22 Учебници достапни во електронска форма
Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Македонија
21.04.2010, 19:00

Учебници достапни во електронска форма

Министрите за образование и наука и за информатичко општество, Никола Тодоров и Иво Ивановски, вчера во ОУ „Гоце Делчев“ го промовираа веб-порталот e-ucebnici.mk, на кој во дигитална форма се објавени учебници што можат да се пребаруваат по одделенија, наслови или по автори. Моментално се поставени околу 60 учебници, од кои најбројни се електронските верзии на учебниците за четврто и за седмо одделение, а во иднина порталот ќе се дополнува со нови содржини. Електронските учебници нема да ги заменат печатените учебници.

Министерот Тодоров информираше дека вчера ги потпишал избраните учебници за петто и за осмо одделение според новата програма. Тодоров донел решение за повлекување од употреба на учебникот по хемија за седмо одделение. (МИА)


Статијата е прочитана  пати.


Испрати коментар

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 14°C

Делумно облачно

Сабота
Ведро
Макс: 23°C, Мин: 7°C

Недела
Локални грмотевици
Макс: 22°C, Мин: 6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
Од култ на личноста до туристички бренд
Од жива легенда и маршал, Тито прерасна во мит, во бренд, во лајтмотив, историска суперѕвезда....
Најевтиниот „блекбери“ доаѓа наесен
Некои наводи говорат дека новиот модел на „Блекбери“, R10, ќе биде во ценовен ранг од околу 300 долари, без договорна об...
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Анализа | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска |