Број 2362  четврток, 19 април 2007
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Шарена
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска


Site Meter
Култура

„Глас од минатото“ со квартетот на Драган Даутовски

Промоцијата на уникатниот македонски инструмент, топчестата флејта-окарина, ќе се случи вечерва во Универзалната сала во 20 часот, на концертот на „Квартетот Драган Даутовски“ насловен „Глас од минатото“. Македонскиот мултиинструменталист Даутовски ќе свири на флејтата чија старост е проценета на над 6000 години и претставува еден од најстарите инструменти во светот, но Квартетот ќе изведува и композиции од нивните досегашни албумски остварувања.

Македонскиот инструмент, топчестата окарина, својата прва јавна светска презентација всушност, ќе ја доживее токму на вечерашниот концерт. Овој инструмент датира од неолитскиот период, изработен е од теракота (глина), а е пронајден во 1989 година при археолошки истражувања непосредно до населбата Чашка на археолошкиот локалитет Мрамор, кој се наоѓа на 15 километри од Велес.

„Возбуден сум од даденоста да бидам јас токму тој кој по толку многу години ќе го изнесе во јавноста овој уникатен инструмент, а ќе изведувам музика која и јас и инструментот ја носиме во себе. Мислам дека задачата да свирам на оваа флејта ми е доверена од Бога“, вели Даутовски.

Концертот на „Квартетот Драган Даутовски“ е во организација на „Литиум рекордс“, Концертната агенција „Алеа“ и СОКОМ и претставува завршен настан на јубилејното, 30-то издание на манифестацијата „Денови на македонска музика“. (Т.И.)


#
Статијата е прочитана 518 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Култура
Милчо Манчевски ќе гостува на Универзитетот „Браун“
Филмот „Боли ли?“ доаѓа во Скопје
Многу нови наслови на 19. Меѓународен саем на книгата
ИКОМОС - Културен предел и споменици на природата
Голем издавачки проект