Број 3216  вторник, 23 февруари 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Фељтон

Site Meter

Шеснаесет наслови во трката за „Роман на годината“


Жири-комисијата за доделување на наградата на „Утрински весник“ издвои 16 од пристигнатите 33 романи

Невена Поповска


Жири-комисијата за доделување на престижната награда на „Утрински весник“ за најдобар роман на годината, на вчерашниот состанок ја направи првата селекција со која од пристигнатите 33 романи издвои 16.

Годинашната продукција на романи кои конкурираа за престижната награда „Роман на годината“ на „Утрински весник”, на креативен начин, покажува и докажува дека, идејата за конкурсот, по единаесетти пат, успева да мотивира разнородни наративни практики и стратегии. Конкурсот е вистински филтер за квалитет, вредност, но и оригиналност и новитет. Иако, пошироката селекција од триесет и три романи, не ги задоволува естетските и вредносните критериуми, сепак потесниот избор на дела, емитува креативна писменост, свежина и наративна енергија. Глобално, продукцијата има сосем хетерогени амбиции и потреби, кои доведуваат до различни резултати, но и до пресликување на некои доминанти од нашата продукција од изминатава деценија.

Пристигнатите романи на конкурсот за „Роман на годината“ на „Утрински весник“ говорат за тоа дека македонската романескна продукција во последните години не е само одраз на уметничките потенцијали на Македонците, туку и повеќе, таа ја отсликува општествената ситуација во која живееме гледана од една поинаква перспективата. Од ова формална гледна точка годинешната продукција покажа дека македонските писателки и писатели преку секојдневните мали теми генерализираат општи состојби на духот и менталитетот, обидувајќи се да бидат уметнички сведоци но и одреден коректив на мноштвото вистини и невистини со кои живееме денес.

Остварувањето на овие писателски амбиции се одвиваат преку неколку жанрови кои главно кокетираат со постмодернизмот или со најновите биографско- историски тенденции во современиот Европски роман.

Освен бројноста на насловите на романите, факт што изборот на романот на годината го потврдува секоја година, годинашната продукција може да се издвои од оние од претходните години по големиот број дебитантски остварувања, при што некои од нив се создадени од автори кои се веќе во зрели, па и поодминати творечки години, по големата разновидност на темите и широката жанровска застапеност, како и по дела што ја потврдуваат зрелоста на робусните писатели.

Богатството на темите и разновидноста на жанровите е ситуација која ја става секоја жири-комисија во непријатна положба да споредува речиси неспоредливи работи, но затоа е и податок кој радува зашто ја поставува македонската книжевна сцена на едно рамниште кое мошне лесно може да се компарира со високите вредности на светската литературна продукција. Имено, како ретко кога на македонската литературна сцена дејствуваат сите генерации, од најмладата до најстарата, што самото по себе доведува до вистинско богатство на идеи, стилови и постапки.

Последнава деценија во Македонија, а во светот уште од порано, се почеста е констатацијата дека романот е доминантен жанр, жанр во експанзија.

Со оглед на пристигнатите романи во културната редакција на „Утрински весник“ и со оглед на фактот дека некои и не конкурираат за оваа награда, што значи дека романсиерската продукција ја надминува бројката 40, па 2010 можеме да ја означиме како година на романот во Македонија.

Ваквата теза поткрепена со споредбена статистика, би изгледала вака: во првата деценија од развојот на македонскиот роман пишуван на кодифициран македонски јазик, објавени се околу 10 проценти помалку наслови од оние во 2005, а во првите две децении (1952-1972) бројот на објавените наслови не е ни двојно поголем. Станува збор за статистика која оперира со приближни бројки зошто никој, без опстојно истражување, со сигурност не може да тврди за бројот на објавени книжевни дела во Македонија, од едноставна причина што такви податоци нема. Значи комисијата има задача од мноштвото романи разнородни по тема и наративна концепција, романи кои припаѓаат на различни стилски формации, романи чии автори се од различни генерации, од дебитанти до потврдени книжевни имиња и, на крајот, романи кои демонстрираат различно поимање на самиот термин роман, да избере речиси половина, па постепено да дојде до еден кој ќе го носи епитетот „Роман на годината“ на „Утрински весник“. Таа намножена разновидност ги потврди веќе стекнатите вредности на македонскиот роман, но донесе и значајни новини.

Список на романи што влегоа во првиот круг за „Роман на годината“ на „Утрински весник“

1. „Фати го ветрот“ - Петре Бакевски, „Тера магика“

2. „Љубовна приказна“ - Тодор Басотов, „Македонски духовни конаци“

3. „Кале“ - Јордан Јовановски, „Macedonia prima“

4. „Три секунди“ - Игор Крајчев, „Матица“

5. „Недела“ - Ермис Лафазановски, „Магор“

6. „Седумте чинари“ - Ким Мехмети, „Макавеј“

7. „Бајазит и Оливера“ - Драги Михајловски, „Каприкорнус“

8. „Ланскиот снег“ - Миле Неделковски, „Макавеј“

9. „Белиот чад“ - Оливера Николова, „Или-или“

10. „Дваесет и првиот“ - Томислав Османли, „Блесок“

11. „Град, луѓе, години“ - Јован Павловски, „Ми-ан“

12. „Пропатување низ приказните“ - Димитар Пандев, „Македонска реч“

13. „Од агендата на Калина Калин“ - Лилјана Пандева, „Македонска реч“

14. „Цена од Ново маало“ - Владимир Плавевски, „Дирекција за култура и

уметност“

15. „Последниот чај“ - Винка Саздова, „Три“

16. „Амбасади“ - Луан Старова, „Макавеј“

 

Список на романи пристигнати на конкурсот за „Роман на годината“ на „Утрински весник“

1. „Ликот од огледалото“ - Светлана Антиќ – Јовчевска, „Македонска реч“

2. „Фати го ветрот“ - Петре Бакевски, „Тера магика“

3. „Љубовна приказна“ - Тодор Басотов, „Македонски духовни конаци“

4. „Долг е патот до Б’ово“ - Ѓоше Бојаџиев, „Макавеј“

5. „Виндузи“- Вера Бужаровска, „Академски печат“

6. „Диме Туриманџовски Горски“ - Раде Гогов-Црноречки, „Китано

Македонија“

7. „Сенките на сонот“ - Јован Дамјановски, „Панили“

8. „Изгубен пат“ - Петре Димовски, „Дијалог“

9. „Две сестри“ - Милорад Здравковски, „Промикх“

10. „Кале“ - Јордан Јовановски, „Macedonia prima“

11. „Писма до саканата“ - Мето Јовановски, „Макавеј“

12. „Соседовата кокошка“ - Никола Кочовски, „Култура“

13. „Три секунди“ - Игор Крајчев, „Матица“

14. „Недела“ - Ермис Лафазановски, „Магор“

15. „Серија од мајки“ - Ава Марис, „Алфа 92“

16. „Седумте чинари“ - Ким Мехмети, „Макавеј“

17. „Гнев или одмазда“ - Димче Миновски, самостојно издание

18. „Шикло“ - Димче Миновски, самостојно издание

19. „Бајазит и Оливера“ - Драги Михајловски, „Каприкорнус“

20. „Ланскиот снег“ - Миле Неделковски, „Макавеј“

21. „Белиот чад“ - Оливера Николова, „Или-или“

22. „Дваесет и првиот“ - Томислав Османли, „Блесок“

23. „Град, луѓе, години“ - Јован Павловски, „Ми-ан“

24. „Патот на пеперутките“ - Лилјана Палигора, „Академски печат“

25. „Пропатување низ приказните“ - Димитар Пандев, „Македонска реч“

26. „Од агендата на Калина Калин“ - Лилјана Пандева, „Македонска реч“

27. „Цена од Ново маало“ - Владимир Плавевски, „Дирекција за култура и

уметност“

28. „Марек детето што исчезна“ - Александар Поповски, „Александар и

Александар“

29. „Бравско око“ - Ѓорѓи Прчков, „Графо пром“

30. „Последниот чај“ - Винка Саздова, „Три“

31. „Амбасади“ - Луан Старова, „Макавеј“

32. „Разгледници“ - Ивана Трајаноска, „Арт и Арт“

33. „Дабјак“ - Петко Шипинкаровски, „Феникс“

 


#
Статијата е прочитана 1120 пати.

Испрати коментар

Од: Jas mislam
Датум: 23.02.2010 12:56:08
Porano,vo minatite godini,Utrinski vesnik objavuvase delovi od pristignatite romani na konkursot.Na toj nacin ja predizvikuvase i citatelskata ljubopitnost za odredeni dela,koi potoa so dusa se cekaa da bidat posteni vo promet. Mislam deka taa praksa treba da prodolzi i oboj pat. So posdrav.

Најди! во Утрински
Насловна
Зденко
Слободно паѓање
Кој беше Ванчо Михајлов (10)
Скромни очекувања од Нимиц во Грција
„Топлификација“ ги препушти граѓаните на сонцето
Улогата на бундите во политиката
Супер недела
Психолошки тестови за идните судии
Молчењето на г.г. Стефан не е злато
Струјниот удар појак од 10 проценти
Боде Милер, конечно, освои злато!
Пепи Римјанката, Владата и ЕВН
И Косово услов
Политичарите ја жнеат поплавената Пелагонија