Број 2476  вторник, 04 септември 2007
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Шарена
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска


Site Meter

МИСЛЕЊЕ

„Со прдеж боја не се вапсуат“

НИКОЛА ГЕЛЕВСКИ

Со вообичаеното доцнење од четириесетина години (во подобрите случаи кај нас цивилизациското доцнење изнесува само дваесетина, а во полошите оди и до стотина години) просечниот Македонец ги откри волшебните моќи на индустријата за односи со јавност (public relations, PR). Добро, во случајов можеби не станува збор за дословно просечниот Македонец, туку за неговиот медиокритетски сублимат вообичаено олицетворен во власта (која не само што си ја заслужува секој народ, каква и да е - таков е и народот, нели? - туку е и „од Бога дадена“).

Владата богами жестоко ја финишираше првата година од своето управување (ете збор посоодветен од „владеење“!): на секојдневните обраќања до јавноста постепено и со драмска тензија управувачите ни пакуваа се' поубави вести; едновремено со конференциите на „добриот брат“ (или полицаец?), траеја и конференциите на лошиот, во партискиот штаб на ДПМНЕ. Така, народот си ги доби пораките: во таа шума, вистина, виршли растат по дрвјата, во потокот тече оранжада, а покривот на една куќа е од чоколада; само што тоа е куќата на не баш безопасната вештерка.

Пред четириесетина години, велам, индустријата на огласувањето (придружена од нејзе сродните индустрии на пропагандата и на односите со јавност) уфрлаше во нова голема брзина; 1968 година е клучен симбол на западниот општествен пресврт: со идеите за неограничена слобода, неконформизам, бунтовништво, презирање на крутите и застарени форми и обичаи, се устоличи новата бејби-бум генерација родена по Втората светска војна. Вештините на огласувањето и на односите со јавност станаа едно од главните изразни средства на таа генерација која длабоко ги промени дотогашните сфаќања на политиката, економијата и културата.

Она што го подготви теренот за таа нова генерација беа жестоките критики на тоталитаризмот и колективизмот во текот на педесеттите и шеесеттите. На пример, и денес мошне актуелната Хана Арент тогаш ги изнесе своите тези за „баналноста на злото“ (поттикната од судењето на нацистичкиот воен злосторник, Ајхман) и за „плиткоумноста како една од главните особини на нашето време“. Во книгата „Вита актива“ Арент ја коментира плиткоумноста како „непромислена безгрижност, безнадежна збрка или самодопадно повторување на вистини што станале изветвени и празни“.

Хана Арент не ја штеди ни тогаш залетаната индустрија за односи со јавноста која почнува до доминира со политиката. Арент ги прикажува Американците (пред речиси 50 години!) како луѓе кои живеат во нестварен свет во кој се моделираат впечатоците и мислењето. „Опкружен со технократи - повереници во телата на владата, чии мозоци се склони кон наука, а кои ниту мислат, ниту судат или ја гледаат стварноста, туку само пресметуваат - претседателот во средиштето, божем големиот владетел, изгледа како некој кој е идеална жртва на потполна манипулација“.

Дојдовме до точката кога треба да се коригира почетокот на текстов: нашето доцнење не е само квантитативно, туку и суштински квалитативно. Денес, вистина, имаме манипулатори со јавноста („спин доктори“) колку ти душа сака, но ги немаме славните бунтовници од крајот на шеесеттите, како противтежа на моќта што забегува. Како да се втопуваме исклучиво во лошите аспекти на модерноста за која Арент предупредуваше: модерните општества добро не' увежбуваат да го кажеме она што од нас се очекува (или, кога треба, да се воздржиме од тоа), а не не' учат со зборови да го искажеме она што стварно го чувствуваме или гледаме. „Од детството, всушност, во сите наши институции, ние ги наградуваме еуфемизмите, трговската способност, слоганите, а ги казнуваме и спречуваме вистинитоста, оригиналноста, промисленоста.“

Ете, од тие причини треба да се каже, и покрај тоа што многумина деновиве се одушевуваа од вештините за односи со јавност на Владата на Груевски, дека дури и на тоа поле Владата одигра низа сомнителни потези, кои допрва можат да им се скршат од глава.

Впрочем, за да сфатиме дека нашата влада односите со јавност пред се' ги сфаќа како агитација и пропаганда (агитпроп) ќе набројам неколку од школските смртни гревови што ги прават „стручњаците за PR“ (во заградите додадов некои македонски пословици собрани од Цепенков, колку посочно да ја илустрираме темата која може да се нарече: „Со прдеж боја не се вапсуат“):

1. Филозофијата „пушти-затни“; се вртиме кон односите со јавност само кога тие нам ни се потребни („Коли овци, рани волци“);

2. Локалната анестезија; „да го решиме ова на локално ниво“ („Во малоо село честа ангарија“);

3. Невростенијата; веруваме во глобалното јавно мислење само ако тоа е позитивно кон нас („Белото не праи го црно кога те ваќа инато“);

4. Еднократниот комуникациски тик; „ние не сме некомуникативни - читајте ги нашите извештаи на таа тема“ („Бес си бараше, два си најде“);

5. Мамката на сенката; оваа грешка се заснова врз верувањето дека организацијата може да се направи невидлива по потреба („На арамијата сенката му ет куса“).

Да повторам, како заклучок: досегашните активности на Владата повеќе можат да се наречат со старото добро познато име „пропаганда“ (која е еднонасочна), оти односите со јавноста подразбираат двонасочна комуникација и значајно присуство на дијалог, дискусија и аргументи.

(Авторот е издавач)

 


#
Статијата е прочитана 1276 пати.

Испрати коментар

Од: hari
Датум: 04.09.2007 00:54:41
odlicen tekst.Objektivna analiza i realna slika za najkicerskata vlada koja go sasardisa narodot so lazenje i pr kampanji.Zestoko ke bidat kazneti za toa sto ne lazat vaka bezocno na narednite izbori.
Од: od Mene za Tebe
Датум: 04.09.2007 01:38:04
...hmm... koga ja pisuvase kolumnava, ti izgledase interesna? malce e dosadna. nitu eden segment od kolumnava nema "high point", bledo, ramno... znaes i mnogu podobro...
Од: Горан
Датум: 04.09.2007 01:52:02
Браво момчад! Овој пат поштујем, право у сржта маваш.
Од: Државникот
Датум: 04.09.2007 05:15:08
Гелевски и од тебе интелектуалец не бидуат...
Од: od mari
Датум: 04.09.2007 10:00:45
Bravo za tekstot.Pogovorkive mnogu zboruvaat, ova Vlada e turbo-folk Vlada
Од: Janko
Датум: 04.09.2007 13:37:45
Ona sto vladata na Gruevski go pravi e daleku do PR... uste pomalku od odnosi so javnost.. da se ocenuva niz taa prizma e da se trca 20 godini napred
Од: Sofre
Датум: 04.09.2007 15:58:37
Redno vreme bese nekoj javno da kaze nekoja fakticki odrzliva i mila za narodnite usi, vest koja sto ke mu ovozmozi na napateniot narodec da tipuva na siguren fiks, bez da gi vklucuva plaslivite varijanti na zastita - a sto ako ne bide. Neizvesnosta se namali, ne deka ne postoi (se dodeka egzistiraat recidivite na minatoto, koe ke si zememe za pravo da go imenuvame so "alcna paranoja") no go ima vo pomala mera. Dobro e sto gledame deka kreatorite na edno lazno javno mislenje poleka no sigurno gi faka paranoja, a tie mnogu dobro znaat kolku e taa shtetna po zdravjeto, zasto, vprocem, tie bea onie koi ja sozdadoa. Mozebi zatoa moze so sozaluvanje (ako ima mesto za toa) da im gi prostime mnogute maloumni ispadi (kako frlanje so sisinja po zena, bez ogled na nejzinata funkcija). Ke treba da go amputirame stravot od nezivesnost, a namesto toa, da i se iscekuvanje na neizvesnosta, poveke kako pozitivno ocekuvanje, kako nadez - se sekavame, onaa koja veke podolgo vreme sramezlivo no sigurno i

Најди! во Утрински
Насловна
Ургентниот центар ја заплетка трансформацијата на Клинички центар
Џорџ Буш во ненајавена посета на Ирак
Почна учебната година - на првиот час над 270.000 деца
Скептицизмот на Црвенковски
ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
ЗДЕНКО
Ќе се поставуваат „интелигентни“ сообраќајни знаци со радар
Груевски лут оти Црвенковски не видел дека разузнавачката афера е монтировка
До нов пасош само со закажување по телефон
Босна на облог
Спој на електричната инсталација причина за пожарот во Бања Банско
Земјоделците ќе ја испуштат и есенската сеидба
Освојувачот на Монт Еверест Глигор Делев допатува во Скопје
Скопското изгор лето влезе во сликарските платна
Фатени разбојниците кои украдоа чанта со 35.000 евра
Британските сили се повлекоа од Басра
Во ТЕЦ „Неготино“ нема ниту капка мазут