Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
29.04.2012, 18:49

Осум часа во Солун

Речиси е невозможно да пешачите пет минути во градот, а да не поминете покрај римско, отоманско и византиско здание

Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ


Солун - Солунчани не се надеваат дека во догледна иднина ќе има метро во нивниот град. Не толку поради ефикасноста на градежната служба колку поради историјата и структура на градот. „Каде и да се почне со копање во Солун, сигурно е дека ќе се налета на некој артефакт“, велат солунчани. Речиси е невозможно да пешачите пет минути во градот, а да не поминете и покрај римско, отоманско и византиско здание. Меѓутоа, како што е случај со секој град, така и во Солун секојдневието доведува до тоа граѓаните да ја заборават историската приказна за културните споменици покрај кои поминуваат секој ден.



11.00 Наварину



Секој има различна маршута низ Солун. Некој седнува веднаш покрај море. Јас сакам да го прошетам целиот центар и да седнам на „Наварину“. Плоштадот „Наварину“ се наоѓа неколку минути од централниот плоштад „Аристотел“, кој веројатно го паметите како местото кое постојано мириса на ванила поради слаткарницата која ги прави највкусните и најскапите милиброди, прелиени со чоколадо, во цела Грција. „Наварину“ е релативно помирен. Вработените во книжарниците, бутиците или сендвичарниците околу плоштадот се врткаат наоколу, најмногу поминуваат студенти кои или заседнуваат во бројните студентски кафулиња околу „Наварину“ или продолжуваат на предавања. Ако „Аристотел“ мириса на ванила, „Наварину“ повремено мириса на палачинки поради збиените палачинкарници во централниот дел на плоштадот, декорирани со тегли со чоколаден крем, со јагоди, лешници и ореви. Овој плоштад се смета за дом на солунскиот андерграунд и солунските студенти. Во текот на целиот ден и ноќ е окупиран од студенти, ентузијасти кои музицираат на гитари, спонтани концерти, гласни дебати.

Во таква атмосфера ретко кој си споменува дека зад ѕитчињата и клупите на кои се заседнати големи друштва се наоѓа дел од палатата на римскиот император Галериус, а во продолжение и хиподромот на Галериус. Палатата не затскриена, така што и без да влезете внатре само обиколувајќи го просторот можете да ги разгледате остатоците од некогашното раскошно здание на римскиот император од 4 век. Забележителни се големи подни мозаици, дел од столбовите и ѕидовите на палатата. Палатата на Галериус била поставена на голем простор со широк атриум, простор за императорскиот трон, свечена сала, храмови, спални соби, фонтани. Огромниот комплекс продолжувал кон Триумфалната капија и Ротондата за која се смета дека била предвидена како мавзолеј за императорот.



13.00 Камара и Ротонда



На неколку чекори од плоштадот, веднаш штом ги преминете семафорите на „Егнациа“, ја здогледувате Триумфалната порта на Галериус. Позната и како Камара, некогашниот триумфален симбол со децении е главното место за чекање на солунските студенти. Ако во Скопје се чекаме на „Рекорд“, во Солун се чекаат на Камара. Триумфалната порта била изградена по триумфот на Галериус над Персијците. На портата, која е изградена 305 година, се прикажани сцени од битките. Портата била во форма на октопилон кој формирал три порти, со тоа што централната била најширока. Денес се останати само делови и од мермерни релјефи на кои се претставени сцени од битките на Галериус со Персијците.

Покрај Триумфалната порта, погледот ви застанува и на солунската Ротонда. Со влез во Ротондата целосно се исклучувате од солунскиот хаос. Во просторот владее апсолутна тишина и мистична светлина. На објектот во текот на годините и различните владетели и напаѓачи на Солун му го менувале и името и намената. Сега е познат како Ротонда или црквата на Св. Ѓорѓи. Не се знае точно зошто била изградена Ротондата, но низ вековите служел како римски храм, христијанска црква, па дури и џамија за време на Отоманската империја. Постојат некои теории дека објектот бил наменет како мавзолеј за императорот Галериус, но тој по неговата смрт сепак не бил сместен во Ротондата и објектот стоел празен се' додека императорот Константин во 4 век не наредил да биде пренаменет во христијанска црква. Во овој период ѕидовите биле покриени со голем број мозаици со христијански мотиви. Сега се гледаат само дел од мозаиците. Приказната на Ротондата продолжува и во периодот на отоманското владаање на Солун. Во 1590 година наместо црвка почнува да се користи како џамија, вдомувајќи го во својата историја и исламскиот дух се' до Балканските војни.

Светлоцрвениот кружен објект има дијаметар од 24,5 метри, висина од 29,80 метри, а ѕидовите се подебели од 6 метри, што е и објаснувањето како Ротондата ги преживеала солунските земјотреси. Како дел од нејзиното исламско искуство во Ротондата е зачувано минарето изградено до неа. Покривот на ова здание е висока светла купола. Внатрешноста на Ротондата е сосема смирувачка и топла, исполнета со светлина од прозорците на горниот дел од објектот.



15.00 Тајните на метрото



Ако порано цел овој комплекс Палатата, Триумфалната папија и Ротондата бил изграден за да се задоволи волјата на императорот Галериус, денес целосно им припаѓа на студентите. Млади застануваат сами или во групи пред портата додека чекаат некого во излитени „старки“ виткаат тутун и слушаат музика.

Сообраќајот на „Игнација“ е уште погуст од пред неколку години кога започнаа работите на подземната железница. Никогаш не ми била омилена како улица, а изградбата на метрото ја направи уште посива во мои очи. Делови од улицата се затворени, стеснети, некои од двонасочни станаа еднонасочни, некои пешачки зони. Крвотокот на градот целосно се измени.

Моите пријатели од Солун не веруваат дека некогаш ќе има метро во градот. Велат сите почнуваат да копаат пред и по добиените избори, но каде и да копнат, ќе треба да застанат за да извадат некој предмет на кој ќе налетаат. Наместо да напредува метрото, напредуваат археолошките работи. Солун во текот на историјата бил и сега останува важно пристаниште и за трговската стока и за светската култура. Го нарекуваат и град на духови, поради тоа што во него се сплотени толку различни култури и религии. Раскопувањето на градот за потребите за изградба на метро само повторно ги оживеа сите овие духови. Од Министерството за култура на Грција информираа дека преку археолошката работа на земјиштето, на новите метро линии во Солун се најдени илјадници предмети од римско и византиско време. Илјадници мозаици, делови од цркви, стари златни венци, вазни, слики, предмети за секојдневна употреба излегоа на површина, креирајќи на овој начин град во град.

Солун е еден од оние градови во кој се претопуваат и европската и источната култура, а за многумина градот е совршен спој на Истокот и Западот. Солун, кој е основан во 315 година п.н.е., бил дом на Македонците, Хелените, Римјаните, Византијците, Отоманците, Евреите и секој од нив по нешто попримил, а и по нешто оставил во наследство за градот.

Она што најмногу ги воодушеви и археолозите и граѓаните е тоа што при работата на метрото токму под Триумфалната порта се најде дел од стариот римската магистрала Виа Игнација, која била изградена 146 година п.н.е. и служела за поврзување на јадранските колонии со Византиското царство. Длабинските ископувања паралелно со работата за метрото имаат стигнато до нивото на византиски Солун, а во следниот период е предвидено да се копа уште подлабоко. Според информациите на Министерството за култура до сега се најдени над 28.000 артефакти, меѓу кои околу 5.000 садови, 5.000 стаклени предмети, 1.500 парчиња накит, повеќе од 400 фигурини, осум златни венци, а најден е и дел од строхристијанска базилика. Планот на министерството е откако ќе се испочитува законската процедура и ќе заврши историското и археолошко проучување на артефактите, тие да се изложат во посебни заштитени простори во метрото во Солун, слично како што е направено и во Атина. Археолошките работи се предвидува да се завршат до крајот на оваа година, не само за да се забрза процедурата за работа на метрото, туку и за да се заштеди.



17.00 Ано Поли



Малкумина од посетителите на Солун се одлучуваат да искачат една угорнина и да фрлат сосема поинаков поглед на градот. Таа отсеченост од центарот го затскриваат горниот град. Угорнината која ве води од долниот дел кон Ано Поли (горниот град) ја искачувате за помалку од петнаесетина минути. Ано Поли веројатно никогаш нема да има метро, но има еден од поубавите панорамски погледи над градот. Со самото влегување во Ано Поли ве дочекуваат ѕидините од стариот замок изградени во време на царот Теодосиј. Првиот пат кога шетав низ Ано Поли со еден пријател од Солун гледајќи ги ѕидините очекував некаква туристичка магија во внатрешниот дел на замокот. Се шокирав кога видов дека во внатрешниот дел на старите ѕидини нема ништо. „Сакаме да ги чуваме убавите места мирни и помалку комерцијализирани, далеку од очите на туристите“, ми објасни пријателот.

Ано Поли во суштина претставува акрополот на Солун. Ѕидините почнале да се градат уште од самото основање на градот, а потоа во понатамошниот период се ширеле за подобра заштита на градот од напади. Освен византиските ѕидини на влезот на Ано Поло, доколку прошетате повнатре ќе налетате на тврдината Хептапиргон што во превод значи „Седум кули“ и е позната и по турското име „Једи Куле“. Тврдината има десет кули и била главна тврдина на градскиот акропол, како и седиште на гарнизонот на командирот за време на Отоманската империја. По заминувањето на Турците, тврдината се користела како затвор се' до 1989 година. Во овој дел од градот има многу куќи чиј стил е речиси идентичен на охридската архитектура.

Темпирајте го спуштањето во центарот на градот околу зајдисонце. Ано Поли има еден од најубавите погледи на Солунскиот залив. Пред вас се простира цел град. Погледот шета од пространството бели, збиени згради кон морето. Заедно со сонцето и набљудувачот незабележано се губи во синилото.


Статијата е прочитана 2615 пати.


Испрати коментар



Албанците сакаат муфтија претседател
Швајцарците се плашат од германски доселеници
Самоубиствата во Србија – енигма
Цути европскиот пазар на жени
Саркози го замолчува Строс Кан
Африкански бран над средна Европа
Пападимос се враќа во професорската катедра



demokrat, 30.04.2012 02:38:06
A barok...? Skopje sega e zapad za Solun, hihii...
Sydney Australia, 30.04.2012 04:06:42
Pocityvana novinarke blagodaram sto veke nekoj se sete da napise nesto za centarit na makedonskata kultura od mination vek i denesen makedonski centar so zabraneta makedonska kultura, Solun e mesto od kade pocna vozobnovata na ovaa makednoska densna drzava sro ziveeme. Tamy e rodeno TMORO i pokasno VMRO. Kade se makedonskite anticki belezi. napomnyvate samo Rimsko vizantisko i Grcko Tursko i sekakvio ama ne makedonsko. zosto e toa taka ????
mene u eu, 30.04.2012 08:33:02
Odlicno izrabotena statija, komplimenti do avtorot.Sekoja lokacija e precizno i pragmaticno opishana.Najverojatno i dosta insaider- informacii. Solun sakale ili ne ke ostane centralno pristanishte i trgovski centar na razmena vo regionot.Noviot Gradonacelnik Butaris i negovata nepartiska potocno avtonomna politika e ogromna shansa za grcko-makedonska sorabotka barem na gragansko nivo,toa se nadevam im e poznato na nashite Gradonacalnici?Smetam da Makedonskite Politicari treba da maksimalno ja iskoristat ovaa moznost za vzaemna sorabotka i razvoj.Iako Grcija se naoga vo teshka situacija, MK ke treba ushte najmalku eden vek da uci od iskustvata na diplomatsko i ekonomsko pole. da ne zaboravime deka sekogash postoi dobra shansa za vzaemna sorabotka so sosedot!!
VP, 30.04.2012 12:30:10
Кирил и Методиј не беа ли и тие од Солун? А има ли нешто останало од гимназијата во која учел Гоце Делчев? Што ли има сега на тоа место? Навистина нема ништо подобро од добрите меѓусоседски односи ...
Кенгур, 30.04.2012 13:28:30
Солун центар на македонската култура? Македонски антички белези!!!!!!! За твоја информација , таму е формиран БМОРК (Б’лгарски македоно-одрински револуционерен комитет), а на ТМОРО и ВМРО!Во Франција таквите како тебе се презиваат Du Becque (Ди Бек)!
До Сиднеј Австралија, 30.04.2012 19:47:45
Почитуван Сиднеј Австралија,Солун никогаш не бил центар на македонската култура затоа што никогаш Солун не бил наш град.Оваа денешна држава каде што живееме ја створиле македонските комунисти заедно со комунистите од сите други југословенски републики здружени во КПЈ.Таму не е родено ТМОРО туку Бугарските Македоно Одрински Револуционерни Комитети кои покасно се наречени ТМОРО па ВМОРО па ВМРО,но тоа никогаш не се борело за македонскиот народ,туку за бугарите во Македонија и на страна на бугарската војска во Балканските,Првата и Втората светска војна.А треба и да знаеш дека ант.македонци на чело со Александар го ширеле грчкиот јазик,грчкото писмо,религија,грчка филозофија наука и култура.
До до Сиднеј Австралија, 01.05.2012 13:18:16
Солун до 1913 а и цела тн егејска Македонија не била никогаш грчка. Ти треба да си го преиспиташ антимакедонството. Во Грција денес нема ниту еден човек антички Македонец ама Грк. До 1913 Сулон беше македонскотурскоеврејски град. Во 1900 год од 135.000 само 15.000 грчки трговци а тогаш Атина имала 70.000. Грците во Македонија се доселени после 1913. А сите Македонци Власи Роми Турци Евреи Албанци и други се е претворено во Грк. Грција до 1913 ниту сонувала дека пола Македонија ќе анектира. Научи ја македонската вистина а баратате со гркосрбобугарски лаги.
Tina, 01.05.2012 15:52:31
Se vo se, memorijata vo 1946, bese gorka za mojata familija. Dali toa treba da ne se spomnuva? koga se gradi priatelsko osekanje preku taa granica na nezaboraven strav? Nasa Makedonija, nasa zemja vo ropstvo. Nasiot duh sekogas uznemiren. Solun, moj roden kraj.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
  


Site Meter


Време
Скопје, 13°C

Претежно облачно

Петок
Ведро
Макс: 24°C, Мин: 9°C

Сабота
Локални грмотевици
Макс: 24°C, Мин: 7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
Торнадото во Оклахома посилно од атомската бомба во Хирошима
Чудовишното торнадо со димензии од 27,2 км должина и 2,08 км ширина било 600 пати посилно од атомска бомба...
Девојчето со насмевка на лицето
Џени Хорнсби беше прво од седумте идентификувани деца кои загинаа од Торнадото...
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |