Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
29.04.2012, 18:03

„Бранот“ се' уште не го погодил Охрид

Партиското членство и охридското раководство на ВМРО-ДПМНЕ многу повеќе внимание посветуваат на претстојните локални избори

Веле Митаноски



Охрид - Иако велат дека дури од втората половина на годината ќе влезат во официјални подготовки за кампања за претстојните локални избори, сепак, во структурите на охридскиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ се чувствува големо раздвижување. Тоа што на последната трибина не дојде лидерот Никола Груевски, иако беше најавен, можеби било само случајност, но локалното раководство на партијата не крие дека одамна им е ставено до знаење дека ако повторно го изгубат Охрид на наредните избори, ниеден од нив нема да остане на „сцената“.

Нема сомнение дека свое влијание во раздвижувањето ќе има „новиот бран”, меѓутоа во Охрид бранот не се очекува со некое посебно возбудување, освен како декларација во однос на политичкиот противник. Овде навистина се инсистира на промени и тоа многу жестоко, но само колку на опозицијата да и' се даде на знаење дека на охриѓани им се повеќе од потребни промени, бидејќи два мандата на градоначалничкото место е човек од СДСМ. Всушност, охридските вмровци и немаат многу свои „автохтони“ членови на истурени позиции. Навистина, најблиските соработници на Груевски се од Охрид и Охридско ( Ставрески, Вељаноски, Јанкулоска...), но тие одамна се преселени во Скопје и можат да се доживуваат како „роднокрајни“, но не дека произлегле од нивната партиска организација. Освен двајцата пратеници Александар Николоски и Харалампие Шокаровски, како и директорот на ЈП за стопанисување со станбен фонд, Цветко Грозданов, кој, пак, би сакал да се врати назад како градоначалник, што му е желба која не ја крие.

Во секој случај, за кадрите од ВМРО-ДПМНЕ во Охрид допрва ќе се одлучува. Раководството на Општинската организација било вклучено во анализата. Изминатите месеци партијата извршила анкетирање на различни целни групи за работата на функционерите во Охрид, врз основа на кое ќе биде донесена одлуката за смена на раководители во институции каде на одговорни позиции се функционери од ВМРО-ДПМНЕ. Сепак, засега не се спомнуваат конкретни имиња на функционерите што ќе бидат опфатени со новиот бран. Она што може да се дознае е дека во Охрид ќе биде извршена промена на најмалку десетина функционери, од нив за тројца има дополнителен мониторинг. Засега единствено е извршена смена на директорот на ЕЛЕМ, Влатко Чинговски, кој е по потекло од Охрид.

Од друга страна, неподелено е мислењето дека партиското членство и охридското раководство на ВМРО-ДПМНЕ многу повеќе внимание посветуваат на претстојните локални избори, отколку на „бранот“. Иако не кријат дека конечната одлука за сите кандидати со кои ќе се настапи на локалните избори в година ќе биде донесена од страна на Извршниот комитет и лидерот Груевски, кој, пак, ќе мора многу да мери пред да пресече, ако не сака уште едно фијаско во Охрид. Добрите познавачи велат дека Груевски може и да изненади со кандидат кој досега не бил многу партиски експониран, но е чесен и „неизвалкан“ што би бил ссодветен одговор на сегашната персонална констелација.

Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, Атанаско Михаилов не сака да говори за својата позиција, но не ги отфрла промените, за кои смета дека им се потребни на охриѓани, но мисли, пред се' на локалната власт. Михаилов ветува промени кои ќе ги донесе неговата партија, како што вели, со квалитетен и чесен тим кој со Охрид ќе управува на многу подобар начин.

„Локалната власт на СДСМ во Охрид чмае веќе 8 години и создава нови проблеми, а ништо не прави за градот освен за своите лични интереси. Ние работиме на тоа да понудиме тим со издржана програма и визија, кој ќе отвори нова страница за Охрид и ќе го врати оптимизмот кај охриѓани. До кандидатот ќе дојдеме низ широка дебата и преку анкетирање на јавното мислење и внатре во партијата. На сличен начин ќе се избираат и кандидати за советници во општинскиот совет“, нагласува Михаилов.

ВМРО-ДПМНЕ во Охрид е во посебна ситуација. Има повеќе советници од СДСМ, но нема градоначалник. Раководството на ВМРО-ДПМНЕ го обвинува СДСМ дека создава катастрофална слика за Охрид и гарантира промени што ќе бидат суштинска спротивност на сегашната состојба.


Статијата е прочитана 1663 пати.


Испрати коментар



Груевски менува тим што победува
Интервју - Исходот од Чикаго не може да се предвиди
Партиски кавги за уставните судии
Опозицијата се нуди за Чикаго
Каде се загуби синдикатот
Ќе дојдат ли на ред министрите?
Апанажата им привршува. Каде ќе бараат работа?



pero, 30.04.2012 09:15:51
Охридските ВМРО-вци не бранот......туку ветрот ќе ги однесе........ ионака не се за аир........
ФЕЛИКС, 30.04.2012 10:36:37
По се изгледа се има погрешни информации,бранувањето во Охрид веќе е започнато поодамна отколку бранувањето на централната власт.Таму има некаде осум милионско цунами а не бранување во евриќи.Таму градоначалникот топтан со се советниците негови предизвикаа цунами бранови кое граѓанството на Охрид го остави со подзинати усти.Позинатоста да ти била што блиските до локалната власт здиплиа милионски суми евриќи за неизвршена работа.Но затоа опозицијата прва истрчува на терен да коментира вакви или онакви (не)дела на власта без погледне што се прави во сопствениот двор.Или можеби на локално ниво перцепцијата им е да тоа е неважно дури и можеби корисно кога се работи за нив.
Goce USA, 30.04.2012 12:10:11
Bravo be FELIKS! Ti si cudo od covek! ?Ti znaes vo sekoja ulica i maalo sto se slucuva a da ne zboruvame za povazni institucii! Ubavo od tebe sto ne prosvetluvas sekoj den. Alal da ti se parite sto gi zemas od Grujo za zastita na PRERODBATA.
Лиго краса , лиго таласа!, 30.04.2012 13:21:25
Маче , не се работи за осум милиони евриќи , туку за осум милијарди евришта, оплљачкани од народот од портокаловата чума.Нешто те нема да пишуваш за уапсените покер-апарати , до кај стигна Господ со истрагата околу смилковските жртви , ти пораснаа ли врбите? Ве освежија ли Чашуле , Филипче и Лазе , ќе ги испратите ли сите неспособни за амбасадори? Или , за десетка со кромид , толку од тебе?!
usa-oh...do feliks, 01.05.2012 04:37:08
felikse ti si cudo na prirodata,,za tvoja informacija ohrid bil sekogas civiliziran grad so kultura nikogas ne bil vmrovski,,,

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
  


Site Meter


Време
Скопје, 24°C

Делумно облачно

Четврток
Ведро
Макс: 26°C, Мин: 8°C

Петок
Ведро
Макс: 26°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
Торнадото во Оклахома посилно од атомската бомба во Хирошима
Чудовишното торнадо со димензии од 27,2 км должина и 2,08 км ширина било 600 пати посилно од атомска бомба...
Девојчето со насмевка на лицето
Џени Хорнсби беше прво од седумте идентификувани деца кои загинаа од Торнадото...
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |