Пешачка улица со името на Тоше
КРУШЕВО - Пешачка улица во Крушево го доби името на легендарниот Тоше Проески. Нови елементи на улицата се неколку канделабри, метални држачи и месингана плоча заградена со синџир, на која се напишани зборовите на Тоше: „Ве сакам сите“. Реконструираната улица, која порано се викаше „Маршал Тито“ вчера ја пушти во употреба вицепремиерот Зоран Ставрески. Во центарот на Крушево, на местото каде што се наоѓаше одбојкарското игралиште на Тоше, за кое фановите бараа да се зачува во негов спомен, вчера беше ставен камен-темелник на нов градски пазар. (Мн.Т.) |