Број 3204  вторник, 09 февруари 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Спорт

Џон Тери по стапките на Тајгер Вудс

Англиските медиуми не престануваат да пишуваат за аферата на Џон Тери, кој ја загуби и капитенската лента во репрезентацијата поради љубовната врска со бившата девојка на Вејн Бриџ. Како што е веќе познато, Тери бил кратко во врска со Ванеса Пиронсел (мајка на детето на Бриџ), а кога дознал дека е бремена и платил за абортус.

Наводно, и понудил и 500.000 евра само да молчи за аферата. Но, Пиронсел не е првата на листата на љубовници на Тери. Тој преку посредници се обидел да ги замолчи и преостанатите четири. За таа цел дури неколку пати кревал хипотеки на своите недвижности. Така за сопствениот имот во седум години кренал четири хипотеки, а вкупната сума ја надминала вистинската вредност на куќата за околу милион евра. Тери се врзува со уште неколку малверзации. Неодамна демантираше дека за 10.000 евра овозможил приватно разгледување на тренинг центарот на Челзи. Тогаш беше изигран од новинарите на „Њус оф д ворлд“, кои добро одглумија дека се' ќе направат само да видат каде тоа се подготвува Челзи.

Инаку, изневерената сопруга Тони со децата, семејството и пријателите одмора во Дубаи. Двајцата се во брак од 2006 година, 13 месеци откако ги добија близнаците. Додека Тони била бремена, наводно, Тери имал кратка авантура со ѕвездата на „Велики Брат“ Мекалистер.

Целава приказна многу потсетува на онаа на славниот голфер Тајгер Вудс, кому неодамна му беа откриени десетици љубовни авантури. Сопругата најпрвин го напушти, па му се врати. Но, не му се вратија спонзорите кои решија да ги раскинат договорите. Медиумите во Англија предвидуваат дека Тери ќе загуби околу 16 милиони евра поради акциите надвор од брачниот кревет.

Пред неколку дена селекторот на Англија Фабио Капело специјално допатува во Лондон на средба со Тери на која заеднички решија дека дефанизвецот на Челзи повеќе нема да биде капитен на репрезентацијата. Со цел да се смират страстите пред СП во Јужна Африка во јуни годинава. Прашање е дали тоа ќе го реши проблемот бидејќи и Вејн Бриџ е дел од најсилниот состав. Некои англиски новинари предвидуваат дека доколку еден од нив не остане дома атмосферата во соблекувалната ќе биде катастрофална, ќе се создадат две крила, кои нема да може да ги спои ниту новиот капитен Рио Фердинанд.


#
Статијата е прочитана 906 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Поп Ацев седми во Парана
Македонија може на Европското првенство 2012
Савевски
Работнички петти на полусезона во Србија
Пандев
Арсенал нема моќ за моќните
Рома ужива во деновите од соништата
Прва титула за Њу Орлеанс
„Спорт илустрејд“ поради Линдзи Вон обвинет за сексизам
Деари не успеа во Гиза