Дневен хороскоп
ОВЕН
Работата доживува експанзија благодарение на вашата издржливост, но и од поддршката на планетите. Од друга страна, пак, треба да си посветите повеќе време себеси и на пронаоѓањето сопствен мир. Не оптоварувајте се со другите.
БИК
Бидете реални во процената на деловната ситуација за да не се каете подоцна. Не сте во ситуација правилно да одлучувате поради слабоста на организмот и настинките. Околностите налагаат максимален ангажман, работете колку што можете.
БЛИЗНАЦИ
Проблемите со нервниот систем се предизвикани од сознанието дека сте живееле во илузии. Обидете се да ја надминете внатрешната општа збрка. Ќе биде тешко, но прашање е колку вие тоа го сакате. Најлесно е да барате вина во другите.
РАК
Во љубовта се можни конфликти, предизвикани од вашата несигурност, која несвесно му ја пренесувате на партнерот. Работете повеќе на себе, на зајакнување на свеста за сопствената вредност, зашто тоа е единствен начин да ги избегнете љубомората и посесивноста.
ЛАВ
Сакате да се изолирате, зашто во осаменост најдобро функционирате. Зошто се чувствувате непријатно во присуство на други? Зошто сте несигурни, нервозни и напнати? Немате причина. Обидете се да извлечете поука од моментната ситуација.
ДЕВИЦА
Слушнете што ви вели интуицијата, моментно точно ви кажува како треба да се однесувате. Сакате некои работи однапред да ги планирате, што не е лошо, зашто доаѓаат тешки времиња. Тоа како да го го претчувствувате, па сакате да ги ублажите проблемите.
ТЕРЕЗИЈА
Се наоѓате во конфликт меѓу желбите и можностите. Треба да направите компромис и да се задоволите со она што го имате. Водете сметка за практичните работи и за здравјето. Опасноста да се разболите е многу веројатна.
СКОРПИЈА
Ограничувањата на сите полиња се само последица на болестите од хронична природа. Скорпиите се борат со настинки. Ви се препорачува одмор, а ако мора да работите правете го тоа во мир. Добивате помош од постари лица.
СТРЕЛЕЦ
Избегнувајте јавни собири и обидете се да ја сведете комуникацијата на минимум, поради можноста од настинка. Што се однесува до работата, бидете реални. Не дозволувајте повторно да ве оптоварат со непријатно искуство.
ЈАРЕЦ
Верувајте си повеќе сами на себе и на своите можности ако сакате да бидете задоволни. Не залажувајте се дека сте постигнеле нешто значајно, зашто фактите укажуваат на нешто друго. Ни помалку ни повеќе ќе го добиете она што сте го заслужиле.
ВОДОЛИЈА
Напорна работа и бавно постигнување на резултати. Бидејќи ви се брза, помирете се со фактот дека денеска мора да се ангажирате и да најдете мир во тишината на сопствените мисли. Ако се обидувате да дојдете до невозможното - ќе се разболите.
РИБИ
Бидете внимателни кога станува збор за измами. Не инвестирајте во работите што не се проверени, како и во лица што може погрешно да ве насочат. Чувајте ги парите и документите, зашто лесно може да ги изгубите. Дружењето со девиците ве инспирира.
|