Број 2271  четврток, 28 декември 2006
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Шарена
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска


Site Meter
Култура

Наградата на „Темплум“ за дебитантска книга доделена на Алекс Букарски

„Новите“ има цел да ги промовира новите луѓе, новите тенденции во литературата, новите постојни начела и новиот пристап

НЕВЕНА ПОПОВСКА

Издавачката куќа „Темплум“ на вчерашната средба со новинарите ја соопшти одлуката, наградата „Новите“, која ја доделува за најдобар дебитантски прозен ракопис, да му ја додели на Алекс Букарски за ракописот „Луѓе на кои не им се отвора падобранот“. Одлуката била донесена едногласно од жири-комисијата во состав: Никола Гелевски, Владимир Јанковски, Роберт Алаѓозовски и Искра Гешоска. Во образложението на одлуката, жири-комисијата меѓу другото подвлекува: „Од 24-те пристигнати ракописи, збирката раскази на Алекс Букарски навистина се издвои со своите литературни квалитети. Но и повеќе од тоа! Не е претерано да се каже дека ваков нетипичен дебитант одамна не и се случил на македонската литература! И драго ни е што неговата промоција се остварува токму на нашиот конкурс, и тоа во првата негова година. Букарски всушност од еден младешко-бунтовнички аспект, ни дава беспоштедна слика на нашата стварност, она што литературата и треба да го прави. Таа слика, се разбира, е мрачна, но истовремено е и духовита, колоритна и релативно слоевита. Станува збор за слика-на моменти хиперреалистична и брутална, на моменти проткаена и со лирски тонови-на едно време кое испаднало ос зглобовите и кое е преполно со дезориентирани маргиналци коишто перото на Букарски се обидува да ги извади од дневната (книжевна) светлина директно од клоаката на долготрајната и сурова македонска транзиција. Социјалната димензија, значи, и сликањето на ликовите од т.н. губитнички полусвет можеби е главната содржина во пишувањето на Алекс Букарски. Таа социјална поетичка димензија во неговата прва збирка раскази е предочена младешки бескомпромисно, но на еден релативно вешто изнијансиран уметнички начин, едноставен и духовит во својата основна раскажувачка поставеност. Лексиката на Букарски, иако на прв поглед невообичаена и прилично потпрена на битолскиот и скопскиот сленг е некакво освежување во нашата литература, пред се оти е доволно богата и живописна за главно да ги избегне опасните замки на тривијалноста, во кои неретко упаѓаат особено помладите книжевни творци.“

Ракописот „Луѓе на кои не им се отвора падобранот“ се состои од седумнаесет раскази пишувани во текот на приближно пет години. Наградата се состои од печатење на ракописот и паричен дел во износ од 1.000 евра. Спонзор на наградата е „Комерцијална бакна“ АД Скопје.

„Целта на наградата „Новите“, како што подвлече, Никола Гелевски, е да ги промовира новите луѓе, новите тенденции во литературата, новите постоечки начела, новиот пристап, новиот начин на организирање во сферата на литературата, новите обиди книжевноста да стане општествено повлијателна во секоја смисла: културно, пред се економски и медиумски.“


#
Статијата е прочитана 650 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Филмот „Тајната книга“ го видоа 2.000 гледачи
„Балканот не е мртов“ ќе се снима во август 2007
„Дежа ву“ и „Луда ноќ во музејот“ - дел од новогодишната понуда
Фестивалот СТАВ по трет пат во Битола
Маестро Мехта ќе диригира на виенскиот новогодишен концерт
Конкурс за „Роман на годината“ на „Утрински весник”