Број 2374  петок, 04 мај 2007
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Шарена
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска


Site Meter
Политика

Идната г-ѓа Груевска не сака да биде во центарот на вниманието

Која е невестата на Груевски и дали ќе бидат неразделни и во политичкиот живот

Валентина Тодоровска

Вестa за венчавката на премиерот Никола Груевски (36) и неговата избраничка Боркица Манчева (24), со која е во врска повеќе од една година, разбирливо, предизвика големо интересирање кај јавноста. Ова е прв македонски премиер кој се жени за време на мандатот. Голема е љубопитноста за поубавата половина на Груевски. Која е невестата на Груевски и дали ќе бидат неразделни и во политичкиот живот, колку таа ќе влијае на политиката, дали ќе биде во центарот на вниманието како Снежана Георгиевска или, пак, повлечена како Јасна Црвенковска. Некои одат дотаму, па прашуваат дали, да речеме, премиерскиот брачен пар ќе биде како Тони и Чери Блер? Дали убавата жена во животот на секој маж значи голем број (не)пријатели? Прашања има многу, а некои одговори, веројатно, ќе ги каже самото време.

Русокосата Боркица пет години работи како советничка во Секторот за меѓународна соработка во Комисијата за хартии од вредност. Искуството почнала да го собира уште како студентка на Правниот факултет, каде што и дипломирала. Нејзините блиски другарки ја опишуваат како многу скромна девојка. Велат, додека други би се фалеле со врската со Груевски, функција што би можела да значи и експресно напредување, таа крајно дискретно си ја чува љубовта само за нив двајца. Можеби затоа во јавноста не ги гледавме толку заедно - во архивата на „Утрински“, на пример, ја имаме нивната заедничка фотографија од концертот на Брајан Фери летово во Охрид и од премиерата на претставата „Полковникот птица“ на Албанскиот театар.

Боркица живее во скопската населба Тафталиџе заедно со родителите и сестра си и секогаш изгледа „топ“. Ги следи модните трендови и ги приспособува на својата стројна снага. Сака да носи чанти ��д марката „луј витон“ и убави чевли, но не секогаш успева да дојде до оригиналите. Боркица спаѓа во жени кои веруваат дека надворешното е резултат на внатрешното и грижата за изгледот е токму во таа насока. Нејзините познајници велат дека и пред врската со Груевски внимавала на својот изглед и внимателно одбирала и комбинирала бои и дезени. Кон крајот на април таа го прослави својот 24. роденден, што укажува на податокот дека е родена во знакот на Бик, а тие се стабилни, верни и постојани. Како родени за брак. Повеќе пати заедно со Никола Груевски е видена како пазарува во релаксирана атмосфера во „Веро“ во Тафталиџе.

Семејството на невестата како традиционална вредност го има почитувањето, а во тој манир е одгледувана и самата Бокa, како што ја викаат пријателите. Инаку, мајка и' работи во Народна банка на Македонија. Злите јазици говорат дека Боркица ќе има најмногу проблеми со свекрвата која, наводно, имала пресудно влијание кај Груевски и одиграла значајна улога и при разводот на неговиот прв брак. Младиот брачен пар ќе живее во станот на Груевски во Кисела Вода. Премиерската резиденција и овој пат отпаѓа од комбинација.

Никола и Боркица на 10 мај ќе ги сменат бурмите и ќе се заколнат и пред државата и пред Господ на верност, љубов и сојузништво. Пред прославата во хотелот „Холидеј ин“ ќе претходи венчавка во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“, на која (како и на свадбата) ќе присуствуваат најблиските пријатели и роднини на двојката. За веселата атмосфера ќе се погрижи оркестарот „Џорлеви“. „Се' уште не сме го договориле репертоарот, но со оглед на тоа што премиерот, со кого се познавам одамна, е љубител на македонската песна, веројатно, ќе имаме вистинска македонска свадба“, ни рече Зоран Џорлев. Веќе се отворени кафеанските обложувалници кој ќе биде повикан на свадбата, а кој ќе биде оправдано отсутен. Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, веќе издаде специјална сугестија за суптилно, ненаметливо, но строго професионално обезбедување за време на целата церемонија околу свадбата, а особено за време на самата свадба. Венчалниот фустан, чевлите, накитот, костумот на младоженецот – се' е обезбедено од познати креатори и светски модни куќи.

Тазе двојката од четврток ќе почне да ја пишува заедничката биографија и да ги полни семејните албуми. Им посакуваме многу заеднички фотографии.


#
Статијата е прочитана 7829 пати.

Испрати коментар

Од: Pozdrav od Norveska
Датум: 04.05.2007 00:12:07
So sreka,imav taa prilika da gi zapoznaam vo knizarnicata "Kultura" vo Skopje i mi ostavija dobar vpecatok.Togas Gruevski ne bese premier,koa gi zapoznav,im posakuvam se najdobro od se srce.
Од: BITOLA
Датум: 04.05.2007 00:14:34
aj cestito gujo ke se odomakini pa ko ke ni trgni.davam uste 10% na rejtingot.
Од: vesna
Датум: 04.05.2007 01:01:07
srekno neka im e !!!koj ima pari ke se zeni i po 100 pati.sto da reci obicniot narod kolku vrski propadnale zasto nemaat uslovi da se zemat.
Од: buco defense
Датум: 04.05.2007 01:14:37
so sreka i se najubavo a nabrzo i da se razmnozat :)))
Од: persa
Датум: 04.05.2007 08:21:17
So sreka. A za sreka ne e potrebna svadba za 500 gosti sto cini celo bogatstvo, graga Vesna. Covek moze da zivee srekno i so skromna registracija na koja ke prisustvuvaat 20 luge.
Од: Aleksandar
Датум: 04.05.2007 09:03:58
Se najubavo mnogu zdravje i sreka im posakuvam vo zivotot
Од: Trajce
Датум: 04.05.2007 09:07:58
Neka im e so sreka brakot. Pa.... Premiere, sakame mnozenje, a vie toa najdovro znaee da go pravite. Do sega se pokazavte na ekonomski i politicki plan, se nadevam ke bide i na familijaren. :))))
Од: milica
Датум: 04.05.2007 10:19:21
od se srce im posakuvam sreka ,samo napred grujo mnogu razmnozuvanje zosto toa i treba na makedonija ,a devojkata ostavetea na mira da bide nprmalna majka i zena kako i sekoja od nas taa ne izgleda kako osoba od tipot na snezana
Од: Вераг
Датум: 04.05.2007 10:37:47
Им пожелувам среќа во бракот и тој да беде потраен од претходниот.Не сум знаела дека премирерската плата е толкава да може да си дозволи познати светски креатори и модни куќи.
Од: Miki
Датум: 04.05.2007 10:55:45
Dali moze da napisete zbor-dva za prethodniot brak na Gruevski i dali ima deca od toj brak. Dokolku gi ima kakva mu e vrskata so niv. Vtor brak i vencavka vo pravoslavna crkva ?! I dodeka premierot i "nevestata" se natokmile vo skapite svetski saloni, se prasuvam kolku li mladi vo Makedonija ne mozat da ja okoncaat svojata vrska so brak bidejki gi nemaat ni najosnovnite sredstva, pr. da se oblecat nitu vo najeftinite Skopski butici, a da ne zboruvame za osnovna ziveacka vo brakot. Vo razvieniot svet vo vakvi prigodi, se pravi skromna svadba a parite sto treba da se potrosat za skapata toaleta i sobrani od svadbata se davaat vo donacii. Mozebi premierot e vo nedoumnica kade bi mozel da gi dade?! Ili zamizuvate koga gi gledate stecajcite pred sobranie koi sekojdnevno se onesvestuvaat i ve molat za korka leb. Neka vi e so sreka drag premiere!
Од: Od Nova Bitola
Датум: 04.05.2007 11:00:46
Cestitki, se najubavo vo zaednickiot zivot. Nie velime " da se kerdosaat mladite, I da im e vekovito" Do godina so masko dete!
Од: space
Датум: 04.05.2007 11:18:20
so sreka
Од: sasko
Датум: 04.05.2007 11:30:05
neka im e vecer brakot na mladozencite...im posakuvam se najubavo...amin
Од: Цане
Датум: 04.05.2007 11:39:19
Зарем ова нее СТРОГО ДОВЕРЛИВО?
Од: oduseven citatel
Датум: 04.05.2007 11:43:25
So sre}a, valjda konecno od detiste ke prerasne vo seriozen maz pa ke pocne poseriozno da gleda na rabotite i se posveti na rabotata. Pa zaedno so soprugata sekade ne e potrebno, pa duri i vo krevet ne mora, toa e nivna rabota, sto im se mesate vo spalnata.
Од: Aleksandar Makedonski
Датум: 04.05.2007 11:54:47
Pa i Sreder, Bernuskoli imale poveke zeni. Politicarot ne se ceni po toa. Da ne zaboravime deka i Filip II Makedonski imal poveke zeni, a site znaeme za svetskata slava na ovoj nas Makedonski kral. Grujo ti pozeluvam sreka i Makedonija da ja napravis silna kako sto ja napravil Filip.
Од: Алек
Датум: 04.05.2007 11:56:09
Нека им е со среќа...само не знам што ви требало во ваков убав момент за секого да ја спомнувате свекрвата : )
Од: M.A.S
Датум: 04.05.2007 12:09:03
Im posakuvam sreken brak ispolnet so ljubov, pocituvanje i deca
Од: slavica probi[tip
Датум: 04.05.2007 12:10:12
mnogu,mnogu sreka
Од: Gjole
Датум: 04.05.2007 12:48:14
Alal vera! Louis Vuitton?! Vidi, vidi...pa, neli ke ja pottiknuvavme makedonskata ekonomija??? Louis Vuitton???
Од: pozdrav od melbourne od gino
Датум: 04.05.2007 12:49:11
Nikola i Borkice srecen brak mnogu ljubov; uspeh
Од: Chitach
Датум: 04.05.2007 13:04:45
Taka treba: nabijte mu vo nos na gladniot narod kolku nema i kolku nema ni da ima i kolku go pokrale i kolku drugite so negovite pari "obezbeduvaat" Lui Viton dodeka toj kupuva vlecki od kineskite prodavnici!
Од: hahaha
Датум: 04.05.2007 13:07:50
zosto mu go rusite rejtingot na premierot? pisuvate za negovata svadba , a vo isto vreme i za rodendenot na bivsiot pretsedatel, taka da premierot nekako go stavate vo senka. lele kolku ke se naluti! pak ke ve napadne deka ne ste objektivni, vnimavajte.
Од: Aca
Датум: 04.05.2007 13:41:29
E Grujo Grujo, taman si pomisliv si svatil deka od dvocevka nema podobro , ti ni gi izneveri idealite. Nego daj toa so ekonomijata resi go, nekako nema be rezultati.
Од: R
Датум: 04.05.2007 13:51:59
Со среќа, здравје, радост и се најубаво!!!
Од: orhan makedonski
Датум: 04.05.2007 14:02:08
Kako premier Grujoski e najdobar, no privatniot zivot ,dvapati zenenje ne bash dolikuva.Toa e losh primer za makedonskata javnost.
Од: mirkica
Датум: 04.05.2007 15:19:41
Bas se super par.I loso e da komentirate prethodni vrski i brakovi. Gledate deka se civilizirani site.Bog neka im dade 100 godini sreka i zdravje,a bogami i slatki decinja
Од: stomion
Датум: 04.05.2007 16:02:02
Srecen Brak i golem uspeh vo Zivotot
Од: Trpe 1
Датум: 04.05.2007 17:14:10
Gospogica Borkica bas ne e i nekoja naivna licnost,stom so 24 godisna vozrast veke 5 godini e sovetnicka vo vakva institucija.No sepak da ne izleze onaa: Sto si mislese koga se mazese.Prethodno neka si napravi predbracen dogovor so gospodinot Gruevski da ne se povtori pak,zastedenite pari i steknatoto bogatstvo ,Nikola da gi ostavi da gi cuva majkamu.Bidejki premierot,edno misli,drugo govori a treto raboti.Im posakuvam dolgotrajna koalicija.
Од: mene
Датум: 04.05.2007 19:10:35
so sreka na mladite i ostavete go covekot da si ja doraboti svojata zadaca
Од: AGRON OD TETOVO
Датум: 04.05.2007 19:59:45
sreken brak,dolg zivot i se najdobro
Од: OD: CVETA GERMANIJAS********
Датум: 04.05.2007 20:30:15
I odmene se naj ubavo mi posakuvam na G_din GRUEEVSKI so negovata nevesta
Од: Ilija-Kavadaerci
Датум: 04.05.2007 21:54:56
so sreca,so ljubov,so mnogu deca na ovaa zemja i treba natalitet od makedonci-nasiot premier neka ni go cuva gospod, da se izvlece ova zemja biblijska od ponorot.da zivee Makedonija -da se slavi imeto Bozjo

Најди! во Утрински
Политика
Лошата кохабитација минус за Македонија пред ЕУ
Превозот на опасни материи ставен во законски рамки
Киро Глигоров го прослави деведесеттиот роденден
Јавните пари се трошат нетранспарентно, тврди „Транспарентност Македонија“
Владата ќе бара одговорност за Тапанџиоски за бришењето на невработените
Ректорот Мартиновски нема докази дека студентските избори се фалсификувани

"""