08.05.2012, 16:39 Роди син во Бразил

Бразилската супермоделка и ангел на „Викторијас сикрет“, Алесандра Амбросио, се породи завчера и на свет донесе здраво машко бебе. Атрактивната манекенка се породи во Бразил во градот Флоријанополис, а засега е се' уште непознато какво име избрала со свршеникот Џејми Мазур за нивниот син. Од врската со Мазур, кој е калифорниски бизнисмен, Алесандра ја има и тригодишната ќеркичка Ања. |