22 Македонија поблиска со Северна Кореја отколку со Јужна
Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
На прво место
25.12.2006, 18:11

Македонија поблиска со Северна Кореја отколку со Јужна

Петнаесет години по независноста, Македонија се' уште не успева да воспостави дипломатски односи со Јужна Кореја, но нема таков проблем со Северна Кореја, и тоа под уставното име.

Ваквата информација вчера ја потврдија извори од нашето Министерство за надворешни работи по ваквото откритие од страна на министерот задолжен за странски инвестиции, Глигор Ташковиќ, за време на неговата посета на Јужна Кореја деновиве. Обидот на Ташковиќ да анимира јужнокорејски инвестиции во Македонија се сопна на оваа политичка пречка, која од необјасниви причини трае предолго и никако да заврши со дипломатски односи меѓу Скопје и Сеул.

Од МНР вчера изјавија дека разговорите со Јужна Кореја за воспоставување на дипломатските односи започнале од 2000 година, дека процесот е многу бавен, но се одвива во добра насока, па очекуваат наскоро да се реши овој проблем. Од МНР велат дека причината, наводно, не е околу уставното име на нашата држава, туку дефокусираноста на Сеул, кој ја туркал кандидатурата на тамошниот шеф на дипломатијата, Бан Ки Мун, за генерален секретар на ОН, поради што биле запоставени преговорите со Македонија. Од МНР посочуваат на фактот дека досега, во билатералната комуникација, Јужна Кореја го употребувала уставното име на земјава, па не се очекува тоа да биде пречка да се затвори прашањето со дипломатските односи. Моментално Македонија поради уставното име нема дипломатски односи и со две европски земји (Кипар и Малта), а од поголемите нема ниту со Сирија, но поради политичкиот имиџ на оваа земја, не се сфаќа тоа како хендикеп за земјава. (С.Ј.)


Статијата е прочитана  пати.


Испрати коментар
25.12.2006, 18:59

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 26°C

Ведро

Понеделник
Ведро
Макс: 29°C, Мин: 11°C

Вторник
Сончево
Макс: 30°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
Евровизија се сели во Данска
Дваесетгодишната пејачка Емели де Форест, која пееше „Only Teardrops“, очекувано го однесе најголемиот музички натпревар...
Се појави наследник на Садам Хусеин
Ибрахим ад Дури, близoк соработник на соборениот ирачки диктатор, се појави како лидер на отпорот во северен Ирак...
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Мислења | Писма | Свет | Наука | Култура | Спорт | Скопје | Шарена | Некролог | Време | Хороскоп | Што прават денеска |