Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
29.04.2012, 17:16

Мислења

Не бранувај

Слободан Најдовски

Примерот на Пеп Гвардиола е поучен. Не побара смена на играчите. „Сите се преморивме. Нов тренер ќе донесе нова енергија, која јас повеќе ја немам“ - и си замина

Нашите северни соседи честопати го употербуваат изразот „Не таласај“ во смисла на тоа кога некој човек ќе ја претера или ќе треси глупости. Буквалниот превод кај нас досега го немаше вистинското значење, ама по се' изгледа на пат сме, а и треба, да го добиеме се разбира по заслуга на владејачката партија. Случувањата во неа ја заинтригираа македонската јавност и покажаа одредени карактеристики на нејзиното функционирање.

Бранот на промени ја покажа неприкосновената моќ на лидерот на партијата на власт, без разлика дали тоа е по сугестија на други или негов избор. Човек просто да се чуди како преку ноќ фрчат оставки во кои довчерашните вредни раководители, менаџери и други кадри од владините структури молат да бидат разрешени. Во стилот на поговорката „ти мене војводо, јас тебе сердаре“ раководството на партијата не им останува должно. Веднаш ги воспева колку биле успешни, па уште малку да не' натераат да заплачеме што така врвни функционери заминуваат од функцијата. Смената, односно демисионирањето на овие функционери, ми ти била врз база на анализата која се одвивала подолг период низ анкети со граѓаните. Треба да им се верува дека анкетите се направени бидејќи и досега е потврдено дека на планот на анкети и реклами им нема рамни. Но, дали резултатите се такви и дали функционерите кои поднесуваат оставки се посочени како личности кои незадоволиле со својата работа, дали се тие колатерална штета или е во прашање нешто друго? Тоа го знаат само првите луѓе на партијата.

Не само анкетите на власта, туку и могу други независни истражувања на јавното мислење го покажуваат незадоволството на граѓаните од својата економска положба и стравот од неизвесната перспектива што ќе се одрази на рејтингот на Владата.

Значи, одлуката е донесена. Нешто мора да се менува за да се спречи падот. Но, кој и како? На самиот почеток изборот падна на дел од звучни имиња кои во последно време се подалеку од креаторите на политиката. Сето тоа надополнето со бројка од сто и педесет други функционери и голема медиумска реклама ќе звучи реформски. Листата за смена на носителите на одредени функции не е случајна и нејзиниот состав е од чисто партиски побуди и потреби. Најверојатно тие пречат некому во партијата на државно или локално ниво, или знаат многу работи.

Многу од овие функционери го поминаа романтичарскиот занес и сега знаат што се случува во партијата и државните институции кога е во прашање искористување на функцијата. Тие се најголемите сведоци на сите збиднувања во партијата и тешко дека некој може да ги манипулира. Затоа треба да се тргнат. Покрупните бранот ќе ги фрли на некоја друга помирна функција и подалеку од очите на јавноста, а поситните ќе се тргнат настрана и ќе се држат за јазик, а сепак да не' пречат во „остварувањата“.

Но сето ова кратко ќе трае бидејќи бранови ќе се кренат моментно, но бродот ќе стои на исто место со тенденција да вози во рикверц.

Тргнувањето на македонскиот брод напред е можно. Но, за тоа е потребно очите да се отворат пошироко и повнимателно да се погледнат резултатите на анкетите без разлика кој ги подготвува. Ширум отворените очи ќе ги видат, а разумот ќе ги констатира суштинските проблеми. Анкетите ќе ги покажат најголемите предизвици со кои се соочува македонскиот граѓанин и општеството во целина. Тие се многубројни, но моментно најизразени се во неколку сфери.

- Во период сме кога буџетската политика доживеа крах. Следуваат нови задолжувања на државата за поддршка на буџетот.

- Тешка социјална положба изразена во степенот на сиромаштија

- Загрозена безбедносна сигурност

- Голем проблем со реализација на капиталните трансфери

- Отежнато финансирање на социјалните фондови

- Закочени евроатланските интеграции

Сериозниот пристап за надминување на проблемите подразбира нивно дефинирање, а потоа преземање на мерки за нивно решавање. Предуслов за позитивно решение е промена на првите личности кои раководат со ресорите каде што проблемите се најизразени. Тоа ќе доведе до нови идеи, нов пристап и свежина во ресорите. Така прават во земјите со развиена демократија. Слично, ако не и исто, е и во другите сфери на живеење. Примерот на Пеп Гвардиола тоа најдобро го отсликува и нека послужи како патоказ. Најуспешниот тренер во историјата на Барселона по само два последователни неуспеси не се ни обиде да бара оправдување во составот на екипата и да побара да се заменат сите или поголем дел од играчите. Како тоа да го направи кога сите играчи се негов избор. Тој едноставно изјави – „За овие четири години сите се преморивме. Нов тренер ќе донесе нова енергија, која јас повеќе ја немам“ - и си замина.

Искрениот пристап за прогрес на државата треба бара големи резови и треба да ги опфати промените на личностите кои се најодговорни за напластените проблеми, заедно со првиот стратег. Затоа досегашните промени можат само да се подведат под терминот „Не бранувај“ и ништо повеќе. Со исклучок на два-тројца, останатите сменети функционери не можат да влијаат на промената на состојбите. Едно е сигурно, од бранувањето во партијата на власт и ротацијата на функционерите во владините и локалните институции најмала добивка ќе имаат граѓаните и државата.

(Авторот е поранешен пратеник)


Статијата е прочитана 1564 пати.


Испрати коментар



Да си подадеме рака
Марс, Венера ... Сатурн
Идеи пред интереси
Детонација на тишината



jovan, 30.04.2012 01:10:34
Izrazot ne branuvaj, ili vo orginal *ne talasaj* nastanal spored eden legendaren Yugoslovenski vic. Bile trojca direktori koj napravile *grev* pa gi pratile na sudenje. Prviot imal najmal grev i go kaznile da stoj vo gom... do gluzdovi. Vtoriot malku pogolem grev, pa go stavile da stoj do pojas. Tretiot so najgolemiot *grev* go stavile da stoj vo gom.. do brada. I taka prviot pocnal da skoka od radost bidejki najmala kazna dobil, pa ovoj tretiot so *pola usta* mu rekol, ne talasaj, ne talasaj. Taka i nie, nekoj ke skoka od radost, nekoj ke vika ne talasaj, no fakt e, deka site sme vo gom.. Poveketo, ne po svoja vina.
nacional-patriot, 30.04.2012 07:43:18
Moze za prvite pet predizvici da se debatira dali ima ili ne vina vo vladata,no za zakocenite integracii vina nema vo vladata.Site kriteriumi za clenstvo vo NATO i za pocetok na pregovorite so EU se ispolnija.Vinata za zastojot vo integraciite e vo tvojata omilena i sakana Atina,a ti Slobodanco uporno odbegnuvas da ja kritikuvas i baras promena na imeto.I koga ke te narecat predavnik,of lele.Epa of lele!
ФЕЛИКС, 30.04.2012 10:55:23
И тука само накратко кон најексплоатираната тема која опозицијата селективно ја перцепира.Па вака едно прашање до авторот,,Кога бара да победникот демисионира односно преку примерот на Гвардиола,тогаш што го спречува да истото го побара од оној кој постојано изборно губи,,Оти кога сме кај фудбалот нема тренер кој постојано губи а ја задржал функцијата.Или можеби авторот има други сознанија да постојаниот губитник има други вредности кој никој не ги знае.
zoki, 01.05.2012 01:52:48
do site novinari ke ve molam da ne go zanemaruvate nemiliot nastan druzinata na pastirot ni frli koska za da ja glodame dali bilo dobro osvezuvanjeto pazi bogati super neka pravi sto saka ama da se rascisti koj divee vo nasva drzava isto taka aferata so kockarnicite koj i kako dozvoli da se vnesat aparative ako im pominat i ovie dve golemi slucki togas zasluzuva pastirot da se proglasi dozivoten presedatel na drzavata i da se promeni nasiot ustav

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
  


Site Meter


Време
Скопје, 23°C

Делумно облачно

Петок
Ведро
Макс: 25°C, Мин: 8°C

Сабота
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
Торнадото во Оклахома посилно од атомската бомба во Хирошима
Чудовишното торнадо со димензии од 27,2 км должина и 2,08 км ширина било 600 пати посилно од атомска бомба...
Девојчето со насмевка на лицето
Џени Хорнсби беше прво од седумте идентификувани деца кои загинаа од Торнадото...
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |