Број 2932  вторник, 10 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Хроника

Љубовниот триаголник мотив за четирикратното убиство во Чешка

Блиските на Раиф Качар од скопско Коњаре се шокирани од убиството за кое дознале од медиумите

Горан Адамовски



ДОЛНО КОЊАРЕ - „Тој е многу добар човек, ама многу емотивен, изгледа не можел да мине преку тоа - сопругата, со која шест години живеел заедно, со која има и двегодишна ќеркичка и на која и' имаше обезбедено луксузен живот, да си фати љубовник и туку-така да го покажува и да го носи секаде“. Со овие зборови, блиските на Раиф Качар (42), кој во неделата наутро застрела четири лица во чешкиот град Петрвалд, не' пречекаа во скопското село Долно Коњаре. Трите сестри, братот и внуците се шокирани и во неверување откако преку медиумите разбрале дека нивниот Раиф направил такво злосторство, кое и вчера не се симна од насловните страници на чешките медиуми, кои известуваат дека четирикратното убиство од љубомора било извршено со пиштол што го поседувал без дозвола. Како што е познато, Македонецот со босанско потекло ја застрелал 25-годишната невенчана сопруга Влатка, нејзините родители и љубовникот. Според блиските на Качар, ќеркичката сега е во рацете на бабата на сопругата на Раиф. По убиствата, нашинецот се застрелал во глава. Неговата состојба и натаму е критична, велат од болницата во Острава.

Зафрленото скопско село Долно Коњаре вчера беше невообичаено раздвижено. Жителите собрани сретсело се чудат како нивниот поранешен соселанец можел да направи такво нешто.

„Тој е човек и пол, разумен и паметен. Којзнае што му се случило во главата, сигурно бил во афект. Пред половина година беа тука со Чехинката, изгледаа среќно“, велат селаните, упатувајќи не' до семејната куќа на Качарови. Во неа живее единствениот брат на Раиф. Трите сестри се мажени: две во Скопје, а една во Батинци. Татко им е сериозно болен.

„Не е лесно воопшто. Од немајкаде не' снајде голема несреќа“, велат блиските на Раиф. Раскажуваат дека тој во Чешка заминал уште пред дваесет години. Бил многу вреден, развил добар бизнис, имал хотел и добро заработувал. Добил чешки пасош. Пред шест години почнал да живее во невенчан брак со чехинката Влатка, а пред две години им се родила и ќеркичка. Ја покажуваат заедничката фотографија, на која сите тројца изгледаат среќно.

„Доаѓаа тука редовно. Во септември минатата година беа тука. Останаа еден месец. Беа среќни, се сакаа, тој се' и' подаруваше. Ама, изгледа не и' било доволно сето внимание и љубов, па морала да најде и љубовник“, велат сестрите на Раиф.

Убиството се случило во кафеана додека Влатка го славела 25. роденден, а нејзиниот татко 50. роденден. На веселбата бил присутен и 30-годишниот љубовник на Влатка. Нашинецот влегол внатре и со пиштолот што го поседувал без дозвола пукал во гостите.

„Балканскиот менталитет е сосема поинаков од оној на Чесите. Таму е нормално да се има љубовник, ама вујко ми не можел да мине преку тоа. Каков човек би бил кога би можел да голтне во себе такво нешто“, вели внукот на Раиф.

Братот на Раиф беше во чешката амбасада во Скопје, барајќи визи за итно заминување во Острава. Таму веќе е неговиот чичко, кој живеел во Унгарија и веднаш тргнал за Чешка.

Во меѓувреме, чешката полиција ја привршува истрагата. Портпаролот на тамошната полиција, Соња Стетинер, информира дека пиштолот со кој било извршено злосторството бил набавен на црно. Четирикратното убиство во источниот чешки град Петрвалд и вчера беше топ-тема во чешката јавност.


Статијата е прочитана 3146 пати.

Испрати коментар

Од: strancija
Датум: 10.03.2009 01:59:03
do site onie koi vcera se raspisaa ovde doagajki do zaklucok deka bil siptar i go gnasel imeto makedonsko; makedonija e polna so "pravnici", "advokati" i "sudii" kako vas, bravo
Од: analiticar1
Датум: 10.03.2009 06:07:03
Ce porasne ugledot ma makedonija i makedoncite?nazalost so vakvo nesto sigurno ne.
Од: semejstvoto kacari
Датум: 10.03.2009 11:09:59
ova moze da se desi na sekogo, ama nie barame ako moze bilo kakvi informacii da dobieme za zivotot na raif
Од: a
Датум: 10.03.2009 11:12:27
Koj znae sto bila pricinata zasto cehinjata go ostavila? Sigurno imalo pricina, zasto za nisto ne bi go ostavila.
Од: obicen covek
Датум: 10.03.2009 11:50:19
Taa Vladka i nejzinata familija gi snasla toa sto sami si barale. Mi e zal za kerkickata i za Raif so go snasla takva belja vo zivotot. Dobar, rabotliv nasinec koj za nesreka se zaljubil vo devojka koja nemala nikakov moral pa moral da napravi toa sto napravil za da si go zastiti imeto i liceto
Од: bxbx
Датум: 10.03.2009 13:00:32
eden kriminal e kriminal kaj site etni
Од: Pirin
Датум: 10.03.2009 13:20:59
toj raif nee pubirtetlija i se zaljubil vo taa cehina, cel svet znae kakvi se cehinite, ako moze da mu pripaga na raif togas ona moze da pripaga i na drug i seto toa e normalno vo toj svet vo koi otisol raif da zivee, raif toa go znael no negovit fanatizam ili menatlitet da taa zena treba cel zivot da mu pripaga nego a pristupot bil dobrovolno a ne so nekoi nesta povrazni da mora taa zenaaaa da zivee so raif i so koi pamet izvrsil masivno ubistvo na poveke luge koi nitu eden od n iv nema nikakva vrska so taa ljubov na raif, raif trebalo problemot da go resava so vlatka a ako nema rescneje togas trebalo da si bara druga sopatnicka od negoviot kraj i taka so zaednickiot mentalitet ke si ziveele strekno.
Од: od mene
Датум: 10.03.2009 13:48:03
ako e taka kako sto pisuva trebalo samo nea da ja rokne .sto mu se krivi drugite.koga e postar 15 godini od nea sto drugo ocekuva.
Од: od sevda
Датум: 10.03.2009 13:50:01
epa toae evropa po shto nie bal kancite nemozeme na miren naqin nego metak uqelo idobigjenja ama kadne ko volish pa toae normalno zanas balkanci nee nishto qudno poshto davarash emnogu losho danesimu pot koza gospodinot pa alal nekamue reshil ednash za sekogash
Од: kemba
Датум: 10.03.2009 14:39:15
„Тој е човек и пол, разумен и паметен. Којзнае што му се случило во главата, сигурно бил во афект. Можеби е најдобар доколку се однесуваат луѓето окулу него спрема неговиот ментален склоп. Но од ова гледам дека е апсолутно нетолерантен и не го почитува туѓото НЕ,слободата на разделување, и што е најстрашно му пресудува на нејзината фамилија поради веројатно подршката што му е даваат на нивната ќерка(што за него е апсурд). Овие елементарни човекови права Албанците никогаш нема да ги разберат затоа соживотот со нив е речиси невозможен. И ви се молам немој да го нарекувате Македонец,нашинец, зошто со тоа вреѓате голем дел од Македонската популација,тој е Македонски Албанец или (Босанец).

Најди! во Утрински
Хроника
Нуркачи трагаат по жената која се фрли во Вардар
Убиениот тетовец во Копенхаген погребан во родното Добарце
Загина работник на „Македонија пат“
Автобус со македонски туристи се запалил во северна Грција, повредени нема
Оштетени и ограбени две цркви во Тетовско
Мамела работници, ветувајќи им пензии