Број 2666  петок, 18 април 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

Средбите со автори и промоциите привлекоа посетители

Денеска ќе бидат соопштени добитниците на традиционалните награди на Саемот на книгата


Читателите бараа примерок повеќе од „Нишан“ на Блаже Миневски

Невена Поповска

Добитниците на наградите за најдобро издание меѓу двата саема, најпродавана книга на Саемот, за најдобар книжар и библиотекар, кои традиционално се доделуваат на Меѓународниот саем на книга свечено ќе бидат денеска соопштени. Нив ги доделува Здружението на издавачи и книжари на Македонија и како што ни соопшти Ели Маказлиева, имало големо интересирање за овие признанија од страна на издавачите, а жири-комисијата во состав: Паскал Гилевски, Илхами Емин и Александар Цветковски до доцна вечерта ги разгледувале апликациите.Од Здружението велат дека најголемо задоволство им претставува што од годинава ја востановиле наградата за најстар писател, со тенденција да стане традиционална


„Скриена Македонија“ од Делисо предизвика големо интересирање

Саемот на книгата како најголема концентрација на книжевни и илустрирани дела од странски и домашни автори протекува во динамична атмосфера за разлика од правите денови кога посетеноста беше на пониско ниво. Издавачите на сопствените штандови организираат средби со авторите, промоции итн, се со цел да ги анимираат читателите. Така на штандот во „Матица“, вчера гостуваше авторот Кристофер Делисо, кој потпишуваше примероци од книгата „Скриена Македонија“ и предизвика големо внимание кај посетителите на Саемот.


Книгата на Владислав Бајац ја претставија Александар Прокопиев и Елизабета Шелева

„Книгата за бамбусот“ од Владислав Бајац на штандот на „Три“ ја претставија Александар Прокопиев и Елизабета Шелева, а лауреатот на наградите „Стале Попов“ и „Роман на годината“ на „Утрински весник“, Блаже Миневски својот роман „Нишан“ го потпишуваше на штандот на „Макавеј“. Кирил Темков го промовираше најновиот роман што го објави „Детска радост“. Станува збор за книгата „Цената на едно дете“ Од Мари-Франс Бот и Жан-Пол Мари.


#
Статијата е прочитана 491 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Концерт на германскиот ансамбл „Полифонија“
Христина Ивановска изложува во Австрија
Индустријата ја надвладеа креативноста на рокенролот
Виолинистот Ѓорѓи Димчевски примен во најдобриот шпански оркестар
Денешниот ден посветен на религиозното наследство и светите места
Македонски филмски фестивал во Лондон