Број 3273  вторник, 04 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Стотина споменици во центарот на градот

Најголема бронза ќе „натежне“ на двата пешачки моста преку Вардар. Таму ќе се постават дури 58 триметарски скулптури

Деспина Трајковска

Околу сто се врти бројката на споменици предвидени да се постават во централното градско подрачје. Тони бронза, а наместа и мермер ќе се разлее на плоштадот од засега планираните дваесетина споменици, од оние од левата страна на Вардар, од неколкуте предвидени во паркот „Жена-борец“, од шеесетината скулптури што ќе ги красат двата пешачки моста на Вардар, од скулптурите во самата река, од четирите по десетици тони тешки лавови на мостот „Гоце Делчев“... Од три па до шестметарски скулптури ќе има речиси на секој чекор во централното градско подрачје познато како Мал ринг.

Бројката на споменици и спомен-обележја очигледно допрва ќе се зголемува, ако се земат предвид се' погласните шпекулации оти веќе се договара место и за личности од албанската историја. Извесно е дека рамо до рамо со ликовите од македонската историја ќе се најдат и албански дејци, а меѓу нив споменик на Неџат Аголи, учесник во НОБ и прв министер во повоената Влада, на востаникот Дервиш Цара, на Пјетар Богдани, писател од времето на Преродбата, споменик на Јашар-бег Кумбараџи, првиот градоначалник на Скопје...

Никој од надлежните не кажува колку точно споменици ќе има, а уште помалку колку пари ќе се потрошат за нив. Само се потврдуваат неодамнешните најави на министерката за култура, Елизабета Канческа-Милеска, оти проектот „Скопје 2014“ може да претрпи корекции и во него да се најде место за споменици и објекти од значење на сите етнички заедници во државава. Се докажа и дека рецесијата само на момент го „замрзна“ леењето на скулптурите. Во Фиренца интензивно се работи на речиси сите скулптури што треба да се постават на плоштадот, а наскоро ќе се избира леарница и за останатите.

Продолжуваат и шпекулациите во јавноста за потрошената сума досега за спомениците. И додека градоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, упорно само најавува, но не го остварува ветеното, дека сите склучени договори ќе ги обелодени во јавноста, во јавноста се шпекулира дека бројката со која лицитираат надлежните е сигурно два пати помала од досега потрошените пари. Според досегашните уверувања, за спомениците се потрошени 17 милиони евра, што е симптоматично ако се има предвид дека само за леење на споменикот на Александар Македонски и изработката на фонтаната се потрошени речиси 10 милиони евра. За четирите лава, пак, кои ќе достигнат висина од пет метри, од кои едниот пар ќе бидат долги по пет, а другите по шест метри, државата ќе плати вкупно 2.330.000 евра.

И дури надлежните официјално ги кажат сите детали врзани за еден од најконтроверзните владини проекти, Општина Центар, односно Владата почна да остварува на терен. Започна со поставување на планираните споменици. Викендов на терен листата со споменици ја пробија коњаничките скулптури на Гоце Делчев и на Даме Груев, за чие леење само се потрошени 850.000 евра. Релативно за кус период, пред кафулето „Тренд“ ќе им се придружи мермерната скулптура на Методија Андонов Ченто, а се' поблиску е и доаѓањето на два од четирите лава што ќе го „чуваат“ мостот „Гоце Делчев“. Финишира изработката на нивните постаменти кои веќе извесен период фаќаат позиција на терен.

Неизвесно е кога ќе се постават останатите скулптури во непосредната околина. Од Општина Центар единствено потврдуваат дека тие моментно се' уште се леат и ни приближно не сакаат да лицитираат со временскиот период кога би се поставиле. Така, во исчекување сме на споменикот на Никола Карев, кој качен на коњ ќе се постави во зеленилото пред Собранието, а за негово леење ќе се потрошат 715.000 евра. Се чека и на споменикот на Цар Самуил, кој заедно со споменикот на Ченто ќе бидат едни од ретките изработени од мермер. За него е резервиран просторот пред „Дал-мет-фу“, а ќе се постави и споменик на гемиџиите во близина на револуционерите пред Камениот мост.

На листата за поставување се и спомениците на Јустинијан Први и на просветителите свети Кирил и Методиј и нивните ученици Климент и Наум Охридски, кои ќе ја разубавуваат другата страна на Камениот мост. Во нивна близина, пак, на Карпошово востание ќе се издигнат две помали и една поголема фонтана со четири споменика. Споменици ќе има и во паркот „Жена-борец“. Таму зеленилото ќе се разбие со споменик на паднатите херои, на АСНОМ и споменик во чест на бранителите од конфликтот во 2001 година.

Се чини, најголема концентрација на споменици ќе има на двата пешачки моста преку Вардар, на „Око“, што ќе води кон зградата на Уставниот суд и на Мостот на уметноста, кој ќе биде пешачка врска на десниот брег со зградата на Јавното обвинителство. На нив ќе има дури 58 скулптури високи по два метра. На секој мост ќе има по 29 симетрично распоредени по 14 од двете страни и една скулптура во средишниот дел на објектот. Во близина на мостовите, пак, во водите на Вардар е предвидено да се постави и скулптура „Три врби“.

Поставувањето на сите овие споменици, кои се дел од проектот „Скопје 2014“, треба да финишира до средината на 2011 година. За тогаш, всушност, е и најавено поставувањето на споменикот на Александар Македонски, со кој ќе се заокружи целиот владин проект. Теренот за него веќе се подготвува, се работи на изведба на фонтаната во која ќе се смести војсководецот со фалангата и заедно со постаментот ќе достигне висина до 30 метри.


#
Статијата е прочитана 3385 пати.

Испрати коментар

Од: извидник
Датум: 04.05.2010 00:27:53
Изгледа тој што нема добри извиднички вештини ќе треба да си набави една добра мапа за да може да се ориентира во тој хаос од споменици. Зар не можеше на тие места да се постават повеќе жардињери со цвеќиња? Како може тие бронзени габаритни коњи на некого да му се поубави од цвеќиња?
Од: maki
Датум: 04.05.2010 01:05:55
Skopje cestito. Konecno dobivas lik. NE toni bronza (premnogu ironija), tuku gorda istorija ke se prolee niz Skopje, istorija koja e svedok na toa deka sme postoele, postoime i ke POSTOIME. Bravo za informiranosta i brojkite sto tuka gi iznesovte, ko i Vie zabrzano da leete vo FIrenca.I za Vasa informacija vo Butel Bosnjacite izgradija dzamija, za parite nikoj od niv ne se pozali bidejki toa e nivno obelezje i gordost.
Од: Garibaldi
Датум: 04.05.2010 05:19:38
Ke ima li spomenik za istaknatiot deec od redovite na Romskata populacija....Amdi Bajram.Toj ima mnogu napraeno za romite a bogami i posiroko...
Од: Пинчер Барнет
Датум: 04.05.2010 07:07:54
Кој споменик во светот е изграден во вртеме на благосостојба во некоја земја?
Од: do Maki
Датум: 04.05.2010 07:11:55
Site znaeme deka sme postoele, postoime I ke postoime. Ne ni trebaat site ovie spomenici za da go znaeme ova. ISTORIJATA VO SITE NORMALNI drzavi e smestena vo muzeite, a NE na PLOSTADITE. Na Skopje mu fali zelenilo i cveke. Ova sto sega ni se slucuva vo centarot na Skopje e STRASNO!
Од: stif
Датум: 04.05.2010 08:29:23
Znaci se potvrduvaat nekoi fakti na istorijata. Malite vodaci na narodot uzivaat vo golemi raboti. Pri toa ne e vazno dali nekoj e gladen ili ne, dali e nekoj zaboraven stecaec, branitel ili slicno. Vazno e maliot vodac na narodot da se custvuva kako Napoleon ili Hitler. Nie sme tie izbranite i najdobrite i nikoj drug. Nerka ni e nazdravje. Ako nemame plati i lebec, glavno e ke imame bronza na pretek.
Од: koki
Датум: 04.05.2010 08:33:07
Леарите од Фиренца триеле раце и себеси се прашувале......Кои ли се овие будали што прават толку нарачки????????????
Од: Трпе Македончето
Датум: 04.05.2010 09:06:09
Малку се 100-тина. Мислам дека треба да се воведе стандард, кој ќе се нарече „Трпение“. Основната единица би била „Македонче“. Стандардот би дефинирал на колку граѓани треба да има по еден споменик. А не да зависи од партијата на власт. Корекција ќе може да се прави само во зависност од деновите во месецот, во кои има лекови на рецепт. За до 5-ти во месецот доволно е по 100-тина споменици.
Од: lili
Датум: 04.05.2010 09:13:37
Koga odite vo stranstvo i se slikate pod tugi spomenici i plostadi ubavo vi e, pa gi pokazuvate posle slikite. Redno e i Skopje da ima svoj obelezja so nasi dejci .Bravo!
Од: nekojsi
Датум: 04.05.2010 09:17:39
Пазете преку ноќ да не осамне и споменик на Премиерот лично ! Можеби затоа се туткаат толку споменици еден до друг, во оваа наезда од фигури да не се примети и неговата. Треба под итно да се провери ! А за оние патриоти што позитивно гледаат на овој циркус, јас би препорачал сејкој Македонец да го истетовира ликот на Гоце Делчев. Ако некој е патриот, и тоа не е проблем. Кој нема патриотска тетоважа е Соросоид, се знае.
Од: iki
Датум: 04.05.2010 09:19:38
Povtorno ova vlada ne deli na patrioti i predavnici da se razbereme nikoj makedonec ne e za svoite heroi no se ukazuva deka ne e vreme za takvi lusuzi sto gi pravi ovaa nenarodna vlast pa luge moi ja prekinav terapijata posto nema lekovi nema pari nema leb povtorno ke ja potkrepam tezata deka sega ne e vreme za ovie luksuzi za da go potkrepam ova moe ukazuvanje e toa deka i za krevanjeto na ilindenskoto vostanie nekoj ukazuvaa deka ne e vreme za pocetok i se pokaza deka bea vo pravo so tvrdenje deka kratko ke trae republikata kako sto i bese Strav mi e da ne trae uste malce i ova nasa mala napatena drzavicka.
Од: Filip
Датум: 04.05.2010 09:31:58
58 skulpturi na 2 mosta???? Na ovie definitivno cavka im go ispila mozokot... Kakov neviden kic e ova?? Eh bre vmro-OVCI...ja upropastivte drzavata...
Од: emilija
Датум: 04.05.2010 09:33:54
vaka drzavata pere pari ako ne ste znaele eve naucete kade odat parite na nasava drzava i koj bese tolku pameten i go napravi ovoj proekt i so kogo raboti mislam deka ne ste normalni vakvo nesto nikade nema samo kaj nas se slucuvaat vakvi raboti.... pozdrav i so sreka neka ni e dodeka vaka spieme nekoj buden preku nas grb ke si gi puni dzepovite i ke si imaat vili nasekade vo svetot pogotovo AMERIKA .......
Од: nadidan
Датум: 04.05.2010 09:56:56
Премиеру та нели те избравме да го подобриш животот на живите а не на умрените, тие секако се во историјата.Зарем си слеп па не гледаш дека се е поголема сиромаштијата, нема лекови за лек,од пусти извршители не можеме глава да кренеме, а не да ги гледаме спомениците.Зарем не се плашиш од Бога, Тој нека ти прости затоа што навистина не знаеш што правиш.
Од: мене
Датум: 04.05.2010 10:09:35
Историјата на еден народ треба да биде достапна на секој минувач, таа треба да се види, во спротивно и понатака за странците ке бидеме млада нација која серазбира нема своја историја.
Од: BRAVO
Датум: 04.05.2010 10:32:32
Dali e tocno deka plostadot vo skopje ke se preimenuva vo Plostad BUTEL? Mnogu se toa spomenici bronza i kamen i uvozen mermer....Patem Lekovi po apteki nema, infrastruktura katastrofa, nevraboteni, stecajci, po bolnici se umira, plata 100 E, ama barem ke si imame konji na plostad Idilicno zarem ne?
Од: nekoj
Датум: 04.05.2010 10:39:21
Goce Delcev na kolku godini bil ubien? Da, se borel za sloboda OD turcite, a nasite partiyani sto se borea celi 5 godini ne se heroi?? Ova ispaga nekoj sto nemal ni 30 godini koga stana tolkav revolucioner_ Mojot dedo sto bil ubien od bugarite za vreme na NOB borejki se za MAkedonija ne e heroj?? Ovaa vlada e idiotska, predavnicka, se bori za raznebituvanje na Makedonija. Docna ke bide koga ke go vidite seto toa. Gledam turistite bile napdnati od selani, nebarel otisle vo Afrika na odmor, a selanite morale da se branat zasto mnogu se cuvstvuvaat sigurno vo svojata zemja! Vie makedoncite ste so isprani mozoci site, zabegani. A za Skopje, moze i Luvr da go prenesete, pa ke bidete najgrdiot grad na Balkanot. Tuka negde e i Sofija.
Од: Aleksandar Petkovski
Датум: 04.05.2010 10:49:19
Ova e Makedonija i zgora na toa se raboti za glavniot grad Skopje. Zosto da se postavuvaat spomenici na albanci? Vo 2001 tie go kidnapiraa od sopstven dvor pred kuka vo tetovo go ubija i zakopaa vo endek. 4 godini poslem mu gi najdovme koskite. Sea spomenici ke krevame kakvi sto sakaat? Nemozam da opisam kolku sum revoltiran!
Од: mkd
Датум: 04.05.2010 10:56:25
Ednostavno BRAVO Konecno ke mozeme sekojdnevno da ja gledame SOPSTVENATA istorija a ne nekoj drug da ni ja servira. Za dusegriznicite sto ne napravija NISTO vo izminative 15-20 godini podobro da molcat bidejki se povekke predizvikuvaat negativni emocii kaj ludjeto pa posle nekoj drug ke im bide kriv
Од: Мила Македонијо
Датум: 04.05.2010 11:12:37
Тоа ја покажува големината на Македонија. Пред само 95 години Македонија беше поголема и по население и по територија и од Грција и од Србија......запиша Чуповски. Колку многу историја, дејци, борци.....Мила Македонијо.
Од: mia
Датум: 04.05.2010 11:39:09
Siti sme od sve od ova ludilo na nedovetnive prerodbenici zgora na se i nadogradeni ej pastiru gladni sme dajte ni da jademe.
Од: Луда Мара
Датум: 04.05.2010 11:55:42
Сонив сон!Скопје,без скулптури и Кичфигурини!Граѓаните на МК,саде нови Мерцедеси и Бе-Ем-Веа возат.По некое џипче ќе минеше по асфалтираните улици без дупки!Продавниците преполни со роба-нема што нема,дури и„од пиле млеко“,а џебовите-претекуваат евра!Се прејадов!Возилото на ПреБрзата Помош,веднаш ме однесе до Клиниките,а таму сјаат нови пречисти болници.Внатре,најсовремени апарати,Варосани соби,бели чаршави!Лекарите насмеано брзаат да им угодат на пациентите!Насекаде,компјутеризирани,средени и чисти училишта,а учениците отвориле учебници(не сурфаат на Фејсбук)и учат ли,учат!Протрча некоја етничка група дечиња,која гордо го вееше Македонското знаме.Фабрики-Сите вработени!Мафија?Нема!Нема просјаци во центарот,ниту во другите градови.Пустите села-керпичот го замениле палати-Преполни.Одеднаш,галама!Кранови!Металот чкрипи!Полиција!?Три часот наутро!?Звукот ме враќа во кошмарната реалност!Станувам, препотена: Чуваааај!!!Иде „Преродбата“!Гордо гледам во спомениците - ќе има каде да Се Лечам!
Од: Aleksandar Makedonski
Датум: 04.05.2010 12:15:26
Дојдовте нец��вилизирани од планини и ни го уништивте Скопје! Сега кога почна да му се враќа стариот лик на Скопје, вие истите планинци-лоши Македонцине престанувате да лаете против Македонија и Македонците!
Од: kic
Датум: 04.05.2010 13:00:14
Neviden kic. Gi molam'cenetite " urbanisti i tvorci na Skopje 2014 p.n.e. da mi posocat SAMO EDEN GRAD vo svetot vo koj na tolku mal prostor ke ima tolku spomenici. I Rim, so dolga kultura ova go nema. Sigurno celta im e na "tvorcite" na ovoj proekt, Skopje da vleze vo Ginisovata kniga na rekordi, so naznaka deka toj rekord e postignat vo ekot na svetskata ekonomska kriza. REZIL.
Од: tebe
Датум: 04.05.2010 14:12:45
do site nemam posebno mislenje za toa sto se pravi na plostadot,ama znam istorijata ja pravi narodot.treba da se zacuva narodot zatoa sto bez narod nema istorija.ovoj narod patel so vekovi i nemal drzava zatoa sto ne bil pomognat od golemite drzavi.sega koga imame drzava i koga ni podavaat raka(amerika)NIE GLEDAME U PLAFONOT.I OSNOVNATA PRICINA ZOSTO SME VO KASA e toa sto osven klusev i gligorov drugite sto ne vodea se deca,po 30 godini.kako vo sreden vek koga prestolite se nasleduvale.
Од: Boshko
Датум: 04.05.2010 14:35:26
Na zdravje Makedonijo.Grujo i se e mozno.Znachi vazna e istorijata a ne narodot shto umira na sekade.Namesto pomosht i rabota nie gradime ISTORIJA i toa po ploshtadite na ne zashtiteni mesta gradime gromazni spomenicinamesto seto toa da se gradi ponatamu i da sea chuva vo muzej na Makedonskata istorija nie si igrame so narodnite pari koi pak ke treba siromashtijata da gi vraka. Ej Makedonijo osvesti se.
Од: koj i da e
Датум: 04.05.2010 15:12:40
dajte im leb na siromasnite aman veke so ova ne mozete da mu dokazete na narodot za nasata istorija, tuku samo mozete da im dadete predvid za narednoto glasanje. i tie pari so gi ima i tie gi potrosivte za nesto ne-vazno. Napravete rabotni mesta za narodot da ne umrat od glad
Од: bitola5
Датум: 04.05.2010 15:43:57
Поставивањето на споменици на заслужните дејци на македонија можеби за некој сега изгледа бесмислени или незнам како мегутоа сигурен сум дека не мислат така тук дека само збираат политички поени.Но јас сум исто така сугурен дека еден ден овие споменици ке бидат еден од столбовите кои ке зборуваат за македонскиот идентитет
Од: ДО „ЛУДА МАРА„
Датум: 04.05.2010 15:49:51
Оф мори Маро на сета мака, слатко ме изнасмеаДа си жива и здрава!Не се буди Маро! Сонувај,идат ПИРАМИДИТЕ! живот ЛИ Е ОВА ИЛИ ПАНАЃУР пееше Хаџиманов..Фрли тоа дијазепамот !Алтернативна медицина !Трк пред споменициииииииииииииииииииииии!
Од: Gox
Датум: 04.05.2010 15:53:14
Ahh,kolku jas uzivamsto vie patite vo vasata nemok da smenite nesto,pa samo online plukanjeto vi ostana kako lecenje...Jas licno od moite davacki kon drzavata odobruvam gradenje spomenici..a vie prodolzete da patite !!!
Од: ika
Датум: 04.05.2010 16:37:26
znaete kako vikaat : Po dobar konj golema prasina se diga, kako da bese prazniot Plostad ( Celi 50 Godini ) poubav pa sega ova ne cini ??? Abe ajde !! Ne 100 tuku 1000 spomenici treba da se napravat za inaet na nasive a bogami i stranskite dusogriznici !
Од: Petko
Датум: 04.05.2010 16:57:05
Gospodine Gruevski, da ne zaboravis , da si ostavis mesto i za tebe da ti podignat spomenik ovie Vmrovcinja, za da moze da se secavaat koga si im ja raznebitil drzavata - za zal.
Од: Македонија
Датум: 04.05.2010 17:53:38
Каде е Јане Сандански? Каде се Тодор Паница, Димо Хаџи Димов, Ѓорче Петров? Каде се Ѓорѓија Пулевски, Венијамин Мачуковски, Теодосие Гологанов, Партение Зографски... Каде се Кузман Јосифовски-Питу, Мирче Ацев...Овие ВМРО-овци се кријат дека се наследници на ВМРО на Тодор Александров кои како чума бегаат од следбениците на Јане Сандански и ВМОРО. Останатите се полтрони и кодоши изникнати во комунистичка Македонија кои немаат ниту цел ниту идеал... Со месеци слушам глупави расправи а ништо суштинско или сериозно. Ќе им дојде крајот, и на едните и на другите. Да живее слободна и независна Македонија!

Најди! во Утрински
Насловна
Зденко
Убеден сум дека Трајковски е убиен
Молкот на новинарите
Урбана утопија што функционира
Нови мемоари на познатата русокоса
Таен патриотизам на плоштадот
Тито - отворена енигма
Чизми за разлика во ставови
Победа исклучена и од македонскиот фудбал
Германски кампери нападнати во паника поради киднапирано дете
Пет години „Авон“ во Македонија
„Храброст“ на судијата на Уставен суд
Гордон Браун ја губи фотелјата
По Тито, остана само Тито
Опозицијата бара собраниска седница за спомениците