Број 3204  вторник, 09 февруари 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Скопје

Салата „Борис Трајковски“ и базенот се откажуваат од „Топлификација“

Поради потребата од затоплување во вечерните часови, ќе се гради котларница

Спортската сала „Борис Трајковски“ и базенот „Младост“ ќе се одвојат од градското централно греење на „Топлификација“. Во иднина овие два објекта ќе имаат сопствено затоплување на гас. Стопанисувачот на салата и базенот, Јавното претпријатие „Борис Трајковски“, има изготвен проект за изградба на котларница која ќе биде лоцирана помеѓу двата објекта. Моментно претпријатието чека дозвола од Општина Карпош, а новиот објект би требало да биде внесен и во Деталниот урбанистички план. Од Карпош не одговорија дали и кога ќе биде издадена дозволата за изградба на новиот објект, со образложение дека се' уште не го разгледале проектот.

Целта од воведување сопствено греење во „Борис Трајковски“ ја објаснуваат со потребата салата и базенот да се загреваат во вечерните часови, кога „Топлификација“ не испорачува топлина. „Голем број од спортските и други манифестации во салата се одржуваат токму навечер, а и базенот работи до полноќ“, вели директорот Борис Змејковски.

Тој потенцира дека е неопходно во овој период да има затоплување и во двата објекта. Змејковски смета дека со сопствениот систем на загревање, јавното претпријатие и ќе заштеди, бидејќи се огромни сметките што сега ги добива од „Топлификација“.

„Котларницата ќе работи на гас кој во прво време ќе се транспортира со цистерни. Имаме информација дека една од гасоводните цевки поминува токму покрај нашите објекти, па веројатно во иднина ќе имаме можност и директно да се приклучиме на системот“, вели Змејковски. (С.Н.)


#
Статијата е прочитана 972 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Скопје
Градот нема присилно да наплаќа фирмарина
Нов возен ред на „4“, „8“ и „59“
Трајановски пак се премислува за музиката