Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
29.04.2012, 18:10

Лекарите ги снема од селата

Според критериумите само 100 села треба да имаат лекар, но сега дури во половина од нив нема кој да ги лечи луѓето

Јасмина Јовановска



Животот на село се плаќа и со тоа што нема лекар. Државата како да ги казнува жителите на селата, зашто повеќе од половината немаат матичен лекар, иако здравствената заштита им е загарантирана и со Уставот и со Законот за здравствена заштита. Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) одредил дека само 100 села треба да имаат лекар и тоа оние кои се најооддалечени од градот. Толку села, според Фондот, исполнуваат услови да бидат рурално подрачје со лекар.

Но, и покрај тоа лекар имаат само половина од стоте села. За 45 села Фондот со месеци бара лекар кој ќе се нафати да работи таму. Не помогна ни новата мерка на ФЗО да може да работат само 8 часа во денот. На конкурсот се' уште се нема пријавено лекар кој би сакал да работи во селата кои се оддалечени и до 15 километри од првата здравствена установа. Лекарите велат дека слабиот интерес е заради ниската плата и големите трошоци за работа. Особено откако лани Фондот на селските лекари им ја намали платата дури за половина - од 120.000 денари на 61.000 денари. Така, се затворија и оние селски амбуланти кои добро работеа.

„Поради злоупотреби со бројот на осигурениците, кои лекарите си ги предаваа еден на друг, Фондот донесе критериуми што може да биде село и највисоката плата што може да ја добие лекар на село е 85.000 денари и тоа ако има 250 пациенти. За селата со 50 жители следуваат 61.000 денари. Доколку жителите сакаат да имаат лекар, треба и локалната самоуправа да даде финансиски стимул за лекарот, предлагаат од Фондот за здравствено осигурување.

Оттаму велат дека бројката од 100 села не значи дека Фондот одредил да плаќа само до 100 лекари за селските амбуланти. „Бројката е случајна, таа може да се менува, кое како населено место добие право на рурална подрачје, така и ќе се менува“, објаснуваат од ФЗО.

Лекарите велат дека не ги интересира кој ќе ги плаќа, но за 1.000 евра плата никој нема да се нафати, посебно што секој ден треба да патуваат до ординацијата во селото, а тоа чини пари. А со парите од капитацијата треба да платат и медицинска сестра.

„Каде се трошоците за инјекциите и потрошниот медицински и технички материјал како хартија. Со платата од ФЗО треба да работиме за џабе“, реагираат лекарите.

Пациентите по селата лелекаат и реагираат како може државата да ги остави без лекар, кога здравствената заштита им е загарантирана и со Устав и со законот. Посебно проблем им е на оние жители кои се болни и немаат пари за да одат на лекар во град или се неподвижни. „Ако, не дај боже, ни треба итно лекар, не ни бега смртта. Каде сме заборавени од државата за многу работи, очигледно заборавиле и дека ни треба лекар“, реагираат жители од повеќе села во Горни Манастирец, општина Брод.

Оние што живеат во Модриште и Томино Село, иако тоа се претежно стари лица, треба да патуваат од 25 до 30 километри до првата здравствена установа во Брод. „Немам сила да појдам да продавница за леб, а не пак да патувам до Брод. Ако не дојде некој од блиските или да се јавам на телефон, ќе испоцркаме. Слушам ќе отворат амбуланта во Долни Манастирец, но нема ништо од тоа“, се жали една 75-годишна бабичка од Модриште.

Во Здружението на матични лекари велат сите лекари сакаат да работат во град, каде работат е поквалитетна и платат е поголема, посебно во услови кога бензинот е многу скап и режиските трошоци се големи, а со 1.000 евра треба да ги платат сите трошоци за една селска амбуланта. И покрај тоа што платата е скромна за работа на село, за претседателот на Здружението на матични лекари е Лиле Чолакова-Дервишева, платата од 1.000 евра и не е така мала за лекари кои треба да почнат да работат. „Подобра некаква, отколку никаква плата“, смета Дервишева.

Таа Древишева вели дека за решавање на овој проблем кој се провлекува со години, не треба да се прави поделба, Фонд, Министерството, локална самоуправа. „Државата мора да најде рамка како да ги стимулира лекарите за работа на село, но и да ги обврзе осигурениците дека мора да го почитуваат лекарот и кај него да се лекуваат, а не покрај лекар во селото да одат во град“, укажува Дервишева. Посебно што се случувало, лекар да инвестира во селска амбуланта и до 5.000 евра и сите жители да не одат на лекар кај него. „Од 900 жители на Башево, кај селскиот лекар одеа само 200, сите друго во градот. За две години оваа ординација се затвори“, објаснува д-р Дервишева. Затоа, треба да се најде решение кое ќе ги задоволува барања и на лекарите и на осигурениците.

Од Министерството за здравство не ни дадоа одговор дали размислуваат за решение за овој проблем. Без објаснување остана и прашањето кој ќе одговара ако некој жител од селата почине на пат за првата здравствена установа, зашто државата не му обезбедила здравствена заштита во местото на живеење.

За селото да има лекар, според критериумите на ФЗО, населеното место треба да има најмалку 50 жители. Од најблиската амбуланта селото треба да е оддалечено 5 километри, а од градот, односно од првата специјалистичка амбуланта или службата за брза помош 15 километри. Меѓу критериумите на Фондот за да биде село, битно е и тоа каков тип на пат има селото. Ако е блиску магистрален пат, не следува лекар во селото.

Со новите критериуми, Фондот одредил дека лекар треба да имаат уште три села: Иванковци во Велес, Ранковци во Крива Паланка и Горни Стубол во Штип.


Статијата е прочитана 1129 пати.


Испрати коментар



Тутунарите на протест за Први мај
„Бучим“ ќе ја реновира спортската сала во Радовиш
Температурните разлики ги разболеа битолчани
Работниците од „Македонија пат“ зедоа една плата



mile, 30.04.2012 07:53:32
Сите тие се жртви на Прерподбата од Грујо и тајфата........... едноставно абер немаат како се води држава.............
Dr Lilija Colakova Dervisova, 30.04.2012 11:14:24
Pocituvani,vo izjavata nemam kazano da toa e plata.No sekogas kazuvam da toa se sredstva so koi nie gi pokrivame site trosoci koi gi imame kako pravni lica.Ke zamolam sledniot pat koga ke se pisuva za sumi koi gi zema maticniot doktor vo Makedonija da se vnimava i da se pravi razlika pomegju PLATA i KAPITACIJA.Vo interes na vistinsko informiranje na nasite gragjani.So pocit
graganin, 30.04.2012 15:37:42
glasajte za grujo i site ke umrete pobrzo
мене, 30.04.2012 17:19:37
Ке ги снема и од градовите. Сите заминаа во Германија.
Луда Мара, 30.04.2012 22:28:49
Откако почна да ни прави виртуелни македонски села,можеби на „најмудриот наш“фирер ќе му текне да ни направи и виртуелни доктори за реалните села!Ете предлог за нова туристичка атракција:виртуелен клинички центар за секое село!Туристите ќе може да гледаат in vivo како одумираат не само селата,туку и селаните!Можеби,ако го викнат Коце,ќе им насади и виртуелни врби поред клиниките!
doktor, 30.04.2012 22:47:40
VO POTPOLNOST SE SOGLASUVAM SO KOLESKATA DERVISOVA DEKA SEKOGAS KOGA SE PISUVA ZA FINANSIITE NA MATICNITE DOKTORI TREBA DA SE NAGLASI DEKA TOA E KAPITACIJA ,A NE PLATA.OD TIE SREDSTVA MATICNIOT TREBA DA ISPLATI PLATA ZA PERSONALOT,DA PLATI KIRIJA,AMPULARNA TERAPIJA,STRUJA,VODA,TONERI,HARTII,CISTACKA...,PA AJ DA VIDAM DALI KE MU OSTANAT 1000 EVRA PLATA.ZA TOA DA NE SE PISUVAAT SUMI NA PARI ZA KOI NE STE DOVOLNO UPATENI. A ZA RTOA KOJ E KRIV,TRANZICII VE MOLAM NE MESAJTE POLITIKA.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
  


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Претежно облачно

Четврток
Грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 8°C

Петок
Сончево
Макс: 26°C, Мин: 10°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
Македонски Роми во Њујорк
Ромите од Бронкс, живеат во цврсто-сплотена група од околу 350 семејства, но не сакаат да се експонираат...
За преглед на срце се чека и по три месеци
За министерот Никола Тодоров долгите листи на чекање ги поставуваат лекарите кои го бојкотираат системот...
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |