Нов возен ред на „4“, „8“ и „59“
Јавното сообраќајно претпријатие направи измени на возните редови на броевите „4“, „8“ и „59“ со кои автобусите на овие линии од вчера по 16 часот сообраќаат многу почесто. Од претпријатието велат измените се направени по барање на граѓаните и најавуваат дека деновиве ќе направат измени и на други линии.
„Четворката“ сега во терминот од 16 до 17 часот сообраќа на 20 наместо на 40 минути. И во возниот ред на линијата број „8“ има измени во истиот термин. Ако претходно во периодот од 16 до 17 часот немало автобус, сега од Влае „осумка“ ќе тргнува во 16,30 часот. Во периодот помеѓу 19 и 20 часот, односно точно во 19, 40 и во 19,55 часот по еден автобус ќе тргнува и од Љуботенски Пат кон Влае. Од оваа населба кон Љуботенски Пат линијата со број „8“ ќе сообраќа и во 20,20 часот, а во спротивен правец во 21 и 21,40 часот. Во 22,20 часот ќе сообраќаат последните автобуси од двете населби. Измени се направени и во термините на линијата „59“, која сега ќе ја има многу почесто. Првиот автобус ќе тргнува во 7,50 часот, а последниот во 22,40 часот.
Сите измени и точните термини на поаѓање на овие линии веќе се внесени во возниот ред истакнат на веб-страницата на претпријатието www.jsp.com.mk. (Сн.К.) |