Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
08.05.2012, 16:56

Не сакам да бидам ниту директор ниту претседател, туку глумец

Тарик Филиповиќ со години е ненадминлив водител на популарните квизови, иако најблиску до срцето му е актерството

Марина Апостоловска-Вујаклија

„Милионер“, „Еден против сто“ и „Се' во седум“ се насловите на квизовите што успешно и со шарм ги водите последниве десет години. Кој од нив Ви е најблизок до срцето?

Мене тоа ми доаѓа како ист ангажман. Но, ’Милионер‘ сум го работел најдолго и можеби затоа ми е најблизок до срцето. И зашто народот најмногу го сакаше (гледаше). Другото е се исто: натпреварувач - прашање...

Дали пред настапот на квизовите се подготвувате и ги имате сите точни одговори во ракавот или тие се на Вашиот монитор?

Немам никаква подготовка. Пред почетокот на емисијата се наоѓам со мојата уредничка Маја Јурковиќ (инаку, сопруга на Мате Голужа, кој ја осмисли и реализираше „Квискотека“), па избираме изговори на некои странски јазици, ама прашањата не ги гледаме од причина што не сакам да ги знам одговорите...

...Ама некогаш намигнувате?

Ситната психологија е секогаш присутна.

Министерството за култура на Хрватска неодамна сакаше да донесе закон со кој на глумците вработени во хрватските театри да им се забрани учество во телевизиски серии, квизови, реклами. Каков е Вашиот став?

Целата екипа што го има донесено овој закон, според мене, засекогаш треба да си оди од нашата култура. Секако дека треба да постојат некои ограничувања за театрите да не бидат скусени за своите актери. Сите знаеме какви се нашите плати во матичните театри. Би се согласил со овој закон кога би добивал 10.000 куни месечна плата (100.000 денари) и не би работел ништо друго освен улогите во матичниот театар. Ама на луѓето од мојата бранша им треба егзистенција.

„Спектаклук“ е една од Вашите последни креации во театарот „Керемпух“. За оваа претстава се бара карта повеќе веќе неколку месеци. Заедно со Рене Биторајац го напишавте текстот, ја режиравте и ја играте секоја недела. Кој беше мотивот за овој театарски проект?

Со Рене веќе имаме реализирано една наша авторска претстава „Маџик шоуо“, која ја одигравме 300 пати и сега требаше да направиме не само еден, туку десет чекори напред, па така настана овој проект. Мотивот беше да напишеме што ќе го гледа публиката со задоволство, ние со задоволство ќе го играме и да не чекаме некој друг да се сети да напише и режира текст за нас двајцата стари другари.

Рене Биторајац е Ваш уметнички партнер веќе десетина години. Како започна пријателството кое подоцна се претвори во уметност?

Најнапред беше уметност, а потоа пријателство. Бевме иста генерација на Драмската академија во Загреб, родени во истата година. Тој е само 19 дена постар од мене, ама имаме ист хороскопски знак. Сето тоа беше во далечната 1972, па сега пред неколку дена наполнивме 40 години. И јас и Рене. Најнапред бевме колеги на Академијата, потоа почнавме да работиме некои дреболии, заедно дојдовме до ангажман во „Керемпух“... Секогаш велам - секој од нас е креативен на свој начин, ама на сцената заедно одлично функционираме.

Неодамна во еден дневен хрватски весник беше објавен напис со нагодувања кој би требало да ги замени досегашните директори на најпрестижните хрватски театри. За „Керемпух“ беше предложено наместо сегашниот директор Душко Љуштина, Вие да ја преземете должноста, со образложение дека ќе бидете подобар продуцент.

Тоа е напис со кој немам никаква врска. Можам само да говорам за мојот директор Љуштина, кој не е без причина толку години успешен раководител на „Керемпух“. Тоа е еден од најуспешните и најпродуктивните театри во нашата држава, а има и најголем број гледачи. Ништо друго не треба да се додаде. А она што би било кога би било, можеби би можел да бидам и претседател на државата, ха, ха, ха! Мене ми е добро што ми е Љуштина директор, а јас да си бидам целиот живот глумец.

Популарен, секогаш зафатен и насмеан. Како на сето ова гледа Вашето семејство?

Секако дека на мојата сопруга Лејла не и' е лесно. Барем што се однесува до ангажманите: речиси секоја втора вечер имам претстави, секој ден проби, па снимања за квизовите... Благодарение на неа моите синови не го доживуваат тоа како „трагедија“. Функционираме супер и кога се тие пред телевизорот, а јас на екранот. Мојата сопруга сега е заштитно лице на една позната козметичка линија. Не се жртвува таа за мене, туку има повеќе задолженија од мене: се грижи за својата професија, за своите синови и за мене. Секогаш кога ќе можам да и' помогнам во што било, подготвен сум да го направам тоа во кое било време на денот и ноќта.

Сте биле неколку пати во Македонија. Што сакате таму?

Многу нешта - храната, природата, а над се' пријателите - Калиопи, Каролина, Александар Поповски, Дејан Дуковски, Сашо, Кирлаз и Олга.


Статијата е прочитана 1141 пати.


Испрати коментар



„Дајкјури“ - коктел за здравје
Во Белорусија Калиопи ја нарекоа - Македонска Клеопатра
Што прават денеска
Планината зближува со природата и височините
Роди син во Бразил



Istocna Makedonija, 09.05.2012 08:43:28
Covekot ima harizma i e lice zalepeno za monito- rot!Redok kvalitet!
bb, 09.05.2012 11:20:59
super e go obozavam pozdrav

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 13°C

Претежно облачно

Петок
Ведро
Макс: 24°C, Мин: 9°C

Сабота
Локални грмотевици
Макс: 24°C, Мин: 7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
Торнадото во Оклахома посилно од атомската бомба во Хирошима
Чудовишното торнадо со димензии од 27,2 км должина и 2,08 км ширина било 600 пати посилно од атомска бомба...
Девојчето со насмевка на лицето
Џени Хорнсби беше прво од седумте идентификувани деца кои загинаа од Торнадото...
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |