Број 3123  сабота, 31 октомври 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Забава

ФИЛАТЕЛИЈА

Четири медали за македонските филателисти

Последните години македонските филателисти го свртеа вниманието во Европа со своите колекции на марки на разни теми и речиси од секоја меѓународна изложба се враќаат со медали и признанија. Како што не' извести претседателот на Сојузот на филателистите на Македонија, Стево Савевски, на меѓународната изложба „Италија 2009“, што се одржа во Рим, филателистите од нашата земја освоија еден сребрен и три бронзени медали. Тоа, секако, претставува навистина голем успех во мошне силна конкуренција на најпознати филателисти од Европа.

За својата колекција на тема „Свети Кирил и Методиј“, Климе Поповски е награден со сребрен медал, додека добитници на бронзени медали се: Димитар Свирков за колекцијата „Мајка Тереза“, Синиша Павлевски за својата збирка на издадени марки на тема „Папагали“, како и Лилјана Атанасова, која на изложбата учествуваше со својата вредна колекција „Коњи“.

Големо признание на македонските филателисти беше и улогата на комесар на изложбата што ја извршуваше Синиша Павлевски.

Македонските филателисти се подготвуваат и за големиот јубилеј, 60 години од формирањето на Сојузот, во текот на јануари идната година кога ќе биде издадена и посебна монографија за сите издадени марки во Македонија и успесите на нејзините членови на меѓународните изложби. (М.М.)

 


#
Статијата е прочитана 538 пати.

Испрати коментар

Од: Od mene
Датум: 31.10.2009 00:27:38
Super !!! Bravo za filatelistite

Најди! во Утрински
Забава
„Журката“ на Ејми Вајнхауз
Приказна за едно моме - стари љубови во ново руво
Село кое одбива да изумре
Аеробикот во Македонија се уште се смета за женска рекреација
„Зумба“ фитнес во Скопје
Најхуманиот затвор на светот
Гола за „Плејбој“ поради долгови
Ужива во сексот секој ден