Број 2831  петок, 07 ноември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

Циклусот „Црно семе“ е потрага по идентитетот

Вчера во МАНУ беше претставен циклус романи на академик Ташко Георгиевски, под наслов „Црно семе“

Во МАНУ, вчера беше претставен циклусот романи во четири тома под наслов „Црно семе“, од академик Ташко Георгиевски, а објавен од „Матица македонска“.

Пред присутните обраќање имаше Раде Силјан, претседател на Друштвото на писателите на Македонија, а книгите ги претставија акдемиците Георги Старделов, претседател на МАНУ и Гане Тодоровски.

Според Старделов, „романсиерското дело „Црно семе“ на академик Ташко Георгиевски претставува потрага на човекот и народот по својот загрозен идентитет. Од првата книга раскази ’Ние зад насипот’, па се до неговиот последен роман ’Црна билка’, во неговата проза пулсира една единствена тема: страдањата на човекот на кој со најсвирепи средства на насилство му е отсечен како со нож неговиот национален и човечки идентитет“.

Нарекувајќи го Георгиевски „врвен летописец на јужномакедонската црна судбина“, академик Гане Тодоровски рече: „Неговата црна епска сказна за македонските луѓе од јужните региони на земјата, како супериорна белетристичка хроника или меморија добива своја актуелност токму денес, кога интернационалниот диспут за Македонија се обновува со несмалена жестина.“ (Н.П.)


Статијата е прочитана 145 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
Премиера на „Што виде батлерот“ во Штип
Филмскиот фонд обезглавен
Митко Панов привршува два филма
„Матица“ ќе објави книга за Мишел Обама
Отворен новиот салон на ДЛУМ
Арсовски- Виновен сум за ред и дисциплина