Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
27.04.2012, 17:54

Од маратонско пливање не се живее

По легендарната Атина Бојаџи, нашата најдобра маратонска пливачка Теодора Раптис дипломира на Стоматолошкиот факултет и сега специјализира орална хирургија

Миодраг Мицковиќ

Зад неа останаа стотина испливани маратони во светот, пливаше по езера, реки, мориња, на дел од океаните, беше сопственик на повеќе државни рекорди речиси во сите дисциплини освен во градно пливање. Иако минаа години откако активно го напушти пливањето, се' уште не е соборен нејзиниот државен рекорд на 400 м мешано во пионерска конкуренција во 25-метарски базен. Многумина се' уште се сеќаваат на нашата најдобра маратонска пливачка по легендарната Атина Бојаџи, Теодора Раптис, без која не можеше ниту да се замисли Охридскиот маратон на кој го има постигнато и својот најголем успех освојувајќи го првото место во далечната 1992 година.

Денес со тага љубителите на маратонското пливање се потсетуваат на последните одржани Охридски маратони на кои во неговите бистри и сини води немаше ниту една пливачка од Македонија, го нема повеќе тоа кревко и храбро девојче кое знаеше да се втурне во неговите води и да плива од Свети Наум до охридското пристаниште рамо до рамо со најпознатите светски маратонки.



Каде е денес и што работи Тодора Раптис, сигурно ќе ги интересира нашите читатели?

Имав навистина успешна пливачка кариера, го пропатував светот, веќе и јас не се сеќавам каде се' и на кои маратони сум пливала, но од маратонското пливање не се живее, тешко може од наградите да се обезбеди егзистенција. Затоа пливав и учев, само јас знам колку непреспиени ноќи останаа зад мене, патував со книги во куферот, учев во хотели и во авиони, беа првите зборови на Теодора Раптис со која разговаравме на нејзиното сегашно работно место, како забен лекар во приватната ординација „Продента“ во населбата Ново Лисиче. Дипломирав на Стоматолошкиот факултет во Скопје, во моментот на скопската клиника специјализирам орална хирургија.



Што те привлече токму да студираш стоматологија?

Татко ми беше лекар, специјалист по трудова медицина така што медицината беше присутна во нашиот дом од мојата најрана младост. Јас сум голем љубител на естетика, мислам дека оралната хигиена и прекрасните бели и убави заби се нешто најубаво кај секој човек, јасно ако ја одржува како што треба.



Дали веќе му кажа конечно збогум на пливањето по толку успешни години, може ли Теодора без пливање?

Не сум далеку од базените, мојот сопруг Јане Карајованов, е пливачки тренер и активно сум вклучена во работата на клубот „Орион“, кој заедно го формиравме.



Колку години имаше кога научи да пливаш?

Научив да пливам со пет години, не беше тоа некое пливање, повеќе бањање. Водата некако секогаш ми беше студена, никако не сакав да ја ставам главата во неа, дури и плачев кога ќе ме турнеа во вода. Но подоцна, кога наполнив седум години и кога видов како мојата сестра носи медали од пливачките натпревари, како да се налутив, почнав и јас да тренирам и пливам и така изминаа од тогаш триесетина години пливајќи по базените и во секои води во светот.



Дали се сеќаваш на твојот прв пливачки успех?

Одамна беше, во 1985 година победив на 50 м слободно на Зимското првенство на Македонија. Потоа долго години бев рекордер во речиси сите дисциплини, освен во градно пливање, не ми одеше таа дисциплина многу.



Зошто се преориентиравте на маратонското пливање?

Се налутив кога поради немање средства не отпатував на младинското Европско првенство во 1992 година. Токму таа година беше обновен Охридскиот маратон и за да не ми пропадне сезоната решив да пливам на маратонот. Тоа се покажа како успешно, победив во женска конкуренција, бев втора во вкупниот пласман.



На колку маратони досега имаш пливано?

Според моја евиденција, на повеќе од стотина, на маратони од 2,5 до 88 километри. Каде се' не сум пливала и во какви често невозможни услови.



Најдолг и најтежок маратон на кој си учествувала?

Најдолг беше на реката Парана во Аргентина, долг 88 км, како издржав, тоа само јас го знам. Меѓутоа, најтешко ми беше на маратонот во Атлантик сити, долг 35 километри. На почеток се плива во океан во мошне студена вода, потоа во каналите на Атлантик сити во кои водата е многу топла, како некој да ја загревал и на крајот последните десет километри повторно се плива во водите на Атланскиот Океан. Таа промена на температурите на водата и многу силните атлантски струи во тој дел на светот го прават овој маратон еден од најтешките во таа светска серија.



Твоите најголеми успеси како маратонка?

Победа на Охридскиот маратон 1992 година, второ место на светскиот ФИНА куп во Робервал во Канада, трипати бев петта на светската ФИНА ранг- листа на најдобрите маратонки на светот.



Кога ја заврши пливачката кариера?

Со тажно срце на Светскиот куп во Дубаи 2005 година долг 10 км.



Како го „минуваш“ времето во водата по толку часови пливање, размислуваш ли нешто?

Јас навистина ништо, влегувам во својот филм и пливам до крајот, колку што можам да издржам, а можев многу?



Што најмногу консумираше од пијалаците и храната за време на трките?

Најмногу енергетски пијалаци, пијам кока-кола, јадам банани и чоколадо.



На маратоните пливаше и со твојот сопруг Јани?

Речиси во целата моја маратонска кариера јас и Јани заедно настапувавме, бевме како некој неразделен тандем иако секој пливаше за себе. За мене беше смирувачко сознанието дека сме на исти маки, во студена или премногу топла вода, што исто така не е добро за маратонците. Тоа сознание некако ме поттикнуваше да пливам што подобро, кога знаев дека Јани е тука со мене во водата, иако за време на трките не го гледав бидејќи беше секогаш пред мене.



И на крајот на нашиот разговор твоето мислење зошто денес стагнира пливањето во Македонија, ги нема веќе Маленко, Мешковска, Мирјана Бошевска, Миладиновски, нема маратонка?

На ова прашање навистина немам одговор, одговор треба да даде некој друг, не јас.


Статијата е прочитана 1778 пати.


Испрати коментар



Влатко Ѓорчев доби син
Најновиот LG 3D телефон достапен во Европа
Претставен новиот облак сервис Google Drive
Galaxy S III ќе има четиријадрен процесор
На две тркала сите сме еднакви
Освежување и малку шик за првата дама
Циничниот Доктор Хаус замина во ТВ-легендите
Турски серии VS македонски приказни
Блам-музика



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
  


Site Meter


Време
Скопје, 31°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 29°C, Мин: 13°C

Недела
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
Каде се пресели ВМРО-ДПМНЕ?
Новата (привремена) адреса на ВМРО-ДПМНЕ е меѓу населбите Капиштец и Козле, кај зградата на „Бетон“, во близина на Минис...
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |