Број 3094  петок, 25 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Берзата го преживеа најлошото, доаѓаат подобри времиња

Според првиот човек на Македонската берза, Иван Штериев, пазарот на хартии од вредност го доживеа дното, особено од аспект на обемот на тргување, а сега останува да се види како ќе се одвиваат движењата, во која форма и со која динамика, до крајот на годината. „Цела 2009, како што и беа очекувањата, е доста циклична во движењата и на цените и на прометот особено. Во септември има мало раздвижување во позитивна насока и од ценовен аспект, на месечно ниво индексот досега е пораснат за околу 10 отсто, но и во прометот, што е уште поважно. Се' ова што се случува последниве денови е во корелација со она што се случува во регионот и во светот“, истакна вчера Штериев на конференцијата за односите меѓу инвеститорите. Тој порача дека во услови на криза, како годинава, учесниците на пазарот треба да се фокусираат на она што ќе се случува кога ќе дојдат подобри времиња и на развојни компоненти.

„Една од причините поради кои Македонска берза се впушта во семинар како овој ’Односи со инвеститори‘, е новиот бум кој ќе го дочекаме, временски е неизвесно, но секако дека ќе има раздвижување. Цел е компаниите да бидат во многу подобра комуникација со инвеститорите. Тајмингот за вакви активности е оптимален зашто односите со инвеститорите се многу битна компонента која недостасуваше на пазарот“, рече Штериев.

Според берзанските аналитичари, полека во последно време се зголемува нивото и квалитетот на објавените информации од македонските компании. (Ек.Р)


#
Статијата е прочитана 765 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Челичната индустрија во агонија - власта без одговори
Лидерите на Г-20 договараат нови мерки за контрола на финансиите
Колку државни пари се дадени за енергетската стратегија?
Девизните резерви малку се освежија
Не пристигна ниту една понуда за ХЕЦ „Бошков мост“
Стартуваат реформи за влез во еврозоната
Нема да се зголеми каматната стапка
„Автоваз“ ќе укине 27.600 работни места