Спаска Митрова излезе од затвор и право во бугарска амбасада
Гевгеличанката е ослободена 20 дена предвреме, по налог на директорот на затворот во Идризово
Гордана Дувњак
Веста за предвременото пуштање на слобода на гевгеличанката Спаска Митрова вчера предизвика големо изненадување во јавноста и беше вест број еден како во македонските, така и во бугарските медиуми. Таа е ослободена по налог на директорот на скопскиот затвор „Идризово“, кој го искористил законското право за предвремено пуштање.
Информацијата за Спаска експресно проструи и во нејзиниот роден град Гевгелија, каде што надлежните служби инволвирани во нејзиниот случај, во текот на целиот ден, се обидуваа да ја проверат веродостојноста на она што се случило. Бившиот сопруг на Митрова, Војо Савиќ, за враќањето на екссопругата разбрал од својот адвокат, кој за ова телефонски го информирал, бидејќи не бил во градот. Но, она што најмногу го интересирало е по која основа Спаска е пуштена на слобода.
Само пред два дена, гевгелискиот Центар за социјални работи добил писмен допис од Митрова, во кој таа бара да и' се дозволи да ја види својата ќерка во затворот. Гевгелискиот Основен суд, пак, вчера пред 15 часот добил поднесок потпишан од Митрова во кој таа бара објаснување за нејзината пресуда. И овој поднесок не се разликувал многу од претходните, во кои имало цела серија обвинувања на сметка на судиите, дека се „бивши офицери на ЈНА“ и водат „антибугарска кампања“.
Македонката со бугарски пасош, која беше на издржување затворска казна во КП „Идризово“ поради непочитување судска одлука и спречување да му дозволи на својот поранешен сопруг да ја посетува нивната ќерка, излезе од затворот во Идризово вчера во претпладневните часови. Тримесечната казна во редовна процедура и' истекуваше на 29 октомври.
Предвременото излегување од затворот на Митрева вчера ни го потврди и директорот на КПУ „Идризово“, Миле Младеновски. Неофицијална потврда добивме и од бугарската амбасада во Скопје, од каде што ни беше речено дека по излегувањето на затворот, Спаска Митрева пристигнала во нивната зграда во придружба на в.д. амбасадорот Ангел Ангелов.
„Митрова е пуштена од затворот околу 9 часот. Како директор, согласно со член 206 од Законот за извршување санкции, имам право 30 дена пред истекот на казната, да пуштам на слобода затвореник. Митрова ги исполнуваше законските услови, таа е мајка на малолетно лице и знаете за што е осудена“, ни изјави вчера директорот Младеновски, кој тврди дека кај нив таа имала третман како и кој било друг затвореник.
Случајот со Митрова која пред неколку месеци добила бугарски пасош, предизвика дипломатски несогласувања помеѓу Македонија и Бугарија, по обвинувањата од Софија дека била осудена само за тоа што била Бугарка.
„Уште завчеравечер имав некои неофицијални навестувања дека може да се случи ова. Но, откако добив потврда дека тоа навистина се случило, вчера телефонски го информирав мојот клиент, кој во моментов не е во градот и се наоѓа на Кожуф“, ни изјави вчера гевгелискиот адвокат Васил Џинов. Тој вели дека ќе го почека својот клиент да се видат и да се договорат што ќе прават понатаму. Тој потсетува дека на 16 октомври е закажано судење, во кое тие бараат отповикување на условната казна.
Веста за Спаска Митрова вчера ги затече и одговорните во гевгелискиот Центар за социјални работи.
Новата директорка на Центарот, Станка Петрова, која како правник е упатена во целиот случај, вели дека пред два дена добиле поднесок потпишан од Спаска Митрова, дека сака да и' се дозволи во затворот да ја види својата ќеркичка Сузана. Малечкото девојче, од приведувањето на Спаска на 29 јули, се наоѓа во домот на таткото Војо Савиќ.
Од гевгелискиот суд, пак, информираат дека уште во текот на вчерашниот ден Сузана, мајката на Спаска Митрова, донела поднесок во име на својата ќерка. Во него се бара појаснување за она што е судена.
Според претседателката на судот, Марица Аврамчева-Зафировска, во дописот било наведено дека Спаска е ослободена по налог на директорот и оти тоа самата не го барала. Судот не беше официјално известен за одлуката на скопскиот затвор.
Ослободувањето на „Бугарката“ Спаска вчера беше топ-тема во бугарските медиуми. За ослободувањето на Спаска бил информиран и министерот без портфељ, Божидар Димитров. Бугарската агенција Фокус опширно ги пренесува изјавите од македонските медиуми, меѓу кои, и на агенцијата МИА, за која директорот на затворот во Идризово изјавил дека „Спаска била една од најпримерните затвореници“.
Скопската телевизија А1 ја контактирала мајката на Спаска. Таа во телефонскиот разговор не ја криела среќата што нејзината ќерка е пуштена од затвор, но била загрижена за здравствената состојба на која повеќе пати досега и' се жалела.
Според мајката Сузана, Спаска, најверојатно, е пуштена поради добро однесување во затворот. Најголема желба и' било побрзо да се види со ќерката.
Od ambasadata pravu vo Bugarija, takvi prekroeni tatari ne ni trebaat tuka.
Од: lapo
Датум: 09.10.2009 08:20:43
Fala Bogu sto ja pustile, i onaka mnogu se sekirav za nea....... Koga stignavme edna Spaska da ja zeza Makedonija??????????
Од: sale
Датум: 09.10.2009 08:31:42
treba da i se odzeme makedonskoto drzavjanstvo
Од: gjoko bugarija
Датум: 09.10.2009 09:55:05
I da i se odzeme Makedonskoto drzhjavjanstvo i da i se dade dozhivotna zabrana za vlez vo Makedonija.
Од: od mena
Датум: 09.10.2009 10:30:55
neka si odi vo bugarija i se naka si zeme od ovde sto ima... prodadena dusa pokvarena - od takvi pati nasiot narod - za zal i vo vladata imame takvi isti...
Од: studira6t vo Bug
Датум: 09.10.2009 11:37:04
Crniot Bozhidar veke pobaral rabota za Spaska kaj nego imalo edno mesto vo Ministerstvo. Sekoj koj gi prestupi makedonskite zakoni i se deklarira bugar, ke mu se najde rabota vo Bugarija od bugarskata vlada. Ova vi e evropskata unija. I mislam ne e prav pat - barem eden na6 politik koj go uapsiha vo Poslka, sega e vraboten na medicinska praktika vo Sofija. Makedonijo, Makedonijo..Mora da si albanski kriminalec za da si vo Mkd Parlament ili bugarski kriminalec, za da si vraboten vo Bugarija...Kade odime???
Од: rade
Датум: 09.10.2009 12:31:21
pa ova uvazuva deka e privelegija 100% da se ima bugski pasos site te poddrzuvat i pokraj toa sto si storil krivicno delo imas povece gradjanski prava vo mak so bug ili potocno gradjanskite prava vo mak so makski pasod se nula uste vednas se vclenuvam vo radko i podn baranje za bug pasos ionaka nemam rabota nemam sto da izgubam.