Утрински
Насловна
Претходен број
Северна Кореја се заканува со војна
Илјадници гласачи во странство, опасност за цензусот за претседател
Зденко
Вистините и контроверзиите за Венко Марковски (8)
Корумпирање на избирачите
Хорор-станица
Грција шокирана од новиот сојуз САД-Турција
Професионалните војници го губат трпението
Франција се враќа во НАТО
Љубовниот триаголник мотив за четирикратното убиство во Чешка
Швајцарски жиголо пред суд во Германија
Удар на патријархална Србија
Молитвениот појадок кај Нано Ружин
Огромен интерес за учество на „Струшки вечери на поезијата“
На Владата никако да и' тргне со „Чебрен“ и „Галиште“
Фармерите најавија тужба за „Сведмилк“ откако повторно извисија