22 Писма - Дебелите маршираат на ТВ
Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Коментари
06.05.2012, 17:49

Писма - Дебелите маршираат на ТВ

Драгољуб Марковски, Кутина, Хрватска

Македонија, знаеме, е сиромашна земја. Ама по бројот на дебелите, што ги среќаваме секојдневно, небаре е цивилизација на изобилството а не цивилизација на нужноста -­­ како би кажал големиот Живоин Павловиќ. Никако не ми е намера да медитирам на тема дебелина, туку да посочам на она што ми пречи во земјава. А тоа се сцени кои ни ги посредуваат телевизиите. Во нив најчесто се редат познати личности од јавниот живот (политички, културен, спортски итн., вклучувајки ги и вработените во телевизиите), кои не можат да ја сокријат својата прекумерна тежина, да не кажам дебелина (до колку не се гордеат со неа). И не помага тука никаква облека, применета како камуфлажа (или фармерки кои само што не пукнат). Кога камерите ќе ги доближат „објектите“ (а тоа како со страст, да не кажам со пакост, да го прават режисерите), лесно се распознаваат дури гротескните облини – од долу нагоре. Жални се сликите на сосема млади жени, а веќе сега деформирани! Се прашувам како тие си ја гледаат иднината, особено со оглед на чувствителноста на женската природа и нејзината положба во општеството. Ни кај машките „објекти“ сликата не е помалку грда, особено кога станува збор за млади луѓе. Од авион се забележуваат нивните хипертрофирани стомаци „без враќање“. И спрема нив ТВ режисерите како да немаат милост кога ги доближуваат нивните глави „ан фас“– белки за да видиме здебелени подбрадоци. Чуму ова „писание“ - ќе се запраша почитуваниот читател, а прашањето е благодарно. „Марширајки“ на телевизиите јавните личности, не сакајќи, на широката публика како да и' испраќаат порака што е пристоен физички изглед. Ова особено се однесува на нивните симпатизери, кои се идентификуваат со нив, како во интелектуална така и во реченава смисла.


Статијата е прочитана  пати.


Испрати коментар

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Фотографии - Полна месечина
 


Site Meter


Време
Скопје, 25°C

Ведро

Сабота
Сончево
Макс: 30°C, Мин: 12°C

Недела
Делумно облачно
Макс: 30°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
На чекор до клонирани бебиња
Научниците создадоа ембриони во лабораторија кои „би можеле да пораснат до целосна форма“...
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |