Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Хроника
29.04.2012, 18:21

Убијците се кријат во соседството?

Дали ќе следува полициска акција во неколку балкански држави

„Моите информации говорат дека наскоро во две до три балкански земји, ќе има апсење на убијците. Откривањето на извршителите на масакрот кај Смилковци ќе биде силен стабилизирачки фактор и ќе се надминат дилемите кој стои зад овој теористички акт, поопасен и со поголеми последици од обидот за атентат на претседателот Киро Глигоров“. Ова е дел од интервјуто на ексминистерот за внатрешни работи, Павле Трајанов дадено за српски „Вести Онлајн“. Најавата за скоро апсење на петкратните убијци и тоа во заедничка акција на полициите од регионот, предизвика големо внимание во јавноста, поради што вчера го побаравме Трајанов. Тој објаснува дека изјавата ја дал во контекст на гласиштата за дестабилизација на регионот и оперирањето на две паравоени групи во северно Косово.

„Треба да се работи на превенирање. Важно е косовската полиција, меѓународните сили во Косово, како и македонската и српската полиција да превенираат и да го неутрализираат криминалот за да не ни се случуваат вакви злосторства што може да го дестабилизираат регионот“, вели Трајанов.

Во МВР и натаму молк за истрагата по суровите убиства кај Радишани што се случија пред две и пол недели. Премиерот Никола Груевски вчера уште еднаш изјави дека истрагата оди во добар правец, без да бидат прецизирани детали. Од друга страна, се' погласни се шпекулациите дека истрагата тапка во место, но надлежните уверуваат дека работат добро и бараат време за убијците да се најдат пред лицето на правдата. (Г.А)


Статијата е прочитана 5466 пати.


Испрати коментар



Несреќите при работа не се судбина
Црногорец го тужи македонскиот Интерпол во Стразбур



bb, 30.04.2012 14:19:25
se nadevam deka ke se najdat a 100% mislam deka se na kosovo sto neznaci deka mora da se kosovari........
mence, 30.04.2012 17:24:01
neka pocivaat vo mir a tie sto go napravija ova zlostorstvo da bidat kazneti a i bog da go kazni
Кадавер, 30.04.2012 17:37:35
не верувам дека ќе се откријат нарачателите, а убијците и да се откријат ќе иѕбегаат во планина..па нели кај нас пред 17-18години се фати платен убиец на директорот на пошта од охридско, екс пилот на Јна , лежеше затвор ама не го фатија ни посредникот што му дал пари, а не станува збор за нарачателите..
miki, 01.05.2012 13:42:33
А што ако се најдат и почнат да се тормозат по судовите како тие што ги малтретираа градежните работници??? И да се бара дозвола од Ахмети за судење??????? Ако е така, подобро да не ги фатат.........само ќе си кинеме нерви, ништо друго......

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
  


Site Meter


Време
Скопје, 14°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 29°C, Мин: 13°C

Недела
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
Каде се пресели ВМРО-ДПМНЕ?
Новата (привремена) адреса на ВМРО-ДПМНЕ е меѓу населбите Капиштец и Козле, кај зградата на „Бетон“, во близина на Минис...
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |