Број 2906  сабота, 07 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Мислења

Македонија и меѓународните финансиски потреси

Берт ван Селм

За еврозоната на која отпаѓа повеќе од половината од македонскиот извоз, ММФ сега проектираше за два процента намалување на растот годинава

Минатата недела Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги публикуваше ревидираните проекции за глобалната економија. Бројките беа исклучително депресивни. За еврозоната - на која отпаѓа повеќе од половината од македонскиот извоз - ММФ сега проектираше за два процента намалување на растот годинава. Проекциите за растот во 2009 година за Централна и Источна Европа, исто така, беа остро намалени за 0,5 проценти. Оваа криза е навистина глобална и ниту една земја не ќе може да ги избегне ефектите од неа.



Различно од другите земји и во развиената Европа и во Европа во развој, директното влијание на кризата врз македонскиот финансиски сектор беше ограничено досега. Македонските банки ја задржаа адекватната капитализација, со просечното ниво на индикаторот за капиталот во однос на средствата 15 проценти, речиси за два пати над нивото на регулаторниот минимум. Тие во најголем дел се потпираат на домашните депозити наместо на меѓународните кредитни линии; индикаторот на банкарскиот систем за нивото на кредитите во однос на депозитите е значително под 100 проценти. Двете најзначајни странски банки кои работат во Македонија - Националната банка на Грција, сопственикот на Стопанска банка Скопје, како и Нова љубљанска банка, сопственикот на Тутунска банка, се чини, остануваат силни.

Меѓутоа, кризата го погоди реалниот сектор во Македонија. Најпрво, индустриското производство опадна за 10 проценти на годишно ниво во декември, пред се' со падот на металскиот сектор за речиси 60 проценти. Со оглед дека овој сектор е претежниот извозник, ваквата состојба, исто така, го зголемува притисокот врз надворешната позиција на земјата. Поврзаните сектори, како што е тоа транспортот, на пример, се исто така во тешка состојба. Второ, приватните трансфери или поточно девизните средства продадени на менувачкиот пазар, на нето-основа, исто така, остро се намалија во текот на 2008 година, за повеќе од 10 проценти во однос на 2007. Ова се должи на неколку фактори: намалената економска активност во еврозоната, како и неизвесностите во Македонија. Трето, меѓународниот пад на кредитирањето доведе до остра контракција, односно намалување на странските директни инвестиции во втората половина од 2008 година (140 милиони евра, до октомври) кој следуваше по големиот пораст на СДИ во текот на првото полугодие од годината (над 300 милиони евра). Како резултат на овие движења, дефицитот во тековната сметка порасна до 16 проценти од БДП во 2008 година, додека девизните резерви се намалија од 1,7 милијарди евра на крајот на септември до 1,5 милијарди евра на крајот на годината.



Властите преземаа спротивставени активности со цел да се справат со предизвикот од зголемувањето на надворешниот дефицит. Во декември, Народна банка презеде мерки за затегнување на монетарната политика, додека Владата се определи за поекспанзивна фискална политика. Прудентните мерки што НБМ ги објави на 25 декември - кои вклучуваат ограничување на порастот на кредитите на населението, за секоја банка, како и воспоставување на индикатори за минимална ликвидност, би требало да помогнат во задржувањето на кредитниот растеж и намалување на увозот. Од друга страна, Владата само во текот на декември креираше фискален дефицит од 11 милијарди денари (3 проценти од годишниот пораст на БДП). За жал, ова ќе ги влоши состојбите со надворешниот дефицит. Забрзаното трошење од страна на Владата во 2008 година го доведе кумулативното буџетско ниво од двопроцентен суфицит на крајот на ноември до дефицит од еден процент на крајот на декември. Дел од зголемените трошења во декември го одразуваат трансферот на средства од сметките на Владата на сметките на јавните претпријатија во сопственост на државата, од кои макроекономското влијание ќе се почувствува во текот на првата половина од 2009 година. И покрај тоа, на 29 декември, парламентот го усвои буџетот за 2009 година со проектиран дефицит од 2,8 проценти од БДП, што значи дополнителна фискална експанзија. Проекциите на приходите се базирани на многу оптимистички претпоставки дека економскиот растеж оваа година ќе достигне 5,5 проценти, посакувана цел за Македонија, која меѓутоа е неверојатно тешко да се постигне, имајќи ја предвид тековната светска рецесија. Дури и трипроцентен растеж, кој се предвидуваше во извештајот за консултациите по членот 4 за 2008 година изгледаат премногу високи. Доколку се направи пореалистична проекција, целосното извршување на трошковната страна на буџетот би резултирала во уште повисок дефицит. Ваквиот дефицит би требало да се исфинансира, меѓутоа, со оглед на тековното проблематично меѓународно опкружување, останува нејасно од каде би се обезбедиле овие средства.



Властите сега треба да преземат поопределен одговор кон предизвикот од растечкиот надворешен дефицит, преку затегнување и на фискалната и на монетарната политика. Тековниот микс на политики значи дека јавниот сектор го истиснува приватниот сектор што дејствува спротивно на објавените политики на Владата за креирање на поприфатливо деловно опкружување во Македонија. Постои итна потреба од најново согледување на владините проекции за приходите, како и за финансирањето и за соодветно усогласување на планот за трошењата.

Меѓународниот монетарен фонд останува и понатаму подготвен да им помогне на властите во Македонија во ваквите настојувања.

(Авторот е резидентен претставник на ММФ)


#
Статијата е прочитана 1162 пати.

Испрати коментар

Од: Maja
Датум: 07.02.2009 08:53:04
Ve molam ne ni pomagajte. Takva pomos ni e potrebna. Please do not help us. That's the help we need.
Од: ramadan
Датум: 07.02.2009 09:42:37
Jas ne se slozuvam so Maja. Sega ni treba pomos.Ako ovoj pat ja zaglavime ni nema spas.Mozebi Ti Majo imas alternativa,pa ova ne te zasega.Jas bidejci nemam takva moznost,ne se sramam da pobaram pomos,pritoa vodejci smetka deka taa pomos e dobronamerna.Se slozuvam vo edno.Kaj nas vo ovie 18 godini pokraj cesnite ludje koi iskreno sakaa da ni pomognat,dojdoa i dosta belosvetski hostapleri.No,problemot nee vo niv ,problemot e vo procenkite na Nasite "elitni vodaci".Ovoj tekst e dobronameren.Ako instituciite na sistemot se sigurni deka politikata sto ja vodat e vo red,togas neka prodolzat.Ostanuva otvoreno prasanjeto,sto ako ne se vo pravo.Za nas ovaa alternativa nisto ne ni znaci,oti Nie za toa vreme ekonimski ce umreme.Ce ispadne ona na dusmanite: Vi govorevme deka Vie ne ste vo sostojba da vodite DRZAVA.
Од: Ace od Avstralija
Датум: 07.02.2009 23:30:41
Makedonija ne e kriva za momentalnata situacija, a i kapitalizmot e na nisko nivo tamu. Nema potreba od analiza i namaluvanje od bilo sto.

Најди! во Утрински
Насловна
Фасцинирани од Хилари Клинтон
Зденко
Опасни проекти на Борисов за „освојување“ на Македонија
Малите банки го отворија патот за поскапи кредити
Претходен број
Изборите ќе почнат со ланскиот товар
Бескуќник ја убил Ивана Ходак поради одмазда кон татко и'
Отворањето на Берлиналето без гламур
Кобалт мизерија
Нема одлагање на рокот за бруто платата
Дојчиновски победи во најтешкиот меч во кариерата
Европски приоритети - замена на тези
Грција сега не би ги исполнила критериумите на Брисел