Број 2602  понеделник, 04 февруари 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Фељтон
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска


Site Meter
Култура

Саемот во „Матица“ ја демантира тезата дека Македонецот не чита

Книгата треба да му се доближи на читателот, па мотото „Книга во секој дом“ ќе стане реалност

Издавачката куќа „Матица македонска“ уште еднаш покажа дека е куќа која ги следи светските трендови во издаваштвото. На зимскиот саем на книгата, кој се реализираше под мотото „Книга во секој дом“ на читателите им понуди над 500 наслови од повеќе литературни жанрови. Саемот се одржува по осми пат, во книжарницата на „Матица македонска“ и како што велат оттаму, веќе е надминат рекордот од лани. Според вработените во книжарницата поминале голем број посетители ( се споменува бројката од над 50.000 посетители), а купени се над 60 илјади книги, со што е надмината бројката од минатогодишниот зимски саем во „Матица“.

Инаку, на годинашниот зимски саем, љубителите на книгата можеа да набават дела од повеќе позначајни македонски издавачи, како и од издавачи од Србија, Велика Британија и САД, кои се продаваа со попуст до 80 отсто, така што просечната цена на книгите е околу 170 денари.

Во „Матица“ се задоволни од одѕивот на посетителите. „Многу ми е драго што и овој пат ја демантиравме тезата дека Македонецот не чита.“ вели Дејан Павлески. Едноставно книгата треба да му се доближи на читателот, со што и мотото на Саемот ќе стане реалност”. Во поглед на остварувањето на досегашната традиција за успешно реализирање на саемот, во „Матица“ годинава присуствуваше авторот на книгата „Hidden Macedonia“, Кристофер Делисо. Својата книга Делисо ја опиша како прекрасен патепис кој произлегол од неговите патувања низ Македонија, особено пределите околу Преспанското и Охридското Езеро. „Се поголем е интересот на Запад за Македонија, рече Делисо и токму едно вакво издание може многу да помогне во промоцијата на земјата и нејзиното културно и духовно богатство како и големиот број природни убавини“.

Издавачката куќа “Матица македонска е основана во 1991 година и во своето долгогодишно опстојување на македонскиот книжевен пазар успеа да добие голем број награди и признанија од државни и невладини институции. Таа е добитник на Наградата „13 Ноември“ за постигнати високи резултати во афирмирањето на македонската култура. На македонскиот издавачки пазар е присутна петнаесет години и во нејзиниот книжевен фонд се содржани дела од сите области на современото живеење, како лексикографија, публицистика, мемоари, белетристика, историја, археологија, уметност итн. (Н.П.)


#
Статијата е прочитана 434 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Домашната драма ќе царува низ сцените во Македонија
Карлхајнц Штокхаузен - пионерот на електронската музика
Одбележување на 136 години од раѓањето на Гоце Делчев
Лична борба со болеста