Нестручни, некомпетентни и недобронамерни упади во археологијата
Македонско археолошко научно друштво - МАНД
Изминатиот период во јавноста беа објавени резултати и соопштенија од истражувањата на астрономот Ѓоре Ценев вршени на ареалот на археолошкиот локалитет Кокино, во близина на Куманово. Не навлегувајќи во астрономските истражувања на г. Ценев, за кои како археолози не сме компетентни, реагираме на неговите изнесени ставови во однос на наводните археолошки сознанија.
Истражувања на археолошки локалитет изведуваат археолози, кои за теренската работа добиваат дозвола од Управата за заштита на културата во Р Македонија. Раководители на локалитетите се археолози со поголемо теренско, стручно, па и научно искуство. Така е организирано и истражувањето во локалитетот Кокино, каде што раководи археологот, виш кустос Јовица Станковски. Резултатите од неговите истражувања и' се добро познати на јавноста, особено на научната, бидејќи г. Станковски има објавено низа стручни текстови за овој локалитет, кои во себе ги инкорпорираат познатите астрономски аспекти.
Затоа, секакви други истражувања, па и астрономски, иако тесно поврзани со типот на археолошкиот локалитет Кокино, сметаме дека се добредојдени, но само како придружни сознанија за него. Сознанијата што астрономот Ценев ги соопштува во јавноста не само што не се валидни, г. Ценев не е археолог, туку се и прејудицирани. Заклучоци за етничка атрибуција, одредување на хронолошка припадност, дури и сознанија за изделена одредена култура, и сето тоа кажано без никакви аргументи, е недозволиво и навредливо за археолошката наука.
Зачудува фактот дека астрономот Ценев се претставува како раководител на археолошки истражувања на терен, притоа доделувајќи си себеси звање археоастроном. Неоспорувајќи ја компетентноста од астрономски аспект за одредување на просторната ориентација на локалитетите, не дозволуваме аналфабетско интервенирање во археолошката наука. Тврдењата дека Кокино е паралела на минојската култура со значајни влијанија од Мала Азија, создадено од автохтона култура, со сопствено најверојатно откриено ново писмо, во целост ја дезориентира јавната мисла и ја негира археолошката наука во Македонија. Археологијата е егзактна наука и се темели на докази. Во овој случај немањето докази ги урива темелите на културното наследство на оваа почва. Особено, кога г. Ценев сака своите неаргументирани претпоставки во име на македонската археолошка научна мисла да ги презентира на меѓународно ниво во Венеција.
МАНД не може да застане зад волунтаристичките идеи на некомпетентни љубители на археологијата, колку и да се добронамерни, резултатот е поразителен.
Па цела држава, нема дејност веќе па дури и МАНУ, ни е испревиртена во одност на стручност и компетентност. Многу други дејности, ресори во министерства, агенции и дирекции се водени и екипирани со ТОТАЛНО погрешни луѓе. А овој случај е само еден минорен пример за царувањето на ИСКРИВЕНИТЕ вредности и мерила во нашата држава.
Од: Читател
Датум: 06.10.2009 02:40:54
Се заблагодарувам на МАНД за оваа писмена реакција. Се наведам дека новинарите од сите медиуми озбилно ќе се позанимаваат со оваа тематика. Навистина не ми е јасно што некои луѓе мислат дека ќе постигнат со вакво несериозно мешање на политиката во науката. Во услови кога нашите соседи не обвинуваат за фалцификување на историјата, ние на тацна им сервираме сериозни докази дека сме способни за правење на такви фалцификати. На секое излегување на Паско Кузман (го земам како пример, бидејќи ужива третман на археолог суперѕвезда) на телевизија, се прашувам дали она што ми се презентира како ново откритие е навистина онакво како што е претставено или се работи за нешто што Паско го закопал 24 часа пред да дојдат новинарите. Жал ми е што после, од кога на некој ќе му текне погласно да се побуни за ваквите фалцификати, сите македонски археолози ќе се стават во ист кош и ќе се прогласат за нестручни и фацификатори. Истото како што се случува со МАНУ и нејзината несреќна енциклопедија.
Од: jovan
Датум: 06.10.2009 08:57:46
Kokino e samo kapakot na site ludorii koj gi iznesuvame vo vrska so istorijata pa i so se drugo. Pokraj kavite takvi "pronajdoci" na Pasko koj vo sporedba so ovoj slucaj se OK, ova e vrvot na ludosta, da se izjavuva deka NASA mnogu se interesirala za opservatorijata na Kokino koja bila stara 4000 godini(CETIRILJADI) i toa gradena od Druidi (Irci). Pogolema glupost ZDRAVJE.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 06.10.2009 11:43:21
Ме радува фактот што Науката собрала Храброст да се Огради од Псеудонауката што ја пласираат „Античките Македонци“! Најпосле некој да го дигне својот глас против Злоупотребата на науката! Споредбата со Минојци, Персијци,Бабилонци е вонвременска и секако, како недокажана теорија, која не располага со цврсти докази, туку исклучиво со големи (пусти) желби, и е погубна за науката кај нас! Истовремено предизвикува Смеа (а не потсмев) во Научните кругови во Светот! Особено е трагичен настапот на поединци (Ценев, Иљов, Бошевски, Тентов...) кога ќе се вмешаат во областите каде не им е местото: откривања писма, реконструкција на мостови-до нивно упропастување (Камениот Мост) нови „македонски“ наречја! Нивните откритија може да се означат со еден збор кој е изведен од зборот изум:) - Измислица!!