Број 3286  среда, 19 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Македонија

Реконструкцијата на Зоолошката во Битола поважна од патиштата

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион даде зелено светло за обновување на ЗОО-паркот

БИТОЛА – ЗОО-паркот во Битола е регионален топ-проект поважен од санацијата на патиштата кои, исто така, се на листата приоритети. Новоформираниот Центар за развој на Пелагонискиот плански регион даде зелено светло за реконструкција на битолската Зоолошка градина. Од 1956 година, кога е изградена, таму не е обновена ни цигла. Надвор од сите стандарди се кафезите кои единствено можат да се користат за чување домашни животни. Оставени на (не) милоста на државата, под Тумбе-кафе живеат над двесте животни од четириесетина различни вида. Има ѕверови, тревопасни животни, а најмногубројни се птиците.

Грдата слика во ЗОО-паркот ги одвраќа посетителите. Ако порано биле регистрирани и по 80 илјади гости годишно, сега таа бројка е далеку помала. Вработените во Зоолошката градина со децении апелираат за обновување на паркот од корен.

„Половина век ништо не е допрено. Потребна е целосна реконструкција. Од практични решенија за водоводна и одводна мрежа до нови кафези за животните зашто постојните воопшто не одговараат на европските стандарди. Токму овие пропусти ги забележа и делегацијата на Асоцијацијата на европски зоолошки градини“, потенцира Марика Димитриевска, в.д. директорка на Зоолошката.

Надежта за обезбедување средства за обнова на паркот е поголема откако пелагониските општини Битола, Прилеп, Ресен, Крушево, Демир Хисар, Кривогаштани, Долнени, Могила и Новаци се согласија дека тоа е еден од најважните проекти за овој регион. Обновата на Зоолошката се најде пред реконструкцијата на регионалните патишта и нивното осветлување.

„Имаме изработка на целокупна студија и техничка документација за обнова на Зоолошката градина во Битола, како исклучителен регионален проект. Затоа што по ЗОО-паркот во Скопје се' до Солун, друг нема во целиот регион. Следува изработката на техничка документација за голем број регионални патишта. Тие се во мошне лоша состојба и со нестандардна широчина. Битно е и осветлувањето на клучката ’Макзи‘ на патот за Ресен. На листата е и проектот за поврзување на манастирите од двете страни на Баба Планина, односно од битолскиот и од ресенскиот дел. Потребна е мапа со која туристите пеш ќе можат да одат низ планината. И секако доградба на хлорната станица во Долнени, што обезбедува чиста вода за пиење за Крушево, Кривогаштани и Долнени“, набројува Емилија Геровска, раководителка на Центарот.

За рамномерен регионален развој Владата издвојува милиони суми за проекти, ги собира парите од општините, ги распределува и, на крај, врши ревизија дали се транспарентно потрошени.

„Владата определи 1,29 проценти од домашниот бруто-производ за минатата година, а Министерството за локална самоуправа предвиде над 230 милиони денари. Овие средства преку Бирото за рамномерен регионален развој се распределуваат до осумте центри за регионален развој и на тој начин се овозможува правична распределба и рамномерност“, објасни заменик-министерот за локална самоуправа, Фарук Фератоски. Тој оценува дека и покрај големиот буџет за регионален развој, голем дел од општините влегуваат неподготвени. Имено, нудат неадекватни проекти без развојна компонента. „За да не се вратат парите назад, во буџетот, Министерството за локална самоуправа одлучи да ги подели за јакнење на капацитетите на општините, па дури и за изготвување урбанистички планови, без да се почитува таа регионална развојна компонентата“, вели Фератоски.

Оттука се наметна прашањето дали Владата предвидела независен мониторинг за трошењето на народните пари издвоени за овие регионални проекти. Заменик-министерот Фератоски, и покрај неговиот напор, беше неубедлив во објаснувањата.

„Главен надзор во оваа политика за рамномерен регионален развој има Министерството за локална самоуправа. А над Министерството е Националниот совет за рамномерен регионален развој во кој учествуваат седуммина министри. На тој начин, рационално се користат тие средства. Ова е нова политика со европски предзнак“, рече Фаратоски.

Градоначалниците од Пелагонија признаваат дека најтешкиот дел им е усогласување на тоа што им е приоритет за целиот регион и дека меѓу нив има големи разлики. Сепак, сметаат дека овој Центар треба да биде ефикасен инструмент за реализација на заедничките или локалните проекти што ќе добијат приоритет.

„Пелагонискиот регион е еден од најубавите. Се' е од Бога дадено. Имаме прекрасни планини, езера, го имаме Мариово, прекрасното Крушево, богатата Пелагонија. Но, и потенцијали за развој кои овој Центар ќе ги стави во функција и посебно ќе им помогне на помалите општини кои немаат соодветни капацитети“, нагласува градоначалникот на Битола, Владимир Талески. (А.Б.)


#
Статијата е прочитана 482 пати.

Испрати коментар

Од: goce bitola
Датум: 19.05.2010 00:28:12
pred cetiri godini dpmne veti zicara na pelister filmski grad ,opera ,ekonomska zona i nisto od toa . TVRDAM I POTVRDUVAM deka samo gi napolnija nivnite gebovi i nisto drugo nema toa e celata vistina vo nasiot grad a za sportot i da ne zboruvame svedeni sme na selska liga.
Од: prostak
Датум: 19.05.2010 08:09:57
od dzzeboj nikogass dosta. Tie sekogass ke gi ima za polnenje,Makata e da zavidviss oti tvojot ne se polni lesno. tuku za ova da bidit i decava da se radvet.
Од: Za Bukefalite
Датум: 19.05.2010 08:32:57
Pa treba Pastirot nekade da gi smesti Bukefalite! Za nas ne se patista, samo Zooloska.
Од: Trene
Датум: 19.05.2010 08:41:12
Ne treba samo vladata da vetuva, treba i nie da si pluknime vo racete, ne samo da cekame na gotovo. Podrska za proektite, podrska za gradenjeto, ne e samo zoo sto bese zapostavena, imase eden kup raboti i se podobrija. Samo napred, a nie malce optimisticki, dosta kukanje i baranje mani.

Најди! во Утрински
Македонија
„Еурокомпозит“ ќе се продава на тендер
Каде се парите за поплавите